Распад на Советскиот Сојуз: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 11: Ред 11:
== 1986==
== 1986==


Во текот на летото 1986 година, во Латвија било основана организацијата Хелсинки-86, односно организација за човекови права. Оваа организација била првата антикомунистичка група како и првата отворена група која се противела на советскиот режим во Советскиот Сојуз. Подоцна оваа организација претставувала пример за другите движења кои се појавиле во другите земји од земјата<ref>{{cite web|url=http://www.osaarchivum.org/files/holdings/300/8/3/text/120-1-68.shtml |title=Independent Movements in Eastern Europe |publisher=Osaarchivum.org |accessdate=June 23, 2011}}</ref>.
Во текот на летото [[1986]] година, во [[Латвија]] било основана организацијата [[Хелсинки-86]], односно организација за човекови права. Оваа организација била првата антикомунистичка група како и првата отворена група која се противела на советскиот режим во Советскиот Сојуз. Подоцна оваа организација претставувала пример за другите движења кои се појавиле во другите земји од земјата<ref>{{cite web|url=http://www.osaarchivum.org/files/holdings/300/8/3/text/120-1-68.shtml |title=Independent Movements in Eastern Europe |publisher=Osaarchivum.org |accessdate=June 23, 2011}}</ref>. Во [[Рига]], [[Латвија]], на 26 декември 1986 година, во раните утрински часови, околу 300 млади работници се собрале пред [[Ришка катедрала|Ришката катедрала]] и марширале по улицата Ленин извикувајќи "''Надвор од Советска Русија! Слободна Латвија!"'' Безбедносните сили се судриле со демонстрантите, како и неколку полициски возила биле превртени<ref name="ethnopolitics1"/>.


Истата година избувнале немири во Алма-Ата, Казахстан. Настанот е познат како Желтоксан. Демонстрациите настанале како одговор на разрешувањето на генералниот секретар на Михаил Горбачов, Динмухамед Конајев од должноста прв секретар на Комунистичката партија на Казахстан, и назначувањето на Генадиј Колбин. Демонстрациите започнале во утрото на 17 декември 1986 година како почетниот број бил 200-300 студенти. Бројот на демонстрантите се зголемил на 1.000-5.000. Состојбата ескалирала околу 5 часот, кога на војниците им било наредено да ги растераат демонстрантите. Судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите продолжиле во текот на ноќта на плоштадот и во различни делови на [[Алмати]]. Вториот ден, протестите се претвориле во граѓански немири каде учениците, студентите и демонстрантите се судриле со војниците. Следните денови демонстрациите се прошириле и во поголемите градови во Казахстан. Според најразличнби извори, по конечната интервенција на властите, во немирите починале најмалку 168 лица а повеќе од 200 биле повредени.
Во Рига, Латвија, на 26 декември 1986 година, во раните утрински часови, околу 300 млади работници се собрале пред [[Ришка катедрала|Ришката катедрала]] и марширале по улицата Ленин извикувајќи "Надвор од Советска Русија! Слободна Латвија!" Безбедносните сили се судриле со демонстрантите, како и неколку полициски возила биле превртени<ref name="ethnopolitics1"/>.


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 23:14, 4 август 2012

1985

Михаил Горбачов бил избран за генерален секретар на Политбирото на 11 март 1985 година, само три часа по смртта на Константин Черненко. По неговото стапување на должност имал 54 години и бил најмладиот член на Политбирото. Примарната цел на Горбачов како генерален секретар била заживување на советската економија по стагнацијата на Леонид Брежнев.

Во 1985 година, тој најавил дека на советската економија и е потребна реорганизација. Горбачов набргу сфатил дека решавањето на советската економија ќе биде речиси невозможно без реформа на политичката и социјалната структура на комунистичката земја.[1]. Реформите најпрвин започнале со кадровските промени. На 23 април 1985 година Горбачов донел два свои штитеници Јегор Лигачев и Николај Ришков во Политбирото како полноправни членови, и разумно ја искористил можноста да се задржи "моќта" промовирајќи го како шеф на КГБ Виктор Чебриков. По ова следувало и именување на министерот за одбрана Сергеј Соколов како претставник на Политбирото.

Првите реформи воведени во текот на ерата на Горбачов иле алкохолната реформата во 1985 година, која била дизајнирана за борба против широко распространетиот алкохолизам во Советскиот Сојуз. Цените на водка, вино и пиво биле покачени[2], и нивната продажба била ограничена. На луѓето кои ќе биле фатени пијани на работа или на јавни места им следувало судење. Пијалоците биле забранети на јавни места и на возовите. Сцените од алкохол исто така биле исфрлани од филмовите. Реформите немале значително влијание врз употребата на алкохол во земјата, но тие задале сериозен економски удар за државниот буџет (загуба од околу 100 милијарди рубли според Александар Јаков), потоа производството на алкохол се преселило на црниот пазар[2]. Алкохолната реформа предизвикала синџир на настани кои завршиле со распаѓањето на Советскиот Сојуз и длабока економска криза во новосоздадената Заедница на независни држави, шест години подоцна.

На 1 јули 1985 година Горбачов го промовирал Едвард Шеварднадзе за прв секретар на Грузиската Комунистичка партија како полноправен член на Политбирото, а следниот ден го назначил Шеварднаѕе како министер за надворешни работи како замена на Андреј Гомико кој бил 28 години како министер за надворешни работи и се сметал за "стар мислител". Исто така, на 1 јули, 1985 година Горбачов ја искористил можноста да се ослободи од неговиот главен ривал со отстранување на Григориј Романов од Политбирото, и го донел Борис Елцин и Лев Заиков во Централниот комитет.

1986

Во текот на летото 1986 година, во Латвија било основана организацијата Хелсинки-86, односно организација за човекови права. Оваа организација била првата антикомунистичка група како и првата отворена група која се противела на советскиот режим во Советскиот Сојуз. Подоцна оваа организација претставувала пример за другите движења кои се појавиле во другите земји од земјата[3]. Во Рига, Латвија, на 26 декември 1986 година, во раните утрински часови, околу 300 млади работници се собрале пред Ришката катедрала и марширале по улицата Ленин извикувајќи "Надвор од Советска Русија! Слободна Латвија!" Безбедносните сили се судриле со демонстрантите, како и неколку полициски возила биле превртени[4].

Истата година избувнале немири во Алма-Ата, Казахстан. Настанот е познат како Желтоксан. Демонстрациите настанале како одговор на разрешувањето на генералниот секретар на Михаил Горбачов, Динмухамед Конајев од должноста прв секретар на Комунистичката партија на Казахстан, и назначувањето на Генадиј Колбин. Демонстрациите започнале во утрото на 17 декември 1986 година како почетниот број бил 200-300 студенти. Бројот на демонстрантите се зголемил на 1.000-5.000. Состојбата ескалирала околу 5 часот, кога на војниците им било наредено да ги растераат демонстрантите. Судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите продолжиле во текот на ноќта на плоштадот и во различни делови на Алмати. Вториот ден, протестите се претвориле во граѓански немири каде учениците, студентите и демонстрантите се судриле со војниците. Следните денови демонстрациите се прошириле и во поголемите градови во Казахстан. Според најразличнби извори, по конечната интервенција на властите, во немирите починале најмалку 168 лица а повеќе од 200 биле повредени.

Наводи

  1. „Михаил Сергеевич Горбачёв (Mikhail Sergeyevičh Gorbačhëv)“. Archontology.org. March 27, 2009. Посетено на April 3, 2009.
  2. 2,0 2,1 Hough, Jerry F. (1997), pp. 124–125
  3. „Independent Movements in Eastern Europe“. Osaarchivum.org. Посетено на June 23, 2011.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ethnopolitics1.