Дилма Русев: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава sco:Dilma Rousseff
RedBot (разговор | придонеси)
с r2.7.2) (Робот: Додава ia:Dilma Rousseff
Ред 88: Ред 88:
[[io:Dilma Rousseff]]
[[io:Dilma Rousseff]]
[[id:Dilma Rousseff]]
[[id:Dilma Rousseff]]
[[ia:Dilma Rousseff]]
[[ie:Dilma Rousseff]]
[[ie:Dilma Rousseff]]
[[it:Dilma Rousseff]]
[[it:Dilma Rousseff]]

Преработка од 17:53, 15 јули 2012

Дилма Вана Русев
Дилма Русев


36
Мандат
2010 – 2014
Претходник Луис Инасио Лула да Силва

Роден 14 декември 1947
Бразил
Партија Работничка партија

Дилма Вана Русев (португалски: Dilma Vana Rousseff) е бразилски економист, политичар и 36. претседател на Бразил. Русеф е воедно и првата жена претседател на Бразил. Во октомври 2010 година се кандидирала за претседател на Бразил од владејачката Работничка партија[1].

Семејство

Таткото на Дилма, Петар Стефанов Русев, е роден во Габрово, Бугарија. Како активист на Комунистичка партија, Петар во 1929 година избегал во Франција, а неколку години подоцна и во Бразил, каде што го променил името во Педро Русеф. Тој се оженил со учителката Дилма Жана да Силва, со која имале 3 деца, Игор, Дилма и Жана Лусија.

Кариера

Русеф се приклучила на младинската организација на Социјалистичката партија во 1967 година. Таа учествувала во нелегалниот отпор против воената диктатура и била уапсена во 1970 година, мачена била 22 дена и била осудена од Воениот суд на Бразил. Дилма Русеф била ослободена од затворот кон крајот на 1972 година.

Подоцна, Русеф се откажала од радикалните методи на политичка борба. Во периодот од 2003 до 2005 година, Дилма Русев била министер за рудниците и енергијата на Бразил. Од 21 јуни 2005 година била шеф на канцеларијата на бразилскиот претседател Луис Инацио Лула да Силва.

Во 2010 година Дилма се кандидирала за претседател на Бразил. Во својата предизборна кампања се залагала за аграрна и политичка реформа, расни квоти, слобода на религијата и хомосексуални граѓански здруженија, но исто така била против смртната казна и легализацијата на лесните дроги. На првиот круг на 3 октомври собрала 46,9% од гласовите. Вториот круг од изборите се одржале на 31 октомври 2010 година и Дилма освоила 55,96% од гласовите.

Наводи

  1. Bennett, Allen. "Dilma Rousseff biography". Agência Brasil. August 9, 2010.

Надворешни врски

Поврзано