Марко Пиноти: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 91: Ред 91:
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Пиноти, Марко}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Пиноти, Марко}}
[[Категорија:Италијански велосипедисти]]
[[Категорија:Италијански велосипедисти]]
[[Категорија:Италијански етапни победници на Џиро д‘Италиа]]
[[Категорија:Италијански етапни победници на Џиро д’Италиа]]
[[Категорија:Родени во 1976 година]]
[[Категорија:Родени во 1976 година]]
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Живи луѓе]]

Преработка од 23:16, 27 мај 2012

Марко Пиноти
Лични податоци
Цело имеМарко Пиноти
Роден25 февруари 1976(1976-02-25)(48 г.)
 Италија
Податоци за клубот
Мом. клубИнтермарше-Сиркус-Ванти
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за хронометри
Аматерски клубови
1998 Полти (тренинг)
Професионални клубови
1999–2004
2005–2006
2007–2011
2012–
Лампре-Даикин
Соние Дувал-Продир
Т-Мобајл Тим
Аксент.џобс-Вилемс Веранда
Значајни победи
Џиро д‘Италиа, 1 етапа, 2 екипни хронометри
Вуелта ал Паис Васко, 2 етапи
Трка околу Ирска (2008)
Национален хронометарски првак (2005, 2007, 2008, 2009, 2010)
Последна промена
8 април 2012

Марко Пиноти (роден на 25 февруари 1976 во Осио Сото, Ломбардија) е италијански друмски велосипедист за UCI ProTeam екипата Интермарше-Сиркус-Ванти.[1] Пиноти е специјалист за индивидуален хронометар, во кој тој бил петкратен италијански хронометарски првак (2005, 2007, 2008, 2009 и 2010).

Кариера

Како аматер тој освоил 28 трки и станал професионалец во 1999 со екипата Лампре-Даикин. Тој го освоил ГП Европа во 1999 со неговиот колега Раивис Белохвошчикс и петтата етапа на Трка околу Полска 2000.

Во 2001 завршил втор на етапата 15 на Тур де Франс зад Белгиецот Рик Вербруге. Тој имал операцијата на неговата лактна коска во ноември 2001 и повторно започнал да тренира во февруари 2002. Се вратил на натпреварувања во април 2002.

Сезоната 2003 му донела некои победи, освојувајќи етапата 4 на Вуелта ал Паис Васко и планинскиот пласман. На Биси Васка доживеал несреќа и ја скршил неговата карлица, принудувајќи го на одмор. Негова специјалност се индивидуалните хронометри.

Пиноти ѝ се придружил на новосоздадената шпанска екипа Соние Дувал-Продир во 2005. Станал италијански индивидуален хронометарски првак во 2005. Пиноти бил втор зад Лука Аскани на италијанското хронометарски првенство во 2007,[2] но Аскани бил позитивен на тестирањето за ЕПО и Пиноти ја добил маичката.[3] Пинот ја задржал титулата во 2008.

Во 2008, Пиноти му се придружил на Хајроуд, кој станал Колумбија ХајРоуд во 2009 и ХТЦ-Колумбија во 2010.

За сезоната 2012, Пиноти му се приклучил на Аксент.џобс-Вилемс Веранда, откако екипата ХТЦ-Хајроад се распаднала.[1]

Достигнувања

2003
1рв Етапа 4 Вуелта ал Паис Васко
2005
1рв Национален хронометарски првак
2007
1рв Национален хронометарски првак
2008
1рв Национален хронометарски првак
1рв Краен пласман Трка околу Ирска
1рв Етапа 21, Џиро д‘Италиа
3ет Краен пласман Тур де Романди
2009
1рв Национален хронометарски првак
1рв Етапа 5 Вуелта ал Паис Васко
1рв Етапа 1 екипен хронометар (TTT) Џиро д‘Италиа
1рв Етапа 3 (TTT) Тур де Романди
2010
1рв Национален хронометарски првак
7ми Краен пласман, Тур де Романди
1рв Пролог
5ти Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
9ти Краен пласман Џиро д‘Италиа
2011
1рв Етапа 1 (TTT) Џиро д‘Италиа - Ја носел розовата маичка на етапа 2
4ти Краен пласман Тур де Романди
6ти Краен пласман Тирено-Адријатико
2012
1рв Етапа 1 (TTT) Џиро дел Трентино
1рв Спринтерски пласман Трка околу Баскија

Наводи

  1. 1,0 1,1 „БМЦ потпиша со Пиноти и Ван Гардерен“. Cycling News. Future Publishing Limited. 1 септември 2011. Посетено на 8 април 2012.
  2. Предлошка:Цитирана веб страница
  3. Предлошка:Цитирана веб страница

Надворешни врски

Предлошка:Persondata