Х&М: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
LaaknorBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3rc2) (Робот: Додава tr:H & M
с r2.7.3) (Робот: Менува tr:H&M
Ред 142: Ред 142:
[[sv:Hennes & Mauritz]]
[[sv:Hennes & Mauritz]]
[[th:เอชแอนด์เอ็ม]]
[[th:เอชแอนด์เอ็ม]]
[[tr:H & M]]
[[tr:H&M]]
[[zh-yue:H&M]]
[[zh-yue:H&M]]
[[zh:H&M]]
[[zh:H&M]]

Преработка од 18:51, 26 октомври 2012

Х & М Хеннес & Мауритз А.Б ( работи како Х&М ) (ОМХ: ХМБ ), е шведска малопродажна компанија за облека, позната по својата брза модна понуда на облека за жени, мажи, тинејџери и деца.

Има околу 2.200 продавници во 37 држави и во 2010 година има вработено околу 76.000 луѓе.[1]

Историја

Компанија е основана во 1947 година од страна на Ерлинг Персон во Вестерос, Шведска. Во тоа време продавале само женска облека и биле наречени Хеннес, што на шведски значело „за неа“.

Во 1968 година Персон се стекнал со простории и инвентар во Стокхолм во продавницата за ловечка опрема, Мауритз Видфорс. Во инвентарот било вклучено снабдување со машка облека, што го навело Персон да се прошири со продажба на машка облека. Во склад со тоа, тој ја преименувал продавницата во Хенес & Мауритз, подоцна скратено на Х&М.

Синот на Ерлинг, Стефан станал главен извршен директор во 1990 година и претседател на Управниот одбор во 1998 година.

Денес, поголемиот дел од облеката се произведува во Азија и Европа,[2] вклучувајќи ги Бангладеш, Кина, Египет, Индија и Турција.

Компанијата во светот

Европа

Продавница на Х&М во Анжер, Франција (мај 2010).
Продавница на Х&М во Лидс, Англија (мај 2010).

Првата не-шведска продавница отворена е во Норвешка во 1964 година[3] и од тогаш наваму компанија покрена голема програма за проширување и отварање на многу повеќе продавници во Европа, вклучувајќи во Данска, Германија, Швајцарија и Велика Британија.

Во 1990 година први продавници се отворени во Австрија, Белгија, Финска, Франција, Холандија, Португалија и Шпанија. Компанијата продолжи да ја проширува својата работа и компанијата има широка мрежа во поголем дел од Европа.

Хрватска

Во 2011 година планирано е да се отворат првите три продавници во Хрватска — две во Загреб и една во Сплит. Првата ќе биде во Цветниот трговски центар во Загреб, закажан да се отвори на 31 март 2011 година. Ова ќе биде пропратено со отварање една продавница во Арена Центар, во близина на Арена Загреб, а другата во Првиот Градски Центар во Сплит-и дветте би требало да се отворат во пролет 2011 година.

Русија

На 13 март 2009 година компанијата ја отвори својата прва локација во Русија, во трговскиот центар Метраполис во Москва, во близина на станицата Војковскаја на Московското метро. На 20 март 2009 година отворена е втората руска локација во МЕГА семејниот Шопинг центар во Химки. На 22 октомври 2009 година трета локација е отворена во во МЕГА семејниот Шопинг центар во Белаја Дача. На 18 октомври 2009 година продавница е отворена во Ростокино во Златниот Вавилон трговски центар, најголем европски трговски центар.

Америка

Канада

Компанијата ја отворила својата прва продавница во Канада во март 2004 година. Моментално има 48 продавници во Канада, вклучувајќи ги и Алберта, Британска Колумбија, Њу Бранзвик, Нова Шкотска, Онтарио и Квебек.

Соединети Aмерикански Држави

Продавница на Х&М на 125тата улица во Менхетн во Њујорк, Њујорк (сојузна држава), САД (април 2006).

Од август 2010 година, компанијата има околу 200 индивидуални продавници во Соединети Американски Држави.

Првата продавница во САД е отворена во Њујорк, на Петата авенија (на 51 улица) во март 2000 година, сега има девет други продавници во градот, Менхетн и околината.

Неодамнешни отварања во САД

На 18 март 2010 година компанијата ја отвори својата прва продавница во Северна Каролина во Крабтри, во долината Мол во Рали.

Во октомври 2010 година беа објавени плановите за отварање на првата локација во Далас, Тексас.[4]

На 05 ноември 2010 година, компанијата отвори продавница во Трговскиот центар „Гарденс“ во Палм Бич, Флорида.

На 11 ноември 2010 година беше отворена првата локација во Орегон, на Пионер местото во Портланд.

Јужна Америка

Компанијата исто така планира да се прошири во Јужна Америка, фокусирајќи се на Бразил, но точниот датум не е обелоденет.

Азија

Продавница на Х&М во Токио, Јапонија (септември 2008).

Компанијата ја отвори својата прва продавница во Азија (исто така и првата франшиза на компанијата) во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, во 2006 година. Тоа е проследено со продавница во Салмија област на Кувајт Сити, Кувајт.

Првите две продавници во Изреал се отворени во Тел Авив и Хаифа, со локација во Ерусалим која ќе биде отворена во март 2010 година. Се очекува повеќе продавници да бидат отворени во повеќе изреалски градови (главно во Гуш Дан,област во Тел Авив).[5]

Во март 2007 година се прошири и во Источна Азија, со отварање на првата продавница во Централен Хонг Конг на 10 март 2007 година. Австралиската поп пејачка Кајли Миног ја отвори продавницата, каде што таа исто така ексклузивно ја лансираше својата палета костими за капење "Х&М ја сака Кајли".

Првата локација во Шангај, Кина е отворена во 2007 година.

Првата јапонска продавница е отворена во Гинза на 13 септември 2008 година, додека втората продавница е отворена во Харајуку во ноември 2008 година. Уште една продавница е отворена во трговската област Шибија на 19 септември 2009 година.[6]

На 25 февруари 2009 година компанијата објави дека потпишала договор за отварање на своја прва продавница во Јужна Кореја, која се наоѓа во Мејдонг областа Сеул и беше закажано да се отвори во пролетта 2010 година.[7]

Компанијата ќе ја отвори првата продавница во Сингапур во есен 2011 година,а ќе биде лоцирана на Orchad Road.[8]

Австралија

Иако компанијата моментално нема продавници во Австралија, во април 2007 година, Миног се здружи со компанијата да воведат линија костими за капење наречена "Х&М ја сака Кајли", на кои што тема е Австралија. „Кога мислиме на Австралија и гламур, мислиме на Кајли, која е личност со стил“ изјави главниот дизајнер на компанијата Маргарет ван ден Бош.[9] Се смета дека бариера за влез во Австралија (и дугите држави од Јужната Хемисфера) е дека сезоните во овие земји се спротивни на Северната Хемисфера.

Маркетинг

Во 2008 година компанијата ја искористи песната „Hang On“ од британскиот пејач и текстписец Лети како музичка позадина на својот веб-сајт во Велика Британија.

Дизајнерски соработки

Во ноември 2004 година во одбрани продавници на компанијата е понудена ексклузивната колекција на модниот дизајнер Карл Лагерфелд. Дневниот печат извести дека во поголемите градови имало големи гужви и дека почетните залихи биле распродадени во рок од еден час,[10] иако облеката сеуште беше достапна во помалку модните области се додека компанијата ги дистрибуирала во пресрет на нивната побарувачка.[11]

Во ноември 2005 година, компанијата ја лансираше колекцијата на Стела Макартни, а во ноември 2006 година од авангардните холандски дизајнери Виктор & Ролф.

Во март 2007 година, лансирана е друга колекција дизајнирана од страна на поп ѕвездата Мадона..[12] Во јуни 2007 година компанијата работеше со програмери на игри Максис да создаде пакет за комјутерската игра Симс 2, Х&М Моден матерјал.[13]

Во ноември 2007 година, компанијата лансираше колекција од италијанскиот дизајнер Роберто Кавали. Беше објавено дека облеката е распродадена многу брзо. Исто така во 2007 година лансирана е уште една колекција со Миног во Шангај, Кина.[9] Во есента 2008 година јапонската компанија Comme des Garçons беше избрана како гостин-дизајнер.

За пролет и лето 2009 година британскиот дизајнер Метју Вилијамсон креираше две ексклузивни линии за компанијата - првaта беше колекција на женска облека издадена во избрани продавници. Втората колекција на Вилијамсон е машка облека, кој тој за прв пат ја дизајнира. Втората збирка исто така содржела колекција на костими за капење за жени и мажи и била достапна во сите продавници на компанијата ширум светот.[14]

На 14 ноември 2009 година, компанијата објави ограничено издание од дифузна колекција од Џими Чу чевли и чанти, продавајќи ги од 20 до 170 долари вклучувајќи и чевли за мажи. Во колекцијта исто така е вклучена и облека дизајнирана за прв пат од страна на Чу, многу облека направена од антилоп и кожа и беше достапна во 200 продавници ширум светот, вклучувајќи ги продавниците во Лондон и Оксфорд.[15] Соња Рикел исто така соработува со компанијата со дизајнирање на женска долна облека и трикотажа која се продавала во одбрани продавници на 5 декември 2009 година.

За есента 2010 година компанијта ќе соработува со една од најстарите француски модни куќи, Ланвин[16] за гостин дизајнер во 2010 година. Колекцијата ќе биде достапна за преглед на 2 ноември на hm.com и потоа на 23 ноември ќе биде достапна за купување во 200 продавници на компанијата ширум светот.

Бренд

Консултантската куќа Интербренд ја рангираше компанијата како дваесет и четврти највреден глобален бренд во 2009 година, што ги прави најдобро рангирана малопродажна компанија во анкетата. Нејзината вредност се проценува на околу 12-16 милијарди долари.[17][18]

Целосното име на компанијта Хенес & Мауритз е ребрендирано во H&M за да се поедностави светската перцепција на брендот.

Компанијата поседува домен од две букви hm.com. Доменот е регистриран во раните деведесети години, но податоците за првата регистрација се изгубени. Во 1998 година Хенес & Мауритз биле во можност да го купат доменот hm.com од компанија наречена А1 во необјавена домен трансакција.[19]

Корпорациска цел

Компанијата ја опишува својата мисија како „Мода и квалитет по најдобра цена“. Нејзините цели во 2008 година се да се зголеми продажбата во постоечките продавници, како и да се зголеми бројот на нови продавници и нето од 10 до 15 проценти годишно. Во 2007 година компанијата отвори 193 нови продавници, а затвори 16. Стратешките цели на компанијата се проширување и одржување на финансиската стабилност. Во последните пет години приходите се зголемиле за 73 одсто, а заработката по акциите е зголемена за 139 одсто.[20]

Уредување на домот

Во соопштение за дневниот печат, компанијата соопшти дека ќе почне да продава мебел за домаќинството.[21] Од 2009 година е дистрибуиран исклучиво од каталогот на интернет страната на компанијата, така што е достапен само во земјите каде што производите на Х&М се продаваат по интернет, како што се Данска, Финска, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија.

Контраверзии

На 6 јануари 2010 година, било објавено дека непродадена облека и други работи во една продавница во Њујорк биле иссечени пред да бидат отфрлени, веројатно да се спречи нивна понатамошна препродажба или употреба.[22]

Во март 2010 година, компанијата беше критикувана од страна на пропалестинските групи за отварањето на првите продавници во Израел во време кога Обединетите нации собирале факти за конфликтот во Газа (ОН Извештајот Голдстон) во кој што се истакнати наводните прекршувања на меѓународното право од Изреал.[23] Протестните кампањи се прошириле ширум светот со протести кои редовно биле одржувани пред продавниците на компанијата.[24]

Референци

  1. "About H&M". HM.com.
  2. "Facts about H&M, Production Information".
  3. Staff writer (undated). "The World of H&M — Norway". H&M. Retrieved January 6, 2011.
  4. Halkias, Maria (October 27, 2010). "H&M Opening First Texas Store at Dallas' NorthPark Center". Dallas Morning News. Retrieved October 27, 2010.
  5. Staff writer (March 12, 2010). "First H&M Store In Israel Opens". The Financial. Retrieved January 6, 2011.
  6. Another store in Shin Misato, Saitama Prefecture was also opened in the Lala Port Shopping Mall."Carter Associates".
  7. Press release (February 25, 2009). "H&M Opens the First Store in South Korea". H & M Hennes & Mauritz AB (via Cision Wire). Retrieved January 6, 2011.
  8. Singapore becomes new H&M-market, H&M, 22 November 2010
  9. 9,0 9,1 "Australian Singer Kylie Minogue Chosen for H&M Beachwear Campaign — EnjoyFashion".
  10. "Designplagg Tog Slut På en Timme" (in Swedish language).
  11. "H&M för Snobbigt för Lagerfeld" (in Swedish language).
  12. "H&M — Press", November 30, 2010
  13. „The Sims(tm) 2 H&M Fashion Stuff“. Посетено на December 25, 2007.
  14. H&M – Fashion. Hm.com (November 25, 2008). Retrieved December 31, 2010.
  15. „Jimmy Choo — Press Release“. Cision Wire. Посетено на June 17, 2009. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  16. „Lanvin for H&M — Press Release“. November 30, 2010.
  17. Interbrand, Best Global Brand List.
  18. "BrandZ Top 100 Most Valuable Global Brands 2009".
  19. VB.com "Internet Hall of Fame — History of the HM.com Internet Address".
  20. „H&M Facts 2008“. H & M Hennes & Mauritz AB. January 29, 2009. Посетено на February 14, 2009.
  21. „H&M Home Fashions“. H & M Hennes & Mauritz AB. November 28, 2008. Посетено на April 10, 2009.
  22. [бара регистрација] Dwyer, Jim (January 6, 2010). „A Clothing Clearance Where More Than Just the Prices Have Been Slashed“. The New York Times. Посетено на January 6, 2010.
  23. Staff writer (March 11, 2010). „European Groups: Boycott H&M over Israel Stores — As Fashion Chain Opens Its First Store in Tel Aviv, Swedish Pro-Palestinian Organizations Urge Company To Delay Opening of Its Additional Stores until Jewish State 'Respects International Law'. Ynetnews. Посетено на January 6, 2011.
  24. „H&M Don't Buy into Occupation“. Посетено на April 18, 2010.