Ѓорѓи II (Грција): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Менува yo:George II ilẹ̀ Gríìsì
Zorrobot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Менува yo:George 2k ilẹ̀ Gríìsì
Ред 74: Ред 74:
[[tr:II. George (Yunanistan Kralı)]]
[[tr:II. George (Yunanistan Kralı)]]
[[uk:Георг II (король Греції)]]
[[uk:Георг II (король Греції)]]
[[yo:George II ilẹ̀ Gríìsì]]
[[yo:George 2k ilẹ̀ Gríìsì]]
[[zh:乔治二世 (希腊)]]
[[zh:乔治二世 (希腊)]]

Преработка од 21:45, 27 август 2012

Георги II
Γεώργιος Βʹ, Βασιλεὺς τῶν Ἑλλήνων
Крал на Елините
На престол27 септември 1922 до 25 март 1924 и 3 ноември 1935 до 1 април 1947
ПретходникКонстантин I
Република
НаследникРепублика
Павле
Почивалиште6 април 1947
Кралски гробишта, Грција
СопружникЕлизабета
ДинастијаДинастија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург
ТаткоКонстантин I
МајкаСофија
ВероисповедГрчка Православна црква
ПотписГеорги II Γεώργιος Βʹ, Βασιλεὺς τῶν Ἑλλήνων's signature

Георги II (грчки: Γεώργιος Βʹ, Βασιλεὺς τῶν Ἑλλήνων, Geórgios Βʹ, Vasiléfs ton Ellínon; роден на 20 јули 1890 во Атина– починал на 1 април 1947 во Атина) бил крал на Грција во периодот од 27 септември 1922 до 25 март 1924, како и од 3 ноември 1935 до 1 април 1947 година.

Тој е син на кралот Константин I. Завршил воено училиште во Атина како и воена академија во Германија. Во Грција се вратил во 1920 година, а подоцна учествувал во војната со Турција. По детонацијата на неговиот татко, тој во 1922 година за прв пат се качил на грчкиот престол.

Во првата година од неговото владеење се обидел да се отргне од противниците на својот татко и организирал суд. Се обидел да го распушти Револуционерниот комитет кој бил основан по бунтот на Николаос Пластирас и Стилијанос Гонатас, но не успеал и бил прогонет од земјата. За регентна земјата бил избран Павлос Кундуриотис. На 25 март 1924 година, Народното собрание донело одлука за промена на државното управување и Грција била прогласена за претседателска република. На референдумот кој бил одржан подоцна, формално кралската династија била укинета.

На 10 октомври 1935 година во грчкиот парламент во присуство само на 82 пратеници била донесена одлука за враќање на монархијата како форма на управување. На 3 ноември истата година бил одржан референдум и одлуката на парламентот била потврдено. На 25 октомври 1935 година крал Георги II се вратил во земјата. На 18 март 1936 година по смртта на премиерот Константинос Демердзис, кралот мандат му дал на Јоанис Метаксас. Така започнал т.н. Период на диктатурата на Метаксас.

По германскиот напад над Грција (1941) кралот Георги II првично се засолнил на островот Крит, а потоа во Александрија, Египет, и конечно во Лондон, Англија. Таму останал до крајот на војната. По завршувањето на војната за регент бил прогласен архиепископ Дамаскинос (29 декември 1944 година). На 26 септември 1946 година се одржал референдум со кој било потврдено монархическото управување. Кралот Георги II починал на 1 април 1947 година.

Предлошка:Link FA