Епир (област): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Image:GreeceEpirus.png|right|thumb|Положбата на Епир во Грција]]
[[Image:GreeceEpirus.png|right|thumb|Положбата на Епир во Грција]]
'''Епир''' ([[Грчки јазик|грчки]]: Ήπειρος, ''Ипирос''), е [[област]] во северозападна [[Грција]]. Се граничи со [[Западна Грчка Македонија]] и [[Тесалија]] на исток, [[Централна Грција]] на југ, [[Јонско Море|Јонското Море]] и [[Јонски Острови|Јонските Острови]] на запад, додека на север граничи со [[Албанија]]. Провинцијата зафаќа [[површина]] од 9,200 km&sup2. Другиот дел од Епир е во Република Албанија ([[Епир (Албанија)]]).
'''Епир''' ([[Грчки јазик|грчки]]: Ήπειρος, ''Ипирос''), е [[област]] во северозападна [[Грција]]. Се граничи со [[Западна Грчка Македонија]] и [[Тесалија]] на исток, [[Централна Грција]] на југ, [[Јонско Море|Јонското Море]] и [[Јонски Острови|Јонските Острови]] на запад, додека на север граничи со [[Албанија]]. Провинцијата зафаќа [[површина]] од 9,200 km<sup>2</sup>. Другиот дел од Епир е во Република Албанија ([[Епир (Албанија)]]).


== Територијално - административна поделба на Епир ==
== Територијално - административна поделба на Епир ==

Преработка од 23:59, 23 јануари 2006

Положбата на Епир во Грција

Епир (грчки: Ήπειρος, Ипирос), е област во северозападна Грција. Се граничи со Западна Грчка Македонија и Тесалија на исток, Централна Грција на југ, Јонското Море и Јонските Острови на запад, додека на север граничи со Албанија. Провинцијата зафаќа површина од 9,200 km2. Другиот дел од Епир е во Република Албанија (Епир (Албанија)).

Територијално - административна поделба на Епир

Епир е поделен на четири подобласти, наречени номои, кои, пак, од своја страна се поделени на општини или коинотети . Четирите подобласти се Теспротија, Јанина, Превеза и Арта.

Демографија

Во Грчкиот Епир живеат околу 350,000 луѓе. Најголем дел од населението се грци, но има и власи и албанци. И тие, како и македонците не се признаваат како малцинство, па затоа нивниот точен број не може да се утврди.

Географија и екологија

Релјефот во грчкиот дел од Епир е карпест и планински. На исток од Епир е планината Пинд. Поголем дел од Грчкиот Епир лежи на заветрената страна од планината Пинд, а тоа е причината што овој регион е еден од најдождливите во Грција.

Климата на Грчки Епир е главно алпска. Вегетацијата се состои воглавно од грмушести растенија, додека фауната е претставена со мечки, волци, лисици, срни и рисови.

Економија

Од економски аспект, Грчки Епир е сиромашна област, со мала индустрија. Поради карпестиот терен, земјоделието е отежнато. Тутунот се одгледува околу Јанина, а развиен е риболовот. Сепак, поголемиот дел од храната се увезува од плодните региони на Грција.

Надворешни врски