Харпија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Во грчката митологија, харпија (Грчки: ἅρπυια, harpyia; Лат: harpeia) е еден од крилестите ду...
(нема разлика)

Преработка од 11:50, 14 септември 2012

Во грчката митологија, харпија (Грчки: ἅρπυια, harpyia; Лат: harpeia) е еден од крилестите духови кои постојано му ја краделе храната на Финеј. Буквалното значење на зборот изгледа дека е „крадливка“, бидејќи произлегува од древниот грчки збор harpazein (ἁρπάζειν), што значи „да граба/открадне“. Една Харпија е мајка на коњите од Ахил, чиј татко пак бил западниот ветер Зефир. Хесиод ги нарекува две „прекрасни влакнести“ суштества, па во грнчарската уметност харпиите се претставени како крилести убавици. Харпиите како грди крилести жени-птици (прим. кај Евменидите од Есхил)се подоцнежен производ, заради помешувањето со сирените. Римските и византиските автори ја детализирале нивната грдотија.

Харпиите биле сестри на Ирис, односно ќерки на Тавмант и океанидата Електра. Трите харпии се: Ела (брза како бура), Келена (темната) и Окипета (брзолета).