Либек: Разлика помеѓу преработките

Координати: 53°52′11″N 10°41′11″E / 53.86972° СГШ; 10.68639° ИГД / 53.86972; 10.68639
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Робот: Додава mr:ल्युबेक
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава uz:Lübeck
Ред 316: Ред 316:
[[tr:Lübeck]]
[[tr:Lübeck]]
[[uk:Любек]]
[[uk:Любек]]
[[uz:Lübeck]]
[[vec:Lubeca]]
[[vec:Lubeca]]
[[vi:Lübeck]]
[[vi:Lübeck]]

Преработка од 22:09, 8 август 2012

Либек
Холстентор
Холстентор
Холстентор
Грб на Либек
Местоположба на Либек во Германија
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ урбан округ
Градски единици 35 Stadtbezirke
Градоначалник Бернд Саксе (СПД)
Владејачка партија ДХС
Основни податоци
Површина 214 км2
Надм. височина 13 м
Население 215.846 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.009 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HL (1906–1937; од 1956)[2]
Пошт. бр. 23501−23570
Повик. бр. 0451, 04502
Портал www.luebeck.de
Координати 53°52′11″N 10°41′11″E / 53.86972° СГШ; 10.68639° ИГД / 53.86972; 10.68639
Ханзеатски Град Либек
светско наследство на УНЕСКО
Поглед од воздух на стариот град
Критериумкултурно: iv
Навод272
Запис1987 (11-то заседание)

Ханзеатски Град Либек (германски: Lübeck) е вториот најголем град во Шлезвиг-Холштајн, во северна Германија и е едно од најголемите пристаништа во Германија. Неколку века бил „главен град“ на Ханза („Кралица на Ханза“), а поради неговото архитектонско наследство во стилот на циглена готика, е на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Во 2005, имал население од 213.983 жители.

Се наоѓа на реката Траве, Либек е најголемото германско пристаниште на Балтичкото Море. Стариот дел на градот се наоѓа на остров во реката Траве. Каналот Елба-Либек го поврзува Траве со реката Елба. Друга важна река во близина на градот е Вакениц. Автопатот 1 го поврзува Либек со Хамбург и Данска (Фогелфлуглинија). Округот Травеминде е морско одморалиште и пристаниште за фериботи на брегот на Балтичкото Море. Неговата главна железничка станица го поврзува Либек со голем број на линии, особено со линијата до Хамбург.

Историја

Областа околу Либек била населена по последното Ледено Доба. Неколку Неолитски долмени може да се најдат околу областа.

Во прилог на ова, околу 700 година Словените започнале да доаѓаат во источните делови на Холштајн, кој бил напуштен од многуте германски жители во текот на Големата преселба на народите. Во раниот 9-ти век Карло Велики имал обиди за христијанизација, кои биле отфрлани од Саксонците, поради што тие се иселиле и го остапиле местото на полапските Словени, кои му биле сојузници на Карло Велики. Лубице („убаво“) бил основан на бреговите на реката Траве околу четири километри северно од денешниот градски центар на Либек. Во 10-от век, станала најважна населба на Ободритската Конфедерација и бил изграден и замокот. Населбата била запалена во 1128 од паганските Рани од Риген.

Современиот град бил основан од Адолф II, гроф на Шауенбург и Холштајн, во 1143 година, како германска населба на речниот остров Буку. Тој изградил нов замок, кој бил првпат споменат од Хелмолд во 1147. Адолф морал да го отстапи замокот на Хенрик Лав во 1158. По падот од власта на Хенрик во 1181, градот следниве осум години станал императорски град. Императорот Барбароса му доделил на градот Совет со дваесет членови, кој опстоил до 19-от век. Советот бил управуван од трговците и тоа предизвикало политиката на Либек со векови да биде водена од страна на трговските интереси.

Во периодот потоа, градот и замокот ја менувале сопственоста и бил дел од Војводство Саксонија до 1192, на Грофство Холштајн до 1217 и дел од Данска до битката кај Борнхевед во 1227.

Печатот на Либек, 1280

Околу 1200, пристаништетот станува главна точка на поаѓање за колонистите, кои заминуваат во балтичките територии освоени од страна на Ливонскиот ред и подоцна од Тевтонскиот ред. Во 1226, императорот Фридрих II го зголемил градскиот статус на слободен императорски град, со што настанл Слободен Град Либек. Во 14-от век Либек станал „Кралица на Ханзеатската Лига“, станувајќи далеку најголем и најсилен член на оваа средновековна трговска организација. Во 1375, императорот Карло IV. го именувал Либек како еден од петте „Гордости на империјата“, титулата ја делел со Венеција, Рим, Пиза и Фиренца. Неколку конфликти околу трговските привилегии се воделе од Либек и Ханзеатската Лига против Данска и Норвешка со различни резултати. Додека Либек и Ханзеатската Лига преовладувале во конфликтите во 1435 и 1512, Либек изгубил кога се вклучила грофската расправија, граѓанска војна која беснеела во Данска од 1534 до 1536. Либек, исто така, се приклучил и на Шмалкалдикска Лига.

По поразот во грофската расправија, Либек полека ја губи моќта. Либек успеал да остане неутрален во Триесетгодишната војна, но со уништувањата поради децениската војна и новата трансатлантска ориентација на европската трговија, Ханзеатската Лига како и Либек ја изгубиле својата важност. Откако Ханзеатската Лига де факто била распуштена во 1669, Либек останал важен трговски град на Балтичкото Море.

Големиот данско-германски композитор Дитерих Букстехуде (роден во денешна Шведска) станал оргулист во Мариенкирхе во Либек во 1668 и останал на служба најмалку до 1703 година.

Во текот на војната на Четвртата коалиција против Наполеон, војниците на Бернадоте го окупирале неутралниот Либек по борбата против Блихер на 6 ноември 1806 година. Под континенталната блокада, блокот пропаднал и од 1811 до 1813 година Либек бил формално припоен како дел од Франција, до Виенскиот конгрес во 1815.

Во 1937, нацистите го донеле т.н. Голем хамбуршки закон, со што соседниот Слободен и Ханзеатски Град Хамбург бил проширен, со што ги опфатил градовите кои формално ѝ припаѓале на пруската провинција Шлезвиг-Холштајн. За да ѝ ги компензираат овие загуби на Прусија (и делумно поради личното недопаѓање на Хитлер на Либек, откако му ја одбил кампањата во 1932 година[3]), 711-годишната независност на Либек беше прекината и скоро цела нејзина територија беше припоена кон Шлезвиг-Холштајн.

Либек, 15-ти век
Либек во 1641

Во текот на Втората светска војна, Либек бил првиот германски град кој бил нападнат од значителен број на кралските воздушни сили. Нападот на 28 март 1942 година создал огнена стихија, која предизвика сериозни оштетувања на историскиот центар и бомбардирањето на Либек во Втората светска војна уништи три од главните цркви и големи делови од изградената површина. Кампот за воени затвореници, Офлаг X-C, се наоѓал во близина на градот од 1940 до април 1945. Либек бил окупиран без претходен отпор од британската Втора армија на 2 мај 1945.

На 3 мај 1945, една од најголемите катастрофи во поморската историја се случува во Либечкиот Залив, кога бомбардери на РАФ потопија три бродови - SS Cap Arcona, SS Deutschland и SS Thielbek - кои, непознато за нив, беа преполни со затвореници од концентрационите логори. Околу 7.000 луѓе беа убиени.

Населението на Либек се зголемило значително од околу 150.000 во 1939 на повеќе од 220.000 по војната, што се должи на приливот на бегалци протерани од поранешните источни провинции на Германија.

Либек останал дел од Шлезвиг-Холштајн по војната (и се наоѓал во рамките на Западна Германија) и се наоѓал директно на внатрешната германска граница во текот на поделбата на Германија на двете ривалски држави во периодот на Студената војна. Јужно од градот, границата ја следела реката Вакениц, која ги раздвојувала двете држави за помалку од 10 метри во многу делови. Најсеверниот граничен премин бил во округот на Либек Шлутуп. Обновениот историски градски центар на Либек станал светско културно наследство на УНЕСКО во 1987.

Либек бил местото на познатиот уметнички скандал во 1950-тите. Лотар Малскат бил ангажиран за обновата на средновековните фрески во катедралата Мариенкирхе во Либек, кои биле откриени на ѕидовите во внатрешноста, откако катедралата била сериозно оштетена во текот на Втората светска војна. Наместо тоа, тој насликал нови дела кои ги претставил како реставрирани, а со тоа измамил многу експерти. Владата на Западна Германија отпечатила 2 милиони поштенски марки со ликот на фреските. Меѓу новите дела на Малскат, биле и диви мисирки, кои биле непознати во Европа во текот на Средниот век. Некои експерти го сметале ова како доказ за рано откривање на Америка од Викинзите. Малскат подоцна го признал делото. Инцидентот одигрува значајна улога во романот „Стаорецот“ на Гинтер Грас.

Во ноќта на 18-ти јануари 1996, огин избувна во домот на странски бегалци, убивајќи 10 луѓе и 30 потешко повредени, најмногу деца. Додека за повеќето од жителите на засолништето биле очигледни расистичките мотиви,[4] полицијата и локалниот суд го исклучиле расистичкиот мотив уште пред да ја почнат прелиминаторната истрага.[5]

Инцидентот не е разјаснет до ден денес.

Главни знаменитости

Градско собрание
Брод-светилник Фемарнбелт пред концертниот и конгресниот центар
Болница на Светиот Дух, една од најстарите општествени институции на Либек (1260)
Типична градска куќа
Црква Свети Богородица, Либек

Згради

Голем дел од стариот град го има зачувано средновековниот изглед со стари згради и тесни улички. Некогаш, во градот можело да се влезе во една од четирите градски порти, од кои две се преостанати и денес, добро познатата Холстентор (1478) и Бургтор (1444).

Во стариот градски центар доминираат седумте црквени ѕвона. Најстарата е Lübecker Dom (градската катедрала) и Мариенкирхе (Света Богородица), обете од 13-от и 14-от век.

Други знаменитости се:

Како многу други места во Германија, Либек има долга традиција на Божиќен пазар во декеври, кој го вклучува и познатиот пазар на ракотворби внатре во болницата на Светиот Дух, која се наоѓа на северниот крај на Кенигштрасе.

Музеи

Либек има многу мали музеи како што е Музеј Свети Ана, Бенхаус и Холстентор. Музеј на куклениот театар (Либек) е приватен музеј. Крајбрежни атракции се бродот-светилник кој служел во преминот Фемарн и Лиза фон Либек, реконструкција на каравела од 15-от век, од времето на Ханза.

Храна и пијалаци

Либек е многу познат по неговата извонредна марципан-индустрија и според локалната легенда, марципанот бил првпат направен во Либек во одговор на воената опсада на градот или на гладната година. Приказната, можеби апокрифна, е дека градот ги исцрпил сите зачувани резерви на храна, освен на бадеми и шеќер, и нив ги искористил да направи векни „леб“ од марципан. Други веруваат дека марципанот, всушност, бил откриен во Персија неколку стотици години пред Либек да тврди дека тие го измислиле. Најпознатиот производител е Нидерегер, кој често е посетуван од туристите, особено за време на Божиќ.

Винската традиција на Либек потекнува од времето на Ханза. Еден специјалитет на Либек е Ротспон, вино направено од грозје произведено и ферментирано во Франција и транспортирано во дрвени буриња во Либек, каде се чува, остарува и се става во шишиња.

Образование

Либек има три универзитети, Универзитет за применети науки Либек, Универзитет Либек и Музичка академија Либек. Факултетот за компјутерски науки во медицината и природните науки е главна установа на Универзитетот и е основана од германската иницијатива за извонредност. Меѓународното училиште за нови медиуми е поврзан институт на Универзитетот.

Познати луѓе

Делови

Градот Либек е поделен во 10 зони. Овие, пак, се организирани во 35 урбани градски окрузи. 10-те зони со нивните службени броеби, нивните придружни урбани градски окрузи и бројот на жителите во зоните:

  • 01 Градски центар (~ 12.000 жители)
  • 02 Занкт Јирген (~ 40.000 жители)
    • Хикстертор / Милентор / Гертнергасе, Штрекниц / Ротебек, Бланкензе, Вулфсдорф, Бајдендорф, Крумесе, Кронсфорде, Нидербисау, Фораде, Ширајхенкопел, Обербисау
  • 03 Мојзлинг (~ 10.000 жители)
    • Ниндорф / Моргартен, Реке, Олд-Мојзлинг / Генин
  • 04 Бунтеку (~ 10.000 жители)
  • 05 Занкт Лоренц-Југ (~ 12.000 жители)
  • 06 Занкт Лоренц-Север (~ 40.000 жители)
    • Холстентор-Север, Фалкенфелд / Форверк / Терхоф, Гросштајнраде / Шенбекен, Дорнбрајте / Кремпелсдорф
  • 07 Занкт Гертруд (~ 40.000 жители)
    • Бургтор / Штатпарк, Марли / Брандембаум, Ајхолц, Карлсхоф / Израелсдорф / Готмунд
  • 08 Шлутуп (~ 6.000 жители)
  • 09 Кикниц (~ 20.000 жители)
    • Денишбург / Симс / Рангенберг / Валберг, Херенвик, Алт-Кикниц / Думерсдорф / Ротер Хан, Пепендорф
  • 10 Травеминде (~ 15.000 жители)
    • Ивендорф, Алт-Травеминде / Ренау, Привал, Тојтендорф, Бротен

Индустриската област Либек-Херенвик до почетокот на 1990-тите била локација на голема металуршка фабрика. Гасот произведуван од оваа фабрика бил користен за правење електрична енергија во електричната централа Либек-Херенвик. Во 1992, електричната централа Либек-Херенвик била срушена по банкротот и рушењето на металуршката фабрика и од 1994, е место на друга фабрика.

Меѓународни односи

Либек е збратимен со:

Лубек, Мејн, најисточниот град во Соединетите Американски Држави, е именуван по Либек.

Поврзано

Наводи

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. Возила регистрирани помеѓу 1937 и 1956 има префикси кои важат во цела покраина Шлезвиг-Холштајн: „I P“ (1937–1945), „S“ (1945–1947), „SH“ (само 1947), „BS“ (1948–1956).
  3. „Либек: Градот кој му кажа не на Хитлер“, Сајмон Хефер, www.telegraph.co.uk, Retrieved 2010-06-28.
  4. „Brandspuren im Gesicht, Ermittlungen zur Lübecker Asylheim-Katastrophe“ DER SPIEGEL 23/1996, 3 јуни, 1996.
  5. Хановерше Алгемајне Цајтунг, 5 март, 2005
  6. Предлошка:Цитирана веб страница

Надворешни врски

Предлошка:Link FA