Рокселана: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 77.29.47.150 (разговор), вратено на последната верзија на EmausBot
Ред 34: Ред 34:
{{Ризница-врска|Roxelana}}
{{Ризница-врска|Roxelana}}


[[Категорија:Отоманска династијалеле мамо леле мамо]]
[[Категорија:Отоманска династија]]


[[ar:روكسلانا]]
[[ar:روكسلانا]]

Преработка од 09:44, 24 септември 2012

Нејзиното Императорско Височество Хасеки Хурем Султана, Принцеза Придружничка од Османлиската Империја
Hürrem (Huerrem или Kerime)
Хасеки Султана, خرم سلطان
Рокселана
Роден(а)Александра Анастасија Лисовска
1500-1506
Рохатин, Полско-литвански комонвелт (денешна Украина)
Починал(а)18 април 1558
Константинопол (денешен Истанбул)
ПочивалиштеЏамија Сулејманије, Истанбул
Познат(а) поХасеки Султана
Верародена Православие, подоцна преобратена во Ислам
СопружникСулејман Величенствениот од Османлиската Империја
ДецаМехмед, Михримах Султана, Селим II, Џихангир и Бајезид

Хасеки Хурем Султана, Нејзиното Императорско Височество, Принцезата на Османлиската Империја (османски турски: خرم سلطان, родена во 1506; починала во Топкапи Сарај на 17 април 1558) (уште позната и како Рокселана, односно родено име Александра Анастасиа Лисовска) била сопруга на Султан Сулејман Величествениот, владетел на Османлиската Империја во 16 век. [1]

Таа брзо по пристигањето во харемот на палaтата Топкапи, го привлекува вниманието на нејзиниот господар, како и завидливоста на најзините противници. Еден ден, омилената на Султан Сулејман, Махидевран Султана (уште позната како Ѓулбахар), ја тепа Рокселана речиси до смрт. Вознемирен поради оваа немила случка, Султанот ја протерува Махидевран и нејзиниот син, наследникот на тронот, Принцот Мустафа во градот Маниса. По ова, Рокселана, или Хурем Султана, станува омилена на Султанот, односно хасеки. Години подоцна, по голем број нејзини интриги во палатата, Султан Сулејман наредува го убијат Принцот Мустафа, плашејќи се од бунт, со ова Махидевран Султана го губи местото во харемот и се преселува во Бурса, препуштајќи и го на Хурем централното место.

Хурем Султана и Султан Сулејман. Легендарната љубов меѓу двајцата инспирирала голем број Елропски уметници да создаваат дела, како оваа слика на Германецот Антон Хикел (1780)

Влијанието на Хурем Султана врз Сулејман е баснословно, по раѓањето на пет деца (Принцот Мехмед, Махримах Султана, Селим II, Џихангир и Бајезид), таа успева да ја скрши традицијата и да го убеди Султанот да се венча со неа, со што тој станува прв султан со венчана жена по Осман Гази. Рокселана исто така има големо влијание во владеењето со државата, особено во меѓународната политика и дипломатијата. Во тоа време се негувале особено мирни односи со Полска, кои довеле до создавање на Полско-Османлиски Сојуз.

Хасеки Хурем Султана, или Рокселана, како што е почесто ословувана во Европа, е широко позната, како во модерна Турција, така и на Западот, поради тоа што е предмет и инспирација на многу уметнички дела. Сликите, музичките композиции (вклужувајќи ја Симфонијата бр.63 на Јозеф Хајдн), опера, балет, драми и неколку романи се дела на првенствено украински уметници, но има и такви од Англија, Франција, Германија и други европски земји. Во 2007, мулсиманите од Мариупол, приморски украински град, дури отвораат и џамија во нејзина чест. [2]

Наводи