Минато: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава tt:Үткән
Ред 60: Ред 60:
[[fi:Menneisyys]]
[[fi:Menneisyys]]
[[tl:Nakaraan]]
[[tl:Nakaraan]]
[[tt:Үткән]]
[[uk:Минуле]]
[[uk:Минуле]]
[[ur:ماضی]]
[[ur:ماضی]]

Преработка од 06:04, 29 јули 2012

Василиј Максимов, „Сè е минато“ (1889).

Минатото е делот од времето кој веќе се случил;[1] и е спротивно на иднината.

Преглед

Минатото е во спротивност и на сегашноста. Исто така се смета за конгломерат на настани што се случиле во одреден момент од времето, внатре во рамките на континуумот време-простор. Ваквиот концепт е во тесна врска и со теоријата на релативноста на Ајнштајн. Минатото е главна тема на истражување во науките како: историја, археологија, археоастрономија, хронологија, геологија, историја на јазикот, право, палеонтологија, палеоботаника, палеогеографија, палеоклиматологија и космологија.

Луѓето го запишуваат минатото уште од древни времиња, па излегува дека една од карактеристиките на луѓето е дека тие се способни да го запишат своето минато, да се сетат на него, да ја планираат иднината врз основа на минатото и да теоризираат за минатото.

Философија и наука

Според философијата за времето, минатото не постои, иако повеќето науки го проучуваат минатото на светот преку проценување на доказите. Оваа философија е во согласноста со релативноста на Галилеј, според која времето не зависи од просторот, но не е во согласност со релативноста на Лоренциан/Ајнштајн.

Во класичната физика, минатото е само половина од времето, додека релативните теории минатото го сметаат како апсолутно минато. Прикажано со земјени мерки, разликата меѓу „класичното“ и „релативното“ минато е помалку од 0,05 секунди.


Види исто така


Наводи

  1. Hegeler, E. C., & Carus, P. (1890). Монист. La Salle, Ill. [etc.]: Published by Open Court for the Hegeler Institute. page 443.