Клиф Бартон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 38: Ред 38:


=== Металика по неговата смрт ===
=== Металика по неговата смрт ===
По овој настан, [[Металика]] не можеше да се смета за бенд. Едно време тие дури и помислуваа да прекинат со музиката. На крајот, сепак одлучија да не се кажуваат и да ја исполнат желбата на нивниот довчерашен басист за светска доминација на [[Металика]]. Во едно интервју [[Кирк Хамет]] ќе рече дека по несреќата секој од нив самостојно одлучил сета наталожена фрустрација и гнев да го исфрлат на сцената, каде и им е местото. Исто така ќе истакне и дека најлошото нешто што можеле да го направат е да престанат и да кукаат во празно. Колку повеќе би мислеле на таа работа, толку подлабоко тонеле во меланхолија и патетичност. Би било нефер кон самиот Клиф да застанеме кога сме дотуркале волку далеку. И кога би бил жив и поради некоја причина не би можел да свири, пак би не бодрел да одиме до крај.
По овој настан, [[Металика]] не можеше да се смета за бенд. Едно време тие дури и помислуваа да прекинат со музиката. На крајот, сепак одлучија да не се откажуваат и да ја исполнат желбата на нивниот довчерашен басист за светска доминација на [[Металика]]. Во едно интервју [[Кирк Хамет]] ќе рече дека по несреќата секој од нив самостојно одлучил сета наталожена фрустрација и гнев да ги исфрлат на сцената, каде и им е местото. Исто така ќе истакне и дека најлошото нешто што можеле да го направат е да престанат со свирки и да кукаат во празно. Колку повеќе би мислеле на таа работа, толку подлабоко би тонеле во меланхолија и патетичност. Би било нефер кон самиот Клиф да застанеме кога сме дотуркале волку далеку. И кога би бил жив и поради некоја причина не би можел да свири, пак би не бодрел да одиме до крај.


==Наводи==
==Наводи==

Преработка од 21:03, 10 септември 2012

Клиф Бартон
Податотека:Cliff Burton 1.JPG
Портрет на Клиф Бартон
Животописни податоци
Родено имеКлифорд Ли Бартон
Роден(а)февруари 10, 1962(1962-02-10)
Кастро Вали, Калифорнија, САД
Починал(а)септември 27, 1986(1986-09-27) (возр. 24)
близу Дорарп, Лингби, Шведска
Жанровитреш метал, спид метал, хеви метал
Занимањамузичар, композитор
ИнструментиБас гитара, пијано, гитара, вокал
Период на активност1979–1986
ИздавачиMegaforce, Elektra
СоработнициMetallica, Agents of Misfortune, EZ-Street, Trauma
Мреж. местоОфицијален веб-сајт на Металика

Клифорд Ли Бартон (1962-1986) беше американски музичар, а воедно и басист на хеви-метал бендот Металика. На групата им се придружи во 1982 година и даде свој придонес во првите три албуми на Металика, кои се сметаат за класици на треш-метал музиката. Бартон беше познат по неговите виртуозни настапи во живо и по тоа што и ја даваше неопходната ритмика и мелодија на нивните песни. Почина на 27 септември 1986 год, во сообраќајна несреќа за време на турнејата низ Шведска. Постхумно му беше доделено место во Rock And Roll куќата на славните како дел од Металика на 4 април, 2009 година.

Детство и рана младост

Клиф Бартон е роден на 10 фебруари, 1962 година во Тенеси, САД, како најмлад син на Џен и Реј Бартон. Имал постар брат Скот и сестра Кони. Како ученик во средно училиште играл бејзбол за школскиот тим и го освоил првото место на локалниот натпревар со другите училишта. По завршување на средното образование, станал член на бендот Траума. И покрај гламурот и театралноста на останатите членови при нивните свирки во живо, Бартон бил забележлив по неговото ритмичко удирање со глава и долгата црвена коса. Со овој бенд снимил и една демо-снимка, но таму се успеал да го докаже својот раскошен талент за музицирање. [1]

Кариерата со Металика

Примање во групата

Не помина долго време додека младите основачи на Металика го насетија неговиот голем музички потенцијал. Тапанарот Ларс Улрих и вокалот и гитарист Џејмс Хетфилд присуствувале на еден настап на Траума во живо, каде биле позитивно изненадени од неверојатното бас-соло во изведба на Бартон. По ова, тие го контактирале и му го понудиле испразнетото место на басист, каде претходно свирел Рон МекГовни. Бартон прифатил, но под услов целиот бенд Металика да се преселат во Сан Франциско. Поради големата желба да го имаат Бартон во составот, групата се согласила.

Првите денови во бендот

Неговото доаѓање во Металика донесе позитивни вибрации помеѓу неговите колеги. Неговото брилијантни изведби се одликуваа со многу емоционалност и префинетост. Бас-солажите кои ги свиреше претставуваа мешавина од џез и психоделични мелодии. Добар пример за ова тврдење е песната "(Anesthesia)-Pulling Teeth" од деби-албумот "Kill 'Em All". [2] Освен што свирел, тој исто така активно учествувал во компонирањето песни за вториот албум на групата, насловен како "Ride The Lightning". Напишал музика за шест од осумте песни на албумот, од кои највпечатлива е иснтрументалната композиција "The Call Of Ktulu", каде бас-гитарата е ставена во водечка улога пред другите две електрични гитари.

Докажување во хеви-метал заедницата

1986 година беше одбележана со излегувањето на култниот треш-метал албум Master Of Puppets, каде перформансот на Бартон бил трејдмарк на ова парче музика. Песната Orion ќе остане запомнета по неговото маестрално бас-соло, кое се смета за едно од најдобрите во модерната музика. По издавањето на ова ЦД, Металика заминуваат на турнеја низ САД заедно со рокерот Ози Озборн. Откако успешно ја одработиле нивната најголема концертна турнеја дотогаш, групата за првпат заминува во посета на Европа. На 26 септември Металика одржа концерт за паметење во Стокхолм, Шведска, каде Џејмс Хетфилд првпат свирел на гитара по тешките претрпени изгореници на раката, а Бартон имал одлична вечер на басот. Се чинеше дека ништо не може да им застане на Металика на патот кон ѕвездите.

Трагичната смрт

Групата беше на пат помеѓу Стокхолм и Копенхаген, за да настапи на 27 септември во Данска. Членовите на бендот влечеле карти за тоа кој каде ќе спие во автовусот. Бартон извлекол единица лист и го одбрал местото на Кирк Хамет. Во раните утрински часови возачот на автобусот загубил контрола врз возилото и излетал од патот. Автобусот се превртел неколку пати и конечно застанал превртен на онаа страна каде бил Бартон. Полицијата брзо реагирала, но кога со дигалка го кренале автобусот, Бартон веќе бил мртов. Телото било пренесено во САД и кремирано, а малку подоцна и погребано.

Металика по неговата смрт

По овој настан, Металика не можеше да се смета за бенд. Едно време тие дури и помислуваа да прекинат со музиката. На крајот, сепак одлучија да не се откажуваат и да ја исполнат желбата на нивниот довчерашен басист за светска доминација на Металика. Во едно интервју Кирк Хамет ќе рече дека по несреќата секој од нив самостојно одлучил сета наталожена фрустрација и гнев да ги исфрлат на сцената, каде и им е местото. Исто така ќе истакне и дека најлошото нешто што можеле да го направат е да престанат со свирки и да кукаат во празно. Колку повеќе би мислеле на таа работа, толку подлабоко би тонеле во меланхолија и патетичност. Би било нефер кон самиот Клиф да застанеме кога сме дотуркале волку далеку. И кога би бил жив и поради некоја причина не би можел да свири, пак би не бодрел да одиме до крај.

Наводи

  1. Metallica World "Биографија на Клиф Бартон"Metallica World
  2. Metal Asylum "Биографија на Клиф Бартон"Metal Asylum