Омов закон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Робот: Додава pms:Laj d'Ohm
с r2.7.1) (Робот: Менува tr:Ohm kanunu
Ред 93: Ред 93:
[[ta:ஓமின் விதி]]
[[ta:ஓமின் விதி]]
[[th:กฎของโอห์ม]]
[[th:กฎของโอห์ม]]
[[tr:Ohm Kanunu]]
[[tr:Ohm kanunu]]
[[uk:Закон Ома]]
[[uk:Закон Ома]]
[[ur:قانون اوہم]]
[[ur:قانون اوہم]]

Преработка од 22:08, 15 јуни 2012

Напонскиот извор V, предизвикува електрична струја I, низ отпорникот R, трите величини на кои се однесува Омовиот закон: I = V/R.

Омовиот закон се однесува на електрични кола, тој вели дека:

Струјата помеѓу две точки е директно пропорционална со потенцијалната разлика (напонот) и обратно пропорционална со отпорот помеѓу нив.

Математички, тоа се изразува како:

Каде што I е струјата во ампери, U е потенцијалната разлика во волти, и R е електричната отпорност изразена во оми. Потенцијалната разлика е позната и како пад на напонот, и може да се означува и со V, E или ЕМС (електромоторна сила).[1]

Оваа законитост ја открил германскиот физичар Георг Ом, и ја објавил во 1827. година како резултат на лабораториски мерења, и во малку посложена форма.

Отпорноста на повеќето отпорнички материјали отпорници е константна за широк спектар на струи и напони. Кога отпорникот се употребува во вакви околности, неговата отпорност се нарекува „омска“. Покрај омската отпорност, постои и капацитивна и индуктивна, кои се јавуваат кај променливите и наизменичните струи.

Омовиот закон, во презентираната форма, е мошне корисен за електротехниката, затоа што опишува како напонот, струјата и отпорот се поврзани на „макроскопско“ ниво, односно како елементи на електричното коло. Физичарите кои ги проучуваат електричните својства на материјалите на микроскопско ниво ја употребуваат векторската равенка:

каде што J е густина на струјата (струја по единична површина), σ е електричната спроводливост, а E е електричното поле (во волти по метар).

Наводи

  1. Handbook of Chemistry and Physics, Fortieth Edition, стр. 3112, 1958