Улан Батор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бришење на "Genghis_Khan_statue_UB_MGL.JPG", беше избришана од Заедничката ризница од страна на [[commons:U...
Chobot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Менува ko:울란바토르
Ред 331: Ред 331:
[[gl:Ulán Bátor - Улаанбаатар]]
[[gl:Ulán Bátor - Улаанбаатар]]
[[xal:Улан Баатр]]
[[xal:Улан Баатр]]
[[ko:울란바타르]]
[[ko:울란바토르]]
[[hy:Ուլան Բատոր]]
[[hy:Ուլան Բատոր]]
[[hi:उलान बतोर]]
[[hi:उलान बतोर]]

Преработка од 09:39, 5 јули 2012

Улан Батор
Улаанбаатар
Поглед кон Улан Батор
Поглед кон Улан Батор
Поглед кон Улан Батор
Официјално знаме на Улан Батор
Официјално знаме на Улан Батор

Знаме
Официјален грб на Улан Батор
Грб
Mестоположба
Општи податоци
Име
- официјално
- изворно
 
Улан Батор
  Улан Батор
  Улаанбаатар
  
Управа
Земја Монголија Монголија
Административна распределба Улан Батор
Географија
Население
Население 1,044,500 (2008)
Густина 222/km² (575/sq mi) ж./km²

Улан Батор (монголски: Улаанбаатар) е главниот и најголемиот град во Монголија. Градот е независна општина и не е дел од ниту една провинција на Монголија и неговото население изнесува околу 1 милион луѓе според пописот во 2008 година. Градот е основан во 1639 година како будистички манастирски центар и во 20 век израсна во главен производствен центар дефинирајќи се по своите широки булевари и плоштади[1] .

Име

Улан Батор имал повеќе имиња низ текот на историјата. Од 1639 до 1706 година, градот бил познат како Орго или на монголски јазик Өргөө , а од 1706 до 1911 година градот бил познат како Их Хуре. Их на монголски значи „голем“ а додека Хуре (Хүрээ) значи „камп“. По независноста во 1911 година градот бил преименуван во Нислел Хуре што во превод начи „главен камп“.

Со формирањето на новата Монголска Народна Република во 1924 година, името на градот се сменило во Улан Батор (Улаанбаатар) што во буквален превод значи „црвен херој“ во чест на големиот монголски херој Дамдин Сухбатар. Тој ја ослободил Монголија од кинеска инвазија. Неговата статуа сѐ уште го краси сентралниот плоштад во Улан Батор.

Во Европа и Северна Америка, градот бил широко познат како Урга (доаѓа од оригиналниот назив Орго) или понекогаш нарекуван Курен или Кулун од кинеската транскрипција на градот. Тие називи се користеле до 1924 година, а додека Улан Батор или Улан Батар после независноста.


Историја

Праисториска ера

На планината Богд Хан Ул се пронајдени црвени цртежи на карпи. Цртежите претставуваат човечки фигури, коњи, орли и апстрактни дизајни како хоризонтални линии и големи квадрадти исполнети со точки. Истиот начин на сликање е пронајден во близина на градот Гачурт, како и во Ховсгол и во Сибир, Русија. Тоа ги потврдува заедничките особини на јужносибирските номадски племиња. Планината Богд Хан најверојатно била значаен култен центар на овие народи.

Во овласта Налаих се наоѓа значајниот натпис со туркски руинички букви, Стела на Тонјукук што датира од 697.

Се тврди дека Ванг Хан Тогрул ја установил својата тврдина тука и забранил ловење во светата планина Богд Хан Ул. Рушевините од палатата биле пронајдени во близина на градот. На северната страна на планината може да се забележи цртеж на монголска жена во традиционална облека.

Улан Батор 2009

Преместување на престолнината

Улан Батор бил основан во 1639 година како манастир со јурти. Тогаш името на градот бил Орго, што значи јуртска палата, и се наоѓал на езерото Ширет Цаган Нур, денешен Оворхангај, околу 250 км оддалеченост од денешната местоположба на Улан Батор. Градот бил основан и замислен како седиште на првиот Џебцундамба Хутугту, Занабазар.

Поради јуртскиот тип на градби, Улан Батор бил подвижен град и често бил преместуван од едно место на друго. Најчесто преместувањето се одвивало долж реките Селенге, Орхон и Тул поради достапноста на вода и останатите бенефиции што следат со тоа. За време на Ѕунгарските војни во доцниот 17 век, градот бил преместен дури во Внатрешна Монголија[2]. Како што градот растел, тој сѐ помалку бил подвижен[3]. Во 1778, градот се преместил на денешната локација, во близина на сливот на реките Селбе и Тул и во подножјето на Богд Хан Ул планината. Покрај тоа што бил седиште на Џебцундамба Хутугту, туку и на двајца високи чиновници на Кинг династијата. Исто така, на неколку километри од градот никнал нов кинески трговски град. Од 1778, Улан Батор или Урга имал 10.000 монаси. Тие биле организирани според манастирските правила наречени Правило на Големиот Манастир или Јеке Куријен-у Дотоаду Дурем. Во 1836, во Улан Батор се отворил првиот руски конзулат, а покрај тоа се отворила и нова црква посветена на Светото Тројство.

Револуциите во 1911 и 1921

Во раните години на 20 век, Их ханатот имал население од 25.000 жители од кои само 10.000 биле монаси[4]. Во 1911, кога кинеската Кинг династија била пред колапс, Монголските лидери во Их ханатот се сретнале тајно и се договориле да ја прекинат тривековната контрола од Кина[5]. На 29 декември 1911 Богд Хан бил прогласен како владетел на независна Монголија[3]. Хуре како седиште на Џебцундамба Хутугту бил избран како иден главен град за новата држава. Како и да е, Монголско-руско-кинеската конференција што била одржава во 1914 година ја направиле Монголија како независен регион во Кина[6] и во 1919 Монголските благородници се согласиле со тоа и Улан Батор бил окупиран од кинеските трупи а со тоа Кина повторно воспоставила контрола над Монголија[7].

Во 1921 градот бил контролиран од две различни страни. Прво, во февруари 1921, мешани руско-монголско-тубетски сили предводени од Барон Унгерн вон Штернберг, го завзеле градот а со тоа го ослободиле градот и Монголија (Их ханат) од кинеската контрола и го ослободиле Богд Хан. Завземањето на Барон Унгерн на Улан Батор било проследено од прогон и масакар на малата еврејска заедница во Улан Батор[8]. На 22 февруари 1921 Богд Хан бил повторно избран за Хан на Монголија[9], а во меѓувреме силата на Унгерн растела. Тогаш, советски сили предводени од Монголскиот лидер Дамдин Сухбатар се спремале во Русија за инвазија во Монголија и во март тие ја преминале границата[10]. Унгерн и неговите луѓе биле истерани. На 29 октомври градот бил преименуван од Урга во Улан Батор (црвен херој) по името на големиот монголски херој Дамдин Сухбатар кој умрел набрзо по ослободувањето на градот[3].

За време на социјалистичкиот период, јуртите биле заменети со стамбени блокови по советски стил и често биле финансирани од страна на СССР. Трансмонголската железничка линија го побврзал Улан Батор со Пекинг и Москва и била завршена во 1956. Градот забележал голем развој со многу кино сали, театри, музеи и останати објекти значајни за општествениот живот, но манастирите во Улан Батор биле рушени и уништувани поради идеологијата на партијата на власт.

Демократски протести во 1989-1990

Улан Батор бил центар на демонстрации што се одржале во Монголија за време на транзициониот период кога се воведувала демократијата и слободниот пазар во 1990. На 10 декември 1989, протестите се одвивале и започнале од Младинскиот Културен Центар во Улан Батор. Демонстраторите барале демократски систем во државата и на 14 јануари 1990 се сретнале со властите во Музејот на Ленин во Улан Батор. По оваа средба следеле демонстрации на плоштадот Дамдин Сухбатар на -30 степени. По овие протести следело формирање на првата опозициска партија во Монголија. На 9 март комунистичката влада дала отставка која била претходена со протести со глад на голем број Монголци. Во јули истата година биле објавени првите слободни избори[11].

Администрација и поделба

Карта на дистриктите на Улан Батор

Улан Батор е поделен на девет дистрикти или дурези:

  1. Баганур,
  2. Багахангај,
  3. Бајангол,
  4. Бајанзурх,
  5. Чингелтеј,
  6. Хан Ул,
  7. Налаих,
  8. Сонгино Хаирхан, и
  9. Сухбатар.

Секој дистрикт е поделен на хорози или супдистрикти.

Градот е раководен од градскиот совет со 40 членови, избрани за четири години. Градскиот совет го назначува градоначалникот. Моментален градоначалник на Улан Батор е Тудевин Билегт[12]. Улан Батор е независна административна единица во рамките на Монголија, одвоена од покраината Тов.

Симболи

Официјалниот симбол на Улан Батор е гаруда, митска птица во двете големи религии, будизамот и хиндуизамот. Птицата е често наречена Хан Гаруда или Хангард од монголците.

Грб

Грбот на Улан Батор е исто така со птицата гаруда. Во десната рака има клуч, симбол на просперитетот и благосостојбата, а во левата рака има цвет од лотус, симбол на мир, рамноправност и чистота на душата. Во долните екстремитети држи змија, симбол на злото што е претставено како победено. На главата на гарудата е претставен сојомбо симболот, што се наоѓа и на знамето на Монголија.

Знаме

Знамето на градот e сино со птицата гаруда во средина.

Клима и географија

Сателитска снимка на градот

Улан Батор е лоциран на 1350 метри надморска височина, во центар на Монголија на реката Тул во долината Селенге во подножјето на планината Богд Хан Ул.

Поради големата височина и поради одалеченоста од морето, Улан батор важи за најстудениот главен град во светот со супартичка клима. Во текот на годината има и кратки топли лета и долги многу ладни зими. Просечна температура од -1.3 °C. Земјиштето е доста меко и е потешко за градење на згради. Идеално решение се ниските стамбени згради и монголските традиционални живеалишта.


Климатски податоци за Ulan Bator
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Извор: Foreca[13]

Образование

Податотека:National University of Mongolia.jpg
Национален универзитет во Монголија

Улан Батор има шест главни универзитети: Национален Универзитет на Монголија, Универзитет за наука и технологија на Монголија, Монголски државен универзитет за земјоделство, Универзитет за здравство и медицински науки, Педагошки универзитет на Монголија и Универзитет за уметност и култура на Монголија. Националната библиотека на Монголија има голем избор на книги, меѓу кои и голем избор на книги на англиски јазик. Покрај овие универзитети, во Монголија има Американско училиште во Улан Батор и Меѓународно училиште во Улан Батор кои пружаат образование од западноевропски стил за домашни и странски ученици.[14][15]

Транспорт

Железничка станица Улан Батор

Во Улан Батор се наоѓа Џингис Хан аеродромот. Тој е на 18 км северозападно од Улан Батор. Овој аеродром е единствениот аеродром во Монголија што има меѓународни летови, како што се летови до Токио, Сеул, Берлин, Москва, Иркутск и Пекинг. Улан Батор е поврзан со патишта со скоро сите поголеми градови во Монголија, но проблем е што повеќето немаат патни знаци и тоа е тешкотија за странските туристи. Дури и во градот, повеќето патишта не се асфалтирани или немаат патни знаци. Исто така има и железничка мрежа што ја поврзува транс-сибирската железничка линија со кинескиот железнички систем.

Знаменитости

Неколку згради во Улан Батор датираат од пред Втората Светска Војна, меѓу кои: Дамбадарџалин манастирот во дистриктот Сухбатар (1765), Дашчолин манастирот (1778), Гандан манастирот со храмот (1838), Ваџрадхара храмот (1841), Зу храмот (1869), Дидан Лавиран храмот (19 век), Ердем Итгемџит храмот (1893), Музеј за историја на Улан Батор (поранешна резиденција на приватен трговец), зградата на Музејот за уметности Занабазар која порано се викала Ондор Хоршо (1905), високиот Мегџид Џанраисиг храмот, резиденцијата на Чин Ван Хандорџ, првата телефонска зграда итн. Резиденцијата на премиерот била изградена во 1930.

Манастири

Гандан манастир
Една од вратите на Зимската Палата.

Еден од позначајните манастири е Чоиџин Лама манастирот, будистички манастир што бил изграден во 1908. Објектот служел како манастир сѐ до 1942 година кога објектот бил пренаменет во музеј[16]. Гандан манастирот датира од 19 век. Најголема атракција на манастирот е високата златна статуа од 26.5 метри. Статуата го претставува ликот на Авалокитешвара[17]. Овие манастири се меѓу малкуте што преживеале после уништувањето на манастирите од страна на Хорологин Чојбалсан.

Зимска палата

Зимската палата на Богд Хан денес е музеј на последниот хан на Монголија кој владел од 1911 до 1924. Комплексот вклучува шест храма и многу лични работи на Ханот.

Музеи

Улан Батор има неколку музеи посветени на монголската култура и историја. Природниот историски музеј поседува многу фосилни остатоци и пронајдени метеорити во Монголија[18][19]. Националниот музеј на монголската историја вклучува примероци од праисториските времиња, па потоа преку Монголската Империја па сѐ до денес[20][21]. Занабазар музејот за уметности содржи голема колекција на монголска уметност, вклучувајќи уметнички творби од 17 век како од Занабазар како и многу познатата слика „Еден ден во Монголија“ од Марзан Шарав[22][23].

Артефакти што датираат од пред 1778 година се статуата Ваџрадхара создадена од Занабазар во 1683, трон презентиран на Занабазар од страна на императорот Канши (од пред 1723), и многу скулптури што се направени од рацете на самиот Занабазар.

Опера центарот

Податотека:Opera house Ulan Bator 3103523806 e339241503 o.jpg
Националниот академски театар за опера и балет

Националниот академски театар за опера и балет одржува редовно балетски и театарски претстави, со што го збогатува општествениот живот во Монголија и Улан Батор.

Сухбатар плоштад

Плоштадот Сухбатар или плоштад Дамдин Сухбатар е главниот плоштад на Улан Батор во Монголија. Името на плоштадот е според големиот монголски херој Дамдин Сухбатар, лидер во револуцијата од 1921 година.

Сестрински градови

Таблички со имињата на сестринските градови на Улан Батор.

Панорами

Поглед од Заисан во 2005
Поглед од Заисан во 2009

Видете исто така

Надворешни врски

Галерија

Наводи

  1. Ulan Bator Official Web Portal
  2. This Shireet tsagaan nuur is located in Övörkhangai's Bürd sum. P. Enkhbat, O. Pürev, Улаанбаатар, Ulaanbaatar 2001, p. 9f
  3. 3,0 3,1 3,2 Brief history of Ulaanbaatar
  4. Palmer, James The Bloody White Baron 2008, Faber and Faber Limited Press, ISBN 978-0-571-23023-5, p. 45
  5. Palmer, pp.47-8
  6. Palmer 120-121
  7. Palmer 122
  8. Palmer, pp. 131-159
  9. Palmer, 161-163
  10. Palmer 178-9
  11. Rossabi, Morris Modern Mongolia: From Khans to Commissars to Capitalists 2005, University of California Press, ISBN 0-520-24419-2. pp. 1-28
  12. Official website of the mayor of Ulan Bator
  13. Предлошка:Цитирана веб страница
  14. American School of Ulaanbaatar
  15. International School of Ulaanbaatar
  16. Choijin Lama Monastery
  17. Kohn, pp. 63-4
  18. Natural History Museum
  19. Kohn, p. 60
  20. Kohn, pp. 61, 66
  21. National Museum
  22. Kohn, p. 61
  23. Zanazabar Museum of Fine Arts
  24. Irkustsk sister cities
  25. Chairman of the Committee for External Relations of St. Petersburg
  26. Ulan Ude looking for sister cities
  27. Denver Sister Cities
  28. http://businessgc.com.au/index.php?page=sister-cities