Кога лисјата паѓаат (ТВ серија): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.2+) (Робот: Додава sh:Kad lišće pada (TV serija) |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 56: | Ред 56: | ||
|- |
|- |
||
| [[Ѓувен Хокна]] || '''Хајрие Текин''' || |
| [[Ѓувен Хокна]] || '''Хајрие Текин''' || Жената на Али Риза. |
||
|- |
|- |
Преработка од 10:08, 22 јули 2012
Кога лисјата паѓаат | |
---|---|
Создадена од | Есе Јоренс, Мелек Генчоглу |
Напишана од | Решат Нури Ѓунтекин |
Режирана од | Месуде Ераслан |
Улоги | Халил Ерѓун Ѓувен Хокна Бену Јилдирмлар Ѓокче Бахадир Фахрие Евџен Дениз Чакар |
Воведна тема | Yarane |
Завршна тема | Yarane |
Земја на потекло | Турција |
Првичен јазик | турски |
Бр. на епизоди | 678 / 5 сезони |
Производство | |
Местоположба | Истанбул |
Кинематографија | Ay Yapım |
Камера | Мултикамера |
Времетраење | 90 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | А1 (2010-2011) Сител (2011-) |
Сликов формат | 480i (SDTV) |
Звучен формат | стерео |
Првично прикажување | Турција 13 септември 2005 - 29 декември 2010 Бугарија 23 ноември 2009 - 9 Јануари 2012 Србија 6 декември 2010 - сè уште Босна и Херцеговина 26 март 2011 - сè уште Македонија 6 септември 2010 - сè уште |
„Кога лисјата паѓаат“ (турски: Yaprak Dökümü) е турска драмска телевизиска серија. Сценариото е земено од истоимениотроман од 1930 г. на турскиот белетрист и драматург Решат Нури (1889-1956).
Приказна
„Кога лисјата паѓаат“ е приказна за семејството на Али Риза (Халил Ерѓун) и на неговата жена Хајрије (Ѓувен Хокна), кои своите деца ги воспитуваат со висока морална свест и силни чувства за семејните врски.
Кога семејството ќе се пресели од родното гратче во големиот Истанбул за нивната ќерка Неџла (Фахрије Евџен) да студира на универзитетот, тие ќе се соочат со многу промени во животот. Модерниот свет и економската нестабилност на животот во големиот град се заканите со кои ќе се соочи ова семејство.
Семејството на Али Риза, преку кое се разгледува прашањето за силните семејни врски во модерниот начин на живот е под постојана опасност од распаѓање.
Во главните улоги настапуваа одличните турски актери Халил Ерѓун, Ѓувен Хокна, Бену Јилдиримлар, Џанер Куртаран, Фахрије Евџен, Дениз Чакар и Ѓокче Бахадир. Режисер на оваа серија, што е многу популарна во Македонија, е Месуде Ераслан. Серијата од 12.09.2011 (12 септември) ќе се емитува на Сител ТВ.
Улоги
Актер/Актерка | Улога | Опис на улогата |
---|---|---|
Халил Ерѓун | Али Риза Текин | Главата на семејството, женет за Хајрие. Има 5 деца. |
Ѓувен Хокна | Хајрие Текин | Жената на Али Риза. |
Бену Јилдиримлар | Фикрет Текин | Најголемото дете во семејството Текин, понижувањето на неговиот татко, сопруга на Тахсин, маќеа на трите негови деца и мајка на Умут. |
Дениз Чакар | Ферхунде Кара | Сопруга на Исмет (1 сезона) Сопруга на Шевкет (2 сезона), Левент Тунџел (3 сезона) и Митхат (4 сезона). |
Фахрие Евџен | Неџла Текин | втората ќерка на Али Риза и Хаирие, сопруга на Џем (1, 3 сезона), љубовница на Огуз (1 сезона), станува депресивна, лута и конфликтна. (4 сезона). |
Толга Карел | Огуз Ајхан | Сопруг на Лејла (1 сезона), љубовник на Неџла и подоцна Лејла, има дете од Џејда- Каан и сеуште неродено од Лејла. |
Џанер Куртаран (1-3 сезона) Хасан Кучукчетин (3-5 сезона) |
Шефкет Текин | Сопруг на Ферхунде (1-2 сезона), единствениот син во семејството Текин. |
Ѓокче Бахадир | Лејла Текин | Ќерка на Али Риза и Хајрие, сопруга на Огуз (1 сезона), подоцна негова љубовница (4 сезона), психички нестабилна во случките од 1 сезона до крајот на втората. |
Седа Демир | Седеф | Ќерка на Нехир, која е вљубена в Шевкет. |
Шебнем Џеџели | Ајше | Најмалото дете во семејството. |
Ахмед Сарачаглу | Тахсин Башсој | Сопруг на Фикрет (2-4 сезона). |
Ѓулер Октен | Џеврие | Свекрва на Фикрет. |
Башак Сајан | Џејда | Сопруга на Јаман (1 сезона), мајка на детето на Огуз. |
Ерен Балкан | Ѓулшен | Најдобрата пријателка на Ферхунде. |
Бедиа Енер | Нехир | Мајка на Седеф, најдобра пријателка на семејството Текин. |