Алфа Кентаур: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 67: Ред 67:


== Опис ==
== Опис ==
[[Податотека:Alpha Centauri relative sizes.svg|thumb|left|350px|Големината и бојата на ѕвездите од тројниот систем на [[Алфа Кентаури]] во однос на [[Сонце]]то]]
[[Податотека:Alpha Centauri relative sizes mk.svg|мини|лево|350п|Големината и бојата на ѕвездите од тројниот систем на [[Алфа Кентаури]] во однос на [[Сонце]]то]]
Набљудувана со голо око како еден објект, Алфа Кентаури, означена како Алфа Кентаури А/Б (''α Cen A/B''), всушност e бинарен ѕвезден систем составен од поединечните ѕвезди наречени Алфа Кентаури А (''α Cen А''), со 110% од [[маса]]та и 151,9% од [[луминозност]]а на нашето [[Сонце]], и Алфа Кентаури Б (''α Cen B''), со 90,7% од [[маса]]та и 50,0% од [[луминозност]]а на Сонцето. Всушност, Алфа Кентаури е троен систем, чиј член е и [[Проксима Кентаури]], најблиската ѕвезда до [[Сонце]]то.
Набљудувана со голо око како еден објект, Алфа Кентаури, означена како Алфа Кентаури А/Б (''α Cen A/B''), всушност e бинарен ѕвезден систем составен од поединечните ѕвезди наречени Алфа Кентаури А (''α Cen А''), со 110% од [[маса]]та и 151,9% од [[луминозност]]а на нашето [[Сонце]], и Алфа Кентаури Б (''α Cen B''), со 90,7% од [[маса]]та и 50,0% од [[луминозност]]а на Сонцето. Всушност, Алфа Кентаури е троен систем, чиј член е и [[Проксима Кентаури]], најблиската ѕвезда до [[Сонце]]то.



Преработка од 00:09, 20 октомври 2012

Алфа Кентаури A[1]/B[2]

Положбата на ѕвездата Алфа Кентаури во рамките на соѕвездието Кентаур
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Кентаур
Ректасцензија 14h 39m 36,5/35,1s
Деклинација -60° 50' 02/13"
Прив. величина (V) -0,01/+1,34
Особености
Спектрален тип G2 V/K1 V
U−B Боен показател 0,24/0,64
B−V Боен показател 0,65/0,85
Променлив тип -
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)-21,6 км/с
Сопствено движење (μ) Рект: -3678,19 млс/г
Дек.: 481,84 млс/г
Паралакса (π)747,23 ± 1,17 млс
Оддалеченост4,36 сг
(1,338 пс)
Апсолутна величина (MV)4,38/5,71
Податоци
Маса1,100/0,907 M
Полупречник1,227/0,865 R
Сјајност1,519/0,500 L
Температура5.800/5.300 K
Металичност130-230% од Сонцето
Вртење?
Старост5-6 × 109 години
Орбита
ПридружникAlpha Centauri B
Период (P)79,24 г.
Голема полуоска (a)17,59"
Занесеност (e)0,516
Наклон (i)79,24°
Должина (Ω)204,87°
Перицентарска епоха (T)1955,56
Други ознаки
Alp Cen, Rigil Kentaurus, Rigil Kent, Toliman, Bungula, Gl 559 A/B, HR 5459/5460, CP(D)-60°5483, HD 128620/128621, GCTP 3309.00, LHS 50/51, SAO 252838, FK5 538, HIP 71683/71681.

Алфа Кентаури (α Cen/Centauri или Толиман) е најсјајната ѕвезда во соѕвездието Кентаур (Centaurus), кое е видливо од јануари до јули, а кулминира во текот на април и не е видливо од северната хемисфера на географски широчини поголеми од 30°.

Алфа Кентаури е најблиска ѕвезда до Земјата, после Сонцето.

Опис

Големината и бојата на ѕвездите од тројниот систем на Алфа Кентаури во однос на Сонцето

Набљудувана со голо око како еден објект, Алфа Кентаури, означена како Алфа Кентаури А/Б (α Cen A/B), всушност e бинарен ѕвезден систем составен од поединечните ѕвезди наречени Алфа Кентаури А (α Cen А), со 110% од масата и 151,9% од луминозноста на нашето Сонце, и Алфа Кентаури Б (α Cen B), со 90,7% од масата и 50,0% од луминозноста на Сонцето. Всушност, Алфа Кентаури е троен систем, чиј член е и Проксима Кентаури, најблиската ѕвезда до Сонцето.

Нивната просечна оддалеченост од Сонцето изнесува 1,34 парсек или 4,37 светлосни години[3] .

Иако е најблиска до Земјата, таа е трета според сјајноста со својата привидна магнитуда од -0.27, а се наоѓа на 4,3 светлосни години од Земјата. Координатите на Алфа Кентаури во сферниот небесен екваторски координатен систем се 14 часови и 36 минути (ректасцензија) и -60°38' (деклинација). Оваа ѕвезда ѝ припаѓа на спектралната класа G2, како и Сонцето.

Во системот се наоѓа и планетата Алфа Кентаури Bb која има Земјина големина слична на и претставува најблиската егзопланета до Земјата. Има маса од барем 113% од онаа на Земјата[4] и кружи околу Алфа Кентаури B во период од 3,236 дена.[5] Растојанието од планетата до ѕвездата изнесува 6 милиони километри,[4] 4% од растојанието од Земјата до Сонцето и десет пати поблиску од орбитата на Меркур. Површинската температура изнесува барем 1500 K (прибл. 1200 °C), што е преврело за човечки живот, но сепак можно за микроорганизми.[6]

Поврзано

Наводи

  1. „LHS 50 -- High proper-motion Star“. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 20 април 2011 г.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „LHS 51 -- High proper-motion Star“. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 20 април 2011 г.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. Söderhjelm, Staffan (1999). „Visual binary orbits and masses post Hipparcos“. Astronomy and Astrophysics. 341 (1): 121–40.
  4. 4,0 4,1 Предлошка:Цмс
  5. Предлошка:Цитирано списание
  6. "The exoplanet next door: Earth-sized world discovered in nearby α Centauri star system". Eric Hand, Nature, 1 октомври 2012. пров. 16 октомври 2012

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001400000014ч &1000000000000003900000039м &1000000000036495100000036,4951с, −&1000000000000006000000060° &1000000000000005000000050′ &1000000000000230800000002,308″