Баку: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бришење на "Baku_Metro_5.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на [[commons:User:Jameslwoodward|Jameslwoodward...
с r2.7.3) (Робот: Менува hu:Baku
Ред 288: Ред 288:
[[lt:Baku]]
[[lt:Baku]]
[[lmo:Baku]]
[[lmo:Baku]]
[[hu:Bakı]]
[[hu:Baku]]
[[ml:ബക്കു]]
[[ml:ബക്കു]]
[[mi:Baku]]
[[mi:Baku]]

Преработка од 14:46, 25 октомври 2012

Баку
Bakı
Top left: Панорама од Баку
Top left: Панорама од Баку
Грб на Баку
Координати: 40°23′43″N 49°52′56″E / 40.39528° СГШ; 49.88222° ИГД / 40.39528; 49.88222
Површина
 • Вкупна2.130 км2 (820 ми2)
Надм. вис.&09999999999999971999999−28 м
Население (2010)[1]
 • Вкупно2,064,900
 • Густина969,44/км2 (251,080/ми2)
Часовен појасAZT (UTC+4)
 • Лете (ЛСВ)AZST (UTC+5)
Повик. бр.12
Мреж. местоBakuCity.az
Кулата во Баку.

Баку (азербејџански: Bakı) е главен град на Азербејџан. Се наоѓа на јужниот брег на Абшеронскиот Полуостров. Модерниот Баку се состои од три дела: Стариот Град (İçəri Şəhər), најнапредниот комерцијален дел од градот (бумград) и делот изграден од Советите. Според пописот од 2011 година, Баку има 2,045,815 жители[2]. Околу 3 милиони жители живеат во околната област.

Обликот на градот е правоаголен, а само во најстариот дел на градот, зад ѕидините од тврдината улиците се криви и тесни. Најнапредниот дел од градот се наоѓа јужно од стариот град. Тој е изграден по огромната експлоатација на нафта која започнала пред околу еден век и има интересна уметничка архитектура.

Модерен Баку се протега и надвор од ѕидините на стариот град. Овој град е поделен на 11 области: Азизбајов, Бинагади, Гарадах, Нариманов, Насими, Низами, Сабаил, Сабунчу, Катај, Суракани и Јасамал.

Демографија

Според проценктие од 2007 година во Баку има 2.075.000 жители, а главните етнички групи се:

Во текот на 20 век, етничката структура на градот значително се изменила како последица на нафтениот бум кон крајот на 19 век кој условил голем прилив на населението од околните земји, а потоа во текот на војната со Ерменците со повод на Нагорно-Карабах.

Година Ерменци Азери Грузијци Иранци Евреи Руси Вкупно
1897 19.060 40.148 971 9.426 2.341 37.399 111.904
1903 26.151 44.257 / 11.132 / 56.955 155.876
1913 41.680 45.962 4.073 25.096 9.690 76.288 214.672

Клима

Месец Јануари Фебруари Март Април Мај Јуни Јули Август Септември Октомври Ноември Декември Годишно
Просек (°F) 37 37 42 51 62 71 77 77 69 60 51 42 55
Просек (°C) 3 3 6 11 17 22 25 25 21 16 11 6 13
Врнежи(in) 1.4 0.8 0.8 0.8 0.5 0.3 0.1 0.3 0.8 1.3 1.2 1.3 9.4
Врнежи(cm) 3.6 2.0 2.0 2.0 1.3 0.8 0.3 0.8 2.0 3.3 3.0 3.3 23.9
Извор: Weatherbase


Религија

Над 94% од населението на Баку е претено со муслиманска вероисповест. Околу 4% се христијани (припадници на Руската и Грузиската православна црква). Во Баку живеат и припадници на еврејската група.

Транспорт

Аеродромот Хајдар Алијев го опслужува Баку, а за време на СССР во Баку е изграден и метро. Моментално тој има две линии со вкупна должина од околу 30,2км и 21 станица. Останатите видови на јавен превоз слабо функционираат. Превозот најмногу се одвива со минибус, кој како и во другите делови на поранешниот СССР се нарекува маршутка. Тие застануваат и каде и да им мавне патникот покрај патот, а во Баку постојат и некои тролејбуски линии.


Галерија

Наводи

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име pop.
  2. Bakı şəhəri - Azərbaycan Dövlət Statistika Komitəsi (азербејџански)