Ерих Фром: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава vi:Erich Fromm
с r2.7.3) (Робот: Додава eo:Erich Fromm
Ред 57: Ред 57:
[[en:Erich Fromm]]
[[en:Erich Fromm]]
[[es:Erich Fromm]]
[[es:Erich Fromm]]
[[eo:Erich Fromm]]
[[eu:Erich Fromm]]
[[eu:Erich Fromm]]
[[fa:اریش فروم]]
[[fa:اریش فروم]]

Преработка од 02:03, 13 октомври 2012


Ерих Фром (23 март 1900 - 18 март 1980) бил светски познат психоаналитичар, хуманистички филозоф и демократски социјалист.

Ерих Фром ги започнал своите студии во 1918 на Универзитетот во Франкфурт на Мајна со студии на право. За време на летниот семестар на 1919, Фром се префрлил на Универзитетот во Хајделберг, каде што се префрлил на социологија. Во 1922 бил промовиран во доктор на науки по социологија на Универзитетот во Хајделберг. Во 1930 ја комплетирал својата психоаналитичка обука во 1930 на Психоаналитичкиот институт во Берлин. Истата година започнал со сопствена клиничка практика и се приклучил на Франкфуртскиот институт за социјални истражувања. По преземањето на власта од страна на нацистите во Германија, Фром бега во Женева, а потоа, во 1934, во Њујорк, каде што почнува да работи на Колумбија универзитетот. По напуштањето на Колумбија, во 1943 помагал во основањето на њујоршкиот оддел на Вашингтонската школа за психијатрија, а во 1945 на Институтот за психијатрија, психоанализа и психологија “Вилијам Алансон”.

Во 1950 Фром се преселува во Сјудад Мексико, каде што предавал на Националниот автономен универзитет на Мексико и го основал психоаналитичкиот оддел на тамошниот Медицински факултет. Во 1965 се пензионирал, а во 1974 се преселува во Муралто, Швајцарија. Таму и умрел на 18 март 1980.

Политичка активност

Фром бил демократски социјалист според својата идеолошка ориентација и како таков се противеше како на западниот капитализам така и на источниот комунизам, залагајќи се за социјализам со човечки лик. Во средината на 50-тите станал и член на Социјалистичката партија на Америка.

Фром бил близок до марксизмот, но неговото толкување на марксизмот не беше на линија на ленинизмот, туку на линија на марксистичкиот хуманизам. Тој дал значителен придонес за запознавањето на западниот свет со хуманистичката димензија на учењето на Карл Маркс, објавувајќи во своето дело „Марксовиот концепт за човекот“ извадоци од раните трудови на Маркс.

Творештво

Ерих Фром бил исклучително плоден автор. Негови позначајни дела се:

  • „Бегство од слобода” (1941)
  • „Човек за себе” (1947)
  • „Психоанализа и религија“ (1950)
  • „Здраво општество” (1955)
  • „Уметноста на љубовта“ (1956)
  • „Зен-будизмот и психоанализата“ (заедно со Д.Т. Сузуки и Ричард де Мартино) (1960)
  • „Марксовиот концепт на човекот“ (1961)
  • „Отаде оковите на илузијата: мојата средба со Маркс и Фројд“ (1962)
  • „Човековото срце” (1964)
  • „Револуција на надежта“ (1968)
  • „Анатомијата на човековата деструктивност” (1973)
  • „Да се има или да се биде” (1976).

Надворешни врски