Абасидски Калифат: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава yi:אבאסישער כאליפאט
Ред 136: Ред 136:
[[vi:Nhà Abbas]]
[[vi:Nhà Abbas]]
[[war:Kalipa Abasida]]
[[war:Kalipa Abasida]]
[[yi:אבאסישער כאליפאט]]
[[zh-yue:阿巴斯王朝]]
[[zh-yue:阿巴斯王朝]]
[[diq:Ebasi]]
[[diq:Ebasi]]

Преработка од 11:51, 10 септември 2012

Исламски Абасидски калифат
الخلافة العباسية الإسلامية
al-‘Abbāsīyūn
Empire

750 – 1258
 

Местоположба на Абасидски калифат
Abbasid Caliphate (green) at its greatest extent, c. 850.
Главен град Baghdad
Јазици арапски (official), ерменски,берберски, грузиски, грчки, хебрејски, персиски, турски, курдски[1]
Вероисповед сунитски ислам
Уредување Caliphate
Амир ал-Му'миним¹
 -  721–754 Ас-Сафах
 -  786–809 Харун ал-Рашид
 -  1261–1262 Алl-Мустансир
 -  1242–1258 Ал Муста'сим
Историја
 -  Основана 750
 -  Замрела 1258
Површина 10000000 км²
Население
 -  50000000 
     Густина 5 жит/км²
Валута динар
¹ Амир ал-Му'миним (أمير المؤمنين), калиф (خليفة)

Абасидите (арапски: العباسيون‎, ал-'Abbāsīyūn) се суниитска арапска династија чии што калифи владееле во периодот од 750 до 1258 година. Името на оваа династија доаѓа од чичкото на Мухамед, Абаси (566-652), кој е всушност основачот на династијата. Искористувајќи го незадоволството во Месопотамија, Абасидите во 748 година дигнале востание против Омејадите убивајќи го владетелот Марван II. По ова била освоена цела Сирија, земја каде престолнина до тогаш бил градот Дамаск. За нов калиф бил прогласен Абул Абас (750 - 754). Неговиот брат и наследник Ал-Менсур (754 - 775) го преместил седиштето на калифатот во новооснованиот град Багдат (762). За време на владеењето на Харун Ал Рашид (786 - 809) и Мамун (813 - 833), калифатот достигнал највисок степен на економски и културен развој. Во времето на Харун Ал Рашид, Багдад бил најбогатиот град во светот, започнал т.н. златен век за науката и уметноста, која брзо се развивала.

Империја имала огромна површина, во својот состав ги вклучувала Персија, Египет, Арабија и Блискиот Исток. Со развојот на феудализмот зајакнале партикуларните тенденции. Некои намесници постепено започнале да се одвојуваат. Економските услови станале многу лоши, бидејќи обврските се зголемувале, населението се повеќе било сиромашно, индустријата замрела[2]. Во 1055 година, селџукскиот хан Тогрул се наметнал за нов калиф и цела моќ била ставена во негови раце. калифатот постоел до 1258 година, односно до инвазијата на Монголците и нивното освојување на Багдад, при кое некои членови на династијата побегнале во Каиро, каде што султанот Баибарс осовал нов абасидски калифат кој се задржал до 1517 година.

Империјата се растурила во 1258 година, кога Хулагу Кан, монголски освојувач, го зазел Багдад, продолжувајќи преку Египет во 1261 година.


Наводи