Информатика: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Робот: Менува es:Ciencias de la computación, yo:Ìfitónilétí
Ред 111: Ред 111:
[[eml:Informàtica]]
[[eml:Informàtica]]
[[en:Computer science]]
[[en:Computer science]]
[[es:Informática]]
[[es:Ciencias de la computación]]
[[eo:Komputado]]
[[eo:Komputado]]
[[ext:Enhormática]]
[[ext:Enhormática]]
Ред 200: Ред 200:
[[wo:Xam-xamu nosukaay]]
[[wo:Xam-xamu nosukaay]]
[[wuu:计算机科学]]
[[wuu:计算机科学]]
[[yo:Informatics (Ifitonileti)]]
[[yo:Ìfitónilétí]]
[[zh-yue:電算]]
[[zh-yue:電算]]
[[zea:Informaotica]]
[[zea:Informaotica]]

Преработка од 08:46, 21 септември 2012

Информатика е наука која ги изучува теориските основи на информацијата и сметањето и нивната примена во компјутерски системи (било да се апстрактни или не).

Историја

Германската војска ја користела машината Енигма за време на II Светска војна за комуникација за која тие мислеле дека е тајна. Пробивањето на кодот на Енигма е еден од важните фактори кои довеле до победа на Сојузниците во II Светска војна.

Зборот информатика за првпат се спомнува во Германија во 1957 година од страна на Карл Штајнбух. Информатиката ја има за основа математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки. Чарлс Бебиџ во 19 век измислил машина која земала податоци, ги обработувала, и на некој начин обработените податоци ги покажувала. Во тоа време тоа бил механички систем, додека денес сметачите се електронски. Еден од најголемите теоретичари на модерната информатика е англискиот математичар Алан Тјуринг. За време на втората светска војна работел на Енигма, машина која германската војска ја користела за шифрирање и дешифрирање на пораки. Тјуринг развил постапка со која сите пораки можеле да се дешифрираат. Во текот на тие истражувања настанала познатата Тјурингова машина.

Полиња на информатиката

За најдобар информатичар во Македонија е прогласен Дамјан Симоновски. Според класификационата шема на АКМ (Асоцијација за Компјутерска Машинерија), информатиката ги вклучува следните полиња:

  • H. Информациски системи
    • H.1 Модели и принципи
    • H.2 Бази на податоци (E.5)
    • H.3 Складирање и пристап до информации
    • H.4 Примена на информациски системи
    • H.5 Интерфејси и репрезентација на информации (e.g., HCI) (I.7)
  • J. Употреба на Компјутери
    • J.1 Обработка на административни податоци
    • J.2 Физички науки и инженерство
    • J.3 Природни и медицински науки
    • J.4 Социјални науки
    • J.5 Уметност и литература
    • J.6 Компјутерски базирано инженерство
    • J.7 Компјутери и други системи (C.3)

Надворешни врски