Свети Евнувиј, Пајсиј и Аверикиј: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија за светец |name=Свети маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверикиј |birth_date= |death_date= 27 ...
(нема разлика)

Преработка од 16:58, 3 август 2012

Свети маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверикиј
Пречистански преподобномаченици
Починал(а) 27 мај 1558, Кичево
Почитуван(а) во Македонската православна црква
Канонизација Илинден, Кичевски Манастир од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан
Слава 27 мај и 2 август

Свети маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверикиј или Пречистанските преподобномаченици биле македонски православни монаси во манастирот Свeтa Богородица - Пречиста во Кичевско кои маченички пострадаа во 1558 година кога овај храм бил нападнат од турската војска. Тие претставууваат првите светци прогласени од новата преродена Македонска православна црква, осветени се на 2 август 2012 година во манастирот каде што ги изгубија животите. Нивниот сповен се чествува на 27 март (денот кога сите беа убиени) и на Илинден (денот кога се прогласени за светци).

Чинот на светците

Во манастирот пред да биде нападнат од турската војска се одржувала богослужба во која присуствувале петнаесетина монаси. Монахот Аверикиј забележал дека војската ќе нападне и веднаш им кажал на останатите дека безбожниците напаѓаат и дека оној што е подготвен да пострада за верата, нека остане со него. На крајот со него останале уште монасите Пајсиј и Евнувиј, кои подоцна биле маченички погубени, а манастирот изгорен.

Осветување

Светците Евнувиј, Пајсиј и Аверикиј се осветени на ден Илинден во знак на 45-годишнината на Македонската првавославна црква.[1] Церемонијата на нивното осветување започна во 9 часот во Свeтa Богородица - Пречиста и беше отворенa од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.[2] На церемонијата присуствуваја сите митрополити на православната црква.

Светците добија нова икона која е нацртана од монахињите од манастирот Свети Ѓорѓи во Рајчица каде се претставени под заедничкиот натпис Пречистански преподобномаченици. Исто така за нив е напишана и посебна богослужба од химнографот на Цариградската патријаршија јеромонахот Атанасиј Симонопетрински.[2] Истовремено за тројцата светци е напишано и посебно житие - биографија, во кое детаљно се опишани нивниот живот и големата животна жртва што тие ја дале за да се зачува христијанството на овие простори.

Наводи

Надворешни врски