Александар III Македонски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:


{{Александар Македонски}}
{{Александар Македонски}}
'''Александар Македонски''' ([[грчки]]: Αλέξανδρος ο Μέγας (Γ' ο Έλλην Μακεδών),Μέγας Aλέξανδρος, Александар III Велики, р. [[Пела]], [[20 јули]], [[356 п.н.е.]] — [[Вавилон]], [[10 јуни]], [[323 п.н.е.]]), е крал на [[Македонија]] (од [[336 п.н.е.]] до [[323 п.н.е.]]), член на кралската династија [[Аргеади]]. Тој е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на [[Грција|грчките]] [[градови-држави]] под водството на неговиот татко [[Филип II Македонски]], Александар ја покорил моќната [[Персија|Персиска Империја]], вклучувајќи ја [[Анадолија]], [[Сирија]], [[Египет]], и [[Месопотамија]], и ги проширил границите на [[Македон]]ија, дури до [[Авганистан]] и [[Индија]]. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-[[Антички Македонци|македонци]] во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде ''светска држава''.
'''Александар Македонски''' ([[грчки]]: Αλέξανδρος ο Μέγας (Γ' ο Έλλην Μακεδών), Μέγας Aλέξανδρος, Александар III Велики, р. [[Пела]], [[20 јули]], [[356 п.н.е.]] — [[Вавилон]], [[10 јуни]], [[323 п.н.е.]]), е крал на [[Македонија]] (од [[336 п.н.е.]] до [[323 п.н.е.]]), член на кралската династија [[Аргеади]]. Тој е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на [[Грција|грчките]] [[градови-држави]] под водството на неговиот татко [[Филип II Македонски]], Александар ја покорил моќната [[Персија|Персиска Империја]], вклучувајќи ја [[Анадолија]], [[Сирија]], [[Египет]], и [[Месопотамија]], и ги проширил границите на [[Македон]]ија, дури до [[Авганистан]] и [[Индија]]. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-[[Антички Македонци|македонци]] во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде ''светска држава''.


Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде исто така голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар Македонски. Можело да се случи, но не се случило да [[Филип Македонски]] освои се што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ни едно големо и славно дело. Сепак, пред необузданиот копнеж на Александар Македонски за воени подвизи и откривање на далечни непознати земји се отворило бескрајно поле на можности.
Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде исто така голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар Македонски. Можело да се случи, но не се случило да [[Филип Македонски]] освои се што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ни едно големо и славно дело. Сепак, пред необузданиот копнеж на Александар Македонски за воени подвизи и откривање на далечни непознати земји се отворило бескрајно поле на можности.

Преработка од 23:13, 6 февруари 2008

За други историски личности со името Александар III, видете Александар III.
Александар III Македонски
Крал на Македонија, Шах на Персија, Фараон на Египет
356 п.н.е–10 јуни, 323 п.н.е

Александар Македонски во битка против персискиот крал Дариј III (вон рамката)
(Александров мозаик од Помпеја, според оригинална грчка слика од III век п.н.е)
Роден во:Пела, Македон
Починал во:Вавилон

Александар Македонски (грчки: Αλέξανδρος ο Μέγας (Γ' ο Έλλην Μακεδών), Μέγας Aλέξανδρος, Александар III Велики, р. Пела, 20 јули, 356 п.н.е.Вавилон, 10 јуни, 323 п.н.е.), е крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Тој е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, и ги проширил границите на Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-македонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава.

Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде исто така голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар Македонски. Можело да се случи, но не се случило да Филип Македонски освои се што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ни едно големо и славно дело. Сепак, пред необузданиот копнеж на Александар Македонски за воени подвизи и откривање на далечни непознати земји се отворило бескрајно поле на можности.

Детство и доаѓање на власт

Александар се родил од првиот брак на Филип со епирската принцеза Олимпија во триста педесет и шеста година пред нашата ера во почетокот на месецот хекатомбајон кој Македонците го нарекувале лоос и тоа во шестиот ден, во кој е запален и храмот на Артемида во Ефес. Од тоа Хегест од Магнезија ја изрекол изреката која со својот студ би можела да го изгаси огнот во храмот: “Се разбира, тој храм морал да изгори кога Артемида бабувала при раѓањето на Александар”. Неговото доаѓање на свет било цело во знакот на победата. Истиот ден кога се му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите, и победата на неговиот коњ на Олимписките трки. Посебните особини кои Александар ги поседувал и покажувал од мал, ја оправдале надежта на Филип дека во неговиот син се наоѓа посакуваниот наследник. Александар во него ги споил многуте карактерни црти од обата свои родители. Од неговата мајка, темпераментна жена подложна на мистицизмот ја наследил страсната и помалку тврдоглава личност, ирационален копнеж за непознатото и верба во посебна херојска слава, која му ја досудила судбината. Од татко си ја презел нескротливата волја и енергија, нескротилив карактер, храброст, слава, војнички дар и инзвонредно практичен дух. Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа демонска жена му оставила неизбришлива трага врз него.Татковиот пак, дипломатски, војнички и политички успех го поттикнало неговото честољубие и ги разгорил неговите соништа за водство и слава. Кај Плутарх се спомнува дека “Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку го сакал кралството кое ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава”. Меѓутоа Филип на Александар му должел многу повеќе од едно кралство.

Никој не можел да го упати подобро во воената вештина од човекот чија власт непрекинато извојувала победи, а војската која ја создал татко му била најсовршеното оружје кое човек можел само да го посака за остварување на неговите желби. Иако зафатен со себеси и со своите работи, рамнодушен и груб спрема својот најближен, Филип очигледно имал слабости спрема својот наследник и со гордост и уживање го следел развојот на неговата силна индивидуалност.

Роден од таква мајка и таков татко, Александар ја имал и среќата да стане ученик на најголемиот филозоф и научник во антиката. Кога Александар имал четиринаесет години, Филип го довел Аристотел во Македонија и му го доверил воспитувањето на својот син. Аристотел тогаш бил околу четириесет години и сеуште бил еден од најистакнатите ученици на Платон, далеку од неговата понатамошна слава. Тој бил зет и пријател на малоазискиот владетел Хермиј, кој пак со Филип одржувал добри пријателски односи. После умирањето на Платон, Аристотел се повлекол на дворот на Хермиј, каде се наоѓал и кога Филип го повикал во Македонија. Средбата на Аристотел со младиот Александар се прикажува како “еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.” Иако Александар тогаш уште бил дете и потенцијален престолонаследник, а Аристотел уште не ја започнал неговата плодна научна дејност која ќе го прослави низ вековите, не можеме, а да не го видиме во нив она што подоцна ќе станат: генијален, херојски настроен војсководец и обединител на Азија и Европа и генијален филозоф, во кој се слеала, созреала и кулминирала двовековната филозофска и научна мисла на Хелените.

Податотека:Makedonskocarstvo.jpg
Македонското царство пред смртта на Александар Македонски

Во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот крал и неговите другари врсници биле воспитувани во хеленски дух. Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. Часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се замениле со читање песни и разговори за поезијата, со учење геометрија, астрономија, реторика и еристика. Аристотел на својот млад воспитаник му влел огромна љубов кон песната. Тој за него ги рецитирал песните на Хомер и Александар никогаш не се одделувал од овие дела. Негови омилени јунаци биле Херакле и Ахил, кои ги сметал за свои предци. На влијанието на Аристотел врз учењето на Александар, истотака може да се препише и неговото големо интересирање кое го покажува кон природните науки, по што и неговите освојувачки војни често добивале карактер на истражувачки експедиции кои ги збогатиле географијата, етнологијата, биологијата, ботаниката, метеорологијата и многу други науки.

Македонското сонце со кралската дијадема во сончевата топка,симбол на Античко Македонското царство

Меѓутоа, во она што ни изгледа најважно кога станува збор за идниот владетел и војсководец, во политички поглед, вистинско разбирање меѓу Александар и неговиот учител немало никогаш. Во својот став спрема варварите, Александар бил пред следбеник на Антистеновата школа која била долга традиција на Македонскиот двор, а не на Аристотеловата. Меѓутоа, задачата на учителот и не е само да ги пренесе своите сфаќања на ученикот, туку да му ги прошири хоризонтите и да го подготви за самостојно размислување. Аристотел останал на Македонскиот двор до стапувањето на Александар на престолот на Македонија, но неговата наставничка мисија траела најмногу уште три години.

Младиот владетел и покрај подучувањата од Аристотел останал варварин, се научил да ја почитува културата на Хелада и сонувал за распространување на таа култура на Исток по патеките на неговата победничка војска. Развитокот на грчката трговија и размножувањето на грчките трговски места во Мала Азија создале економска можност и оваа област да стане член на Македонското Царство и Александар се надевал дека од ова место ќе зрачат само Македонската и Хеленската култура, но тој ја потценувал тромоста и отпорната сила на источниот дух, а и големината и длабочината на источната култура. Најпосле тоа било младешко вообразување, кога тој мислел дека една така незрела и нестабилна култура, како што била хеленската може да се наметне на некоја друга култура која била неспоредливо пораширена и имала корен во традициите достојни за најголемо почитување. Квантитетот на Азија излегол премногу крупен спрема квалитетот на Хелада. Во моментот на најголемата слава, во Александар победил духот на истокот. Тој покрај повеќето жени се оженил и со ќерката на Дариј, ја зел персиската круна и се облекувал како персиските кралеви, го вовел во Европа источниот поим „крал по милост Божја“ и најпосле ја запрепастил Хелада кога во величенствен стил изјавил дека тој е бог. Хелада на тоа се смеела, а Александар се опивал до бесвест, која подоцна го довела и до смрт.

Александар станал крал на Македонија во 336.г.п.н.е. на дваесетгодишна возраст, откако неговиот татко Филип II бил убиен. Грчките градови како Атина и Теба, кои морале да му се покоруваат на Филип, виделе можност да си ја повратат целосната независност во доаѓањето на младиот крал. Александар на тоа брзо се спротивставил, и Теба, која била најактивна против него, веднаш се предала кога тој со својата војска се појавил пред нејзините порти. По ова, Грчките градови, на собирот кај Коринтскиот теснец, со исклучок на Спартанците, го избрале за командант против Персија, како што претходно бил и татко му Филип.

Следната година (335.п.н.е.) Александар ги нападнал Тракијците и Илирите за да ја обезбеди северната граница на Македонија до Дунав. Додека тој победнички војувал на север, Тебанците и Атињаните повторно се побуниле. Александар реагирал веднаш и сурово: Теба, која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите Беотијски градови. Тебанците биле продадени во ропство, а само свештениците, потомците на поетот Пиндар, и приврзаниците на Македонија биле поштедени.

Период на освојувањa

Карта на царството на Александар 334.-323.г.п.н.е.

Падот на Персија

Армијата на Александар ги минала Дарданелите со околу 42000 војници од Македонија, разни грчки градови-држави, како и платеници и пратеници од Тракија, Пaјонија и Илирија. По почетната победа против Персиските сили во битката кај Граник, Александар го прифатил предавањето на провинциската престолнина и богатствата на градот Сардис, и продолжил по Јонското крајбрежје. Кај Халикарнас (денес Бодрум во Турција) Александар успешно ја спровел првата од многуте опсади, приморувајќи ги своите противници - платеничкиот капетан Мемнон од Родос и Оронтобатес - Персискиот сатрап од Карија, да се повлечат преку морето. Александар ја препуштил Карија на Ада, која била владетел на Карија пред да биде сменета од нејзиниот брат Пиксодарус. Од Халикарнас Александар продолжил во планинската Ликија и Памфилијската рамнина (близу денешна Анталија-Турција), преземајќи контрола над сите крајбрежни градови. Од Памфилија натаму, брегот немал позначајни пристаништа, и затоа Александар продолжил кон копното. Кај Термес Александар го покорил, но не го нападнал Писидијскиот град. Во античкиот град Гордиум, Александар го одврзал дотогаш нерешливиот Гордиев јазол, загатка која според легендите била решлива само од идниот „крал на Азија“. Според една од приказните, тој едноставно го пресекол јазолот со сабјата. Според друга, го одврзал така што го извадил делот од двоколката околу кој бил врзан.

Армијата на Александар ги минала Цилицијските порти, ја сретнала и поразила главната Персиска војска под команда на Дариј 3. во битката кај Ис (денес во Турција, на границата со Сирија) во ноември 333. год.п.н.е. Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, и бегајќи ги напуштил сопругата, две ќерки, мајка му Сисигамбa и непроценлива количина на богатство. Подоцна, тој му понудил мир на Александар, предавање на сите земји кои овој веќе ги освоил и откуп од 10000 таленти за своето семејство. Александар му одговорил дека бидејќи сега е тој крал на Азија, тој ќе решава за поделбата на земјата. Продолжувајќи по брегот на Средоземното море ги освоил градовите Опсада на Тир (денешен Либан) и Газа по познатите опсади.

Мозаик со Александар кој ја прикажува битката кај Ис, најден во Куќата на Фаун, Помпеја


Во 332.год.п.н.е. Александар се обидел да ја освои Нубија, но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите Поход на Египет. Во таа 332. и следнат 331. год., Александар бил добредојден како ослободител на Египет, кој до тогаш бил окупиран од Персија. Бил прогласен за син на Амон (египетски бог на сонцето, грчки: Зевс) од Египетските свештеници во пророчиштето во оазата Шива во Либијската пустина. Оттогаш, Александар често се повикувал на Амон-Зевс како на свој татко, а неговата слика на кованите пари била со биковски рогови како симбол на божественоста. Ја основал Александрија во Египет, која подоцна, по неговата смрт, станала напреден главен град на Птолoмејската династија.

Напуштајќи го Египет, Александар продолжил кон Асирија и на 01.10.331.год.п.н.е. го победил Дариј уште еднаш во [Битка кај Гавгамела | битката кај Гавгамела](веројатно близу до Мосул, денешен Ирак). Повторно Дариј бил принуден да побегне од бојното поле, но овојпат Александар го следел до Арбела, откаде овој пребегнал во Екбатана (денешен Иран).

Потоа Александар тргнал кон Вавилон. Од Вавилон, Александар се упатил во Суса, еден од главните градови на Персија, и го освоил неговото легендарно богатство. Испраќајќи ја главнината од својата војска кон главниот град на Персија Персеполис, Александар ги нападнал и освоил Портите на Персија (денес планината Загрос), а потоа побрзал кон Персеполис пред неговата војска да го опљачка богатството на градот. За време на нивниот претстој во градот, избил пожар во палатата на Ксеркс и се проширил низ остатокот од градот.

По освојувањето на Персеполис, Александар ја продолжил потерата по Дариус. До тогаш, Персискиот крал веќе бил заробен од Бесус, неговиот Бактријски сатрап и сонародник. Додека Александар наближувал, Бесус наредил да го убијат Дариј, а потоа се прогласил за негов наследник под името Артаксеркс 5. и се повлекол во централна Азија од каде организирал герилски напади против Александар. Со смртта на Дариј, Александар ја прогласил осветничката војна за завршена, и ги ослободил своите грчки и други сојузници од својата војска, но им дозволил на доброволците да останат како платеници.

Неговата понатамошна тригодишна воена кампања, прво против Бесус, а потоа и против Спитамен, сатрап од Согдијана, го одвела Александар низ повеќе делови на денешен Авганистан и Таџикистан. Притоа, формирал повеќе градови со името Александрија, од кои некои постојат и денес, на пример Кандахар во Авганистан и Хуџанат во Таџикистан. неговите противници биле поразени Бесус во 329., а Спитамен во 328г.п.н.е.

Походот на Индија

Воена кампања и движење на Александар во неговиот поход на Индија.

После смрта на Спитамена и бракот со Роксана (Рошанак на Бактриски), Александар ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326 г.п.н.е. Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од Гандара, територија на север од денешен Пакистан, да му се покорат и да тргнат со него. Амби, владетелот на Таџила, чие кралство се простирало од Индус до Џелум, така и направил. Но водачите на некои кланови, како например Асапсиос и Асакеноис, познати во Индиските текстови како Ашвајани и Ашвакајани (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, во Санскритскиот јазик Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.

Александар лично ја превземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, Агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините Алишанг и Гуреа, како и на кланот Асакеноис во долините Сват и Бунер. Според современите историчари, било доста тешко за Александар да ги покори овие племиња, меѓу кои племињата Масага и Аорну дале силен отпор. Посебно драматични биле борбите со кланот Аспасиос, во кои Александар бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката. 40,000 воини биле заробени.

Асакеноисите му се спротивставиле на Александар со армија од 30,000 борбени кочии, 38,000 пешадија и 30 слонови. Тие се бореле храбро и пружиле силен отпор во многу утврдени места како што биле градовите Ора, Базира и Масага. За да се скрши жестокиот отпор кај утврдувањето Масага биле потребни неколку дена жестока и крвава битка во која Александар бил сериозно ранет во потколеницата. Кога поглаварот на Масага загинал во битката, команда над неговата војска ја превземала неговата мајка Клеофис, која исто така била цврсто решена да ја брани својата татковина до последниот здив. Примерот со Клеофис кажува дека во битката исто така била вклучена и женската популација на утврдувањето. Александар за да ја совлада Масага морал постојано да врши дотур на свежа војска со цел да го одржи моралот на својата војска. Според Куртис, Александар не само што Александар ја уништил војската и останатите жители на Масага тој исто така го разрушил до темел, го пеплосал градот. На сличен начин својот бес подоцна Александар го искажал и на Ора, следното упориште на Асакеносите.

При крајот на битките кои ги водел Александар во Масага и Ора, голем број на Акакеносите се префрлиле во утврдувањето високо во планините наречено Аорнос. Александар постојано бил зад петици на овие трупи. Само после четири дневна крвава битка Александар го завземал и ова утврдување кое се сметало за неосвоиво. Пустошења како во Масага се повториле и во Аорнос.

Пишувајќи за битките на Александар против Асакеносите, Виктор Хансон вели: Иако им ветил на опколените Асакеноси дека ќе им ги поштеди животите ако се предадат, тој ги погубил сите војници кои биле заробени. Нивните упоришта во Ора и Аорнус исто така биле разрушени.

Сисикотос, кој му помогнал на Александар во овие битки, подоцна бил назначен за владетел на Аорнус.

Откако го совладал Аорнус, Александар ја преминал реката Инд и влетал во епската битка против Пор, владател на територијата Пенџаб во битката кај Хидасп во 326 г.п.н.е.

Слика на Шарл Ле Брeн на која се претставени Александар и Пор за време на битката кај Хидасп.

После победата, Александар бил импресиониран од храброста на Пор во битката, па затоа влегол во сојуз со него назначувајќи го за управител на неговото кралство, дури и придодавајќи му во владение и територии кои претходно Пор не ги владеел. Потоа Александар изградил два нови града, од кој едниот го именувал Букефал, во чест на неговиот коњ кој го донел него до Индија а загинал во Битката кај Хидасп. Александар продолжил со освојувања на сите утврдувања покрај реката Инд.

Источно од кралството на Пор, близу до реката Ганг, се наоѓало моќното царство на Магада под владение на династијата Нанда. Стравувајќи од судир со уште една моќна Индиска војска, изморена од повеќегодишните воени походи, војската на Александар запира кај реката Биас одбивајќи да маршира понатаму кон исток. Така оваа река ја означува и границата до каде војската на Александар продрела на исток.

После битката со Пор, моралот на војската на Александар опаднал за понатамошни походи. А покрај се, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател. Војската на Александар имала на располагање околу 20 илјадна пешадија и околу две илјади коњаници. Војската отворено се спротиставила на инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри (32 фурлонга), со длабочина од 183 метри (100 фатоми). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови. Некои дури извори велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, двеста илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии, и 6 илјади борбени слонови. - Плутарх, Вита Александри, 62[1]

Александар, после состанокот со неговиот офицер Коенус, бил убеден дека е подобро да се откажат од понатамошни походи и да се вратат назад. Александар бил приморан да сврти на југ. На патот кон југ војската се судрила со кланот Мали, (во денешно време Мултан). Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период. Но војската на Александар после жестоките битки го покорува кланот Мали. Во едне од налетите на утврдувањета Александар бил сериозно ранет од стрела.[2] Неговата војска, мислејќие дека нивниот крал е мртов, ја завземаат тврдината и го искалуваат нивниот бес на заробениците.[3]. После ова, Мали бил окупиран од војската на Александар, а главницата продолжила со движење [4]. Поголемиот дел од својата армија Александар ја насочува кон Карманиа (во денешно време јужниот дел на Иран) на чело со генералот Кратер, а еден дел гради флота за да го истражи Персискиот залив под водство на адмиралот Неарх, додека со останатиот дел од војската се враќа назад во Персија по јужната рута низ пустината Гедрозија (во денешно време дел од јужен Иран и Макран во јужен Пакистан).

Александар дел од своите сили оставил во Индија. На територијата на Индус, тој го номинирал неговиот офицер Пејтон како сатрап, позиција која тој ја задржал следните десет години се до 316 г.п.н.е., а во Пенџаб тој го оставил генералот Еудемус како командат на војската под владение на Пор и Таџили. Еудемус станува господар на Пенџаб после смртта на овие двајца. И двајцата владетели (Пејтон и Еудемус) се враќаат на запад во 316 г.п.н.е. со нивната војска, а на нивно место Чандрагупта Мауриа го формира Царството Мауриа во Индија.

После походот во Индија

Патувајќи за Суса, Александар открил дека многу од неговите сатрапи и воени управници лошо се однесувале во негово отсаство и казнил со смрт извесен број од нив за пример. Во знак на благодарност, ги платил долговите кон војниците, и објавил дека ќе ги испрати постарите и осакатените ветерани назад во Македонија под водство на Кратер. Но, војската не ги разбрала неговите намери и се побунила во градот Опис, одбивајќи да биде испратена назад и критикувајќи ги неговите новоусвоени Персиски обичаи, како и воведувањето на Персиски офицери и војници во војската. Александар ги погубил водачите на бунтот. Во обид да воспостави трајна слога помеѓу македонските и персиските граѓани, организирал и масовна венчавка помеѓу македонските офицери и персиските и други благороднички од Суса, но изгледа мал број од тие бракови траеле повеќе од една година.

Неговите обиди да ги обедини македонската и персиската култура вклучувале и македонска воена обука за персиските момчиња. Повеќето историчари веруваат дека Александар ја усвоил и титулата Шаханшаш (што значи „Крал на Кралевите“).

Се мисли и дека Александар сакал да го освои и присоедини и Арабискиот полуостров, но оваа теорија не е потврдена. Се претпоставувало и дека Александар може да се упати на запад и да ги нападне Картагина и Италија.

По патувањето во Екбатана за да го преземе најголемиот дел од персиското богатство, неговиот најдобар пријател, и веројатно љубовник, Хефестион умрел од болест, или можеби од труење. Александар тагувал по умрениот пријател 6 месеци.

Смрт и наследство

На 10 или 11 јуни 323 г.п.н.е, Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден месец пред да наполни 33 години. Постојат различни теориии за причините на смртта. Некои сметаат дека Александар бил отруен од синот на Антипатер или од некој друг. Друга теорија е дека починал после пијанствата претходните денови. Други сметаат дека починал од маларија од која се има заразено во 336 г.п.н.е.

Непосредно пред неговата смрт, неговите генерали го запрашале кој треба да го наследи неговото царство. Бидејќи Александар немал очигледен и легитимен наследник (неговиот син Александар IV ќе се роди после неговата смрт, а неговиот претходен син бил роден од страна на негова конкубина, не жена), тоа било прашање од голема важност. Постојат повеќе дебати за тоа што им одговорил Александар на своите генерали. Некои веруваат дека Александар рекол, "Кратисто" (што значи "на најсилниот") или "Крат'ерои" (на силниот).

Но можеби Александар рекол, "Кратер'ои" (на Кратер). Ова е сосема возможно бидејќи изговорот на "на силниот" и на "Кратер" на грчки јазик се разликува само во позицијата на акцентираниот слог. Повеќе учени веруваат дека Александар имал намера да избере некој од неговите генерали, а очигледен избор бил Кратер, бидејќи тој бил командат на најголемиот дел од армијата, се докажал како брилијантен командат, и бил олицетворение на "идеален" Македонец. После ваквиот одговор на Александар кој им го дал на своите генерали, најверојатно Кратер бил убиен пред воопшто да биде во можност да организира церемонија по повод неговото назначување.

Како последица на тоа империјата на Александар Македонски било поделено на четири царства.

Поделба на царството на Александар
  Кралство на Птоломеј I Сотир
  Кралство на Касандер
  Кралство на Лисимах
  Кралство на Селеукус
Други држави
  Рим


Поделба на империјата

По неговата смрт неговата држава се распаѓа на три дела: династијата Птолемаидите ќе го превземе Египет, Антигонидите - Македонија и Грција, а Селевкидите - Блискиот Исток. Александар егзистира како митска личност во митовите на многу европски, азиски и афрички народи.

Видете исто така


Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA

  1. Plutarch, Vita Alexandri, 62
  2. Plutarch, Alexander 63.5.
  3. [1]
  4. Alexander the Great Alexander of Macedon Biography,History of Macedonia