Република Конго: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Менува sk:Konžská republika
с r2.7.2) (Робот: Менува sk:Kongo (štát)
Ред 282: Ред 282:
[[simple:Republic of the Congo]]
[[simple:Republic of the Congo]]
[[ss:Tibuse weKhongo]]
[[ss:Tibuse weKhongo]]
[[sk:Konžská republika]]
[[sk:Kongo (štát)]]
[[sl:Republika Kongo]]
[[sl:Republika Kongo]]
[[so:Jamhuuriyadda Kongo]]
[[so:Jamhuuriyadda Kongo]]

Преработка од 14:07, 19 октомври 2012

Не ја поистоветувајте оваа држава со Демократска Република Конго. За други значења видете Конго.
Република Конго
République du Congo Предлошка:Fr icon
Repubilika ya Kongo (китуба)
Republiki ya Kongó (лингала)
Знаме Грб
ГеслоUnité, Travail, Progrès Предлошка:Fr icon
"Единство, Работа, Прогрес"
ХимнаLa Congolaise
Местоположба на Република Конго
Главен градБразавил
4°16′S 15°17′E / 4.267° ЈГШ; 15.283° ИГД / -4.267; 15.283
Најголем град главниот град
Службен јазик француски
Признаени регионални јазици конго/китуба, лингала
Демоним Конгоанец
Уредување Република
 •  Претседател Денис Сасу Нгуесо
Независност од Франција 
 •  Датум 15 август 1960 
Површина
 •  Вкупна 342,000 км2 (64-та)
 •  Вода (%) 3.3
Население
 •  проценка за 2009 г. 3.686.000[1] (128-ма)
 •  Густина 10.8 жит/км2 (204-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $14.305 милијарди[2] 
 •  По жител $3.919[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $10.774 милијарди[2] 
 •  По жител $2.951[2] 
ИЧР (2007) 0.601 [3]
Error: Invalid HDI value · 136th
Валута Франк (XAF)
Часовен појас WAT
Се вози на десно
НДД .cg
Повик. бр. 242

Конго (француски: Congo; конгоански: Kongo; лингала: Kongó) или официјално Република Конго (француски: République du Congo; конгоански: Repubilika ya Kongo; лингала: Republiki ya Kongó) или уште позната како Конго-Бразавил или Мало Конго е држава во Централна Африка. Државата се граничи со Габон на запад, со Камерун на северозапад, со Централноафриканската Република на север, со Демократска Република Конго на запад и југ и со Ангола или поточно со ексклавата Кабинда на југозапад. На југозапад државата излегува на Атлантскиот Океан. Главен и најголем град е Бразавил, додека официјален јазик е францускиот јазик.

Порано државата била француска колонија.[4] По независноста, регионот Средно Конго во 1960 година станал Република Конго. Прво државата била со комунистички систем и била позната како Народна Република Конго, но во 1991 година се променила во повеќепартиски систем. Вкупната површина на Република Конго изнесува 342.000 километри квадратни каде живеат 3.686.000 жители.

Историја

Најраните жители кои живееле на територијата на денешен Конго биле мали народи кои подоцна во голема мера биле раселени и апсорбирани од народот Банту, за време на нивната експанзија. Старата култура од овие простори дошла под големо влијание на европските колонизатори, по првото престигнување на португалските трговци. Овие простори за португалскиот крал биле од голема важност, главно поради затворениот средоземноморски пат од страна на Отоманската империја и Вецијанската република. Ова бил единствениот начин за престигнување и тргување со далечните земји од Азија. Кон крајот на 15 век, во периодот од 1482-1483 година, португалската експедиција за прв пат се сретнала со властите на Кралство Конго, предводени од страна на капетанот Диого Као.[5][6]Во почетокот, односите помеѓу двете земји биле добри и корисни за двете земји. Во следниот период следувала христијанизацијата на местното население. Кралот Нзинга станал првиот христијански крал под името Жоао I од Конго. Во времето на неговиот син, во земјата христијанството било распространето и прифатено целосно, при кое биле изградени голем број на христијански цркви. Односите помеѓу двете кралства главно се влошиле по 1510 година. Со откривањето и колонизирањето на Бразил, потребите на Португалија се зголемиле во голема мера, главно потребите од трговија со робови. Притисокот на кралот на Конго се зголемил. Така, по жалбата на кралот на Конго кон неговиот португалски колега, и неговото одбивање, односите помеѓу двете земји се заостриле кои довеле до конфликт. Се проценува дека околу 300.000 робови од Конго биле изнесени за потребите на Португалија.

Во периодот од 15 век до 16 век, на територијата на денешен Конго постоеле две земји: Теке и Лоанго.[7] Во 1880 година, овие земји биле заземени од страна на француските колонијални сили. Така местото било наречено Француски Конго до 1910 година, кога станал дел од Француска Екваторијална Африка под името Середен Конго[4]. Бразавил бил избран за главен град. Економскиот развој во текот на првите 50 години од колонијално владеење на Конго, главно бил во центарот на искористување на природните ресурси. Во 1958 година била објавена автономија на Конго, а на 15 јули 1968 година била прогласена независноста на земјата. Во текот на јануари 1970 година, по десетгодишни преврати, на власт дошол Националниот револуционерен совет по кое земјата била објавена за народна република. Во текот на 1990 година бил изгласен нов устав на земјата и воведен повеќепартиски систем. Во 1992 година на власт дошле опозициските партии, по кое била објавена Република Конго за официјално име на земјата. Денеска, земјата е член на ООН и ОАЕ (Организација за африканско единство).

Географија и клима

Ливингстонови водопади.

Република Конго се наоѓа во Централна Африка во близина на екваторот. На југ и на исток од државата се наоѓа Демократска Република Конго, на запад е Габон, на север е Централноафриканската Република и Камерун и на југозапад е Кабинда, односно Ангола. На југ, исто така, државата излага на Атлантскиот Океан. Главен град на државата е Бразавил, кој се наоѓа во јужниот дел од земјата на реката Конго. Градот се наоѓа веднаш до главниот град на ДР Конго Киншаса, односно двата града ги дели реката Конго.

Југозападниот дел од земјата е рамница со голем број на речни корита, додека внатрешноста е плато. Шумите во Конго е во зголемена сеча и трговија.[8]

Климата во Конго е екваторска со просечна дневна температура од 24 степени. Вкупната површина на Република Конго е 342.000 километри квадратни каде живеат околу 3.686.000 жители.

Политички систем

Политичкиот систем на Конго е во рамките на претседаелска република. Претседателот на Република Конго е шеф на државата и шеф на владата, како и на повеќепартискиот систем. Извршната власт е во рацете на владата на Република Конго. Законодавната власт е во рацете на владата и на дводомниот парламент на Република Конго. Пред граѓанската војна во 1997 година, систем на управување на Конго беше сличен со тој од Франција. По земањето на власта од страна на Денис Сасу Нгуесо се донел нов устав и се усвоиле сегашните политики структури.

Административна поделба

Департманите на Конго.

Република Конго е поделена на 12 департмани кои пак се поделени на 7 општини, а општините на 86 окрузи.

Департманите на Република Конго се:

Економија

Бразавил, центар на Конго.

Економијата на Република Конго е мешавина од земјоделство и производство. Индустрискиот сектор се базира на производство на петролеум[9] и услуги. Владата на Република Конго има проблеми со буџетот и голем број на административни работници. Во 2008 година 65% од БНП и 92% од извозот бил во нафтениот сектор.[10]

Население, јазик и религија

Конгоанка.

Населението на Република Конго е сконцентрирано во југозападниот дел од земјата, додека северните делови не се населени. Сепак, Конго е една од најурбанизираните држави во Африка, каде 70% од населението живее во урбани средини како во градовите Бразавил или Поинт Ноар. Поради урбаното население, руралните средини се зависни од актовностите на владата за нивно подобрување.

Населението во етничка и лингвистичка смисла е разновидно. Според Етнолог во државата се зборуваат околу 62 јазици[11] но овие јазици можат да бидат групирани во три големи категории. Најголема етничка заедница е народот Конго и скоро сочинуваат половина од населението. Втопра најголема заедница се народот Батаке кои сочинуваат 17% и живеат северно од Бразавил и понатака следуваат Буланги со 12%[12][13]

Пред војната во 1997 година околу 9.000 странци живееле во Конго, но денес има мал број останато.[14] Пигмеите сочинуваат околу 5 до 10 % од населението.

Религиски, населението е измешано од христијани и анимисти и се околу 50%. од вкупното население[4][15]

Култура

Писменоста во Република Конго е на висок степен, особено кај машкото население.[16] Јавното образование е теоретски бесплатно и задолжително за деца под 16 години[17], но во пракса трошоци постојат. [18] Покрај основното образование, во државата постојат и високообразовни институции.

Наводи

Видете исто така

Надворешни врски

Влада
Општо
Култура