Око: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Робот: Брише ckb:چاو
Ред 129: Ред 129:
[[he:עין]]
[[he:עין]]
[[jv:Mata]]
[[jv:Mata]]
[[kn:ಕಣ್ಣು]]
[[pam:Mata]]
[[pam:Mata]]
[[krc:Кёз]]
[[krc:Кёз]]
[[ka:თვალი (მხედველობის ორგანო)]]
[[ks:أچھ]]
[[ks:أچھ]]
[[kk:Көз]]
[[kk:Көз]]
Ред 145: Ред 145:
[[ln:Lǐso]]
[[ln:Lǐso]]
[[jbo:kanla]]
[[jbo:kanla]]
[[hu:Szem]]
[[ml:കണ്ണ്]]
[[ml:കണ്ണ്]]
[[mr:डोळा]]
[[mr:डोळा]]

Преработка од 15:19, 5 мај 2012

Човечко око.

Око е името на органот за вид на повеќеклеточните животни. Еволутивно, првите “очи” претставуваат во суштина молекулска агрегација на фоторецепторите во едноклеточните организми. Со усложнување на градбата на организмите, фоторецепторите се преместуваат на одредено и константно место во организмот, градејќи ги првите сетилни органи за вид. Кај примитивните животни, очите се клучни за брзи реакции во движењата, предаторството или бегањето. Кај посложените животни, сетилото за вид е само едно од примачите на информации од надворешноста и овие информации се интегрираат во мозокот.

Еволуција на окото

Сложените очи на вилинското коњче.

Кај еволутивно најпримитивните животни, сунѓери, не постојат очи како органи. Возрасните сунѓери се силни организми кои имаат филтрирачки начин на исхрана и во нивниот живот фоторецепцијата нема голема улога. Младите сунѓери и ларвите се подвижни организми и ним сетилото за вид им е повеќе потребно, иако се до неодамна се сметало дека ни ларвите на сунѓерот немаат очи. Со експериментите на осветлување на ларвите, докажано е нејзиното бегање од осветлувањето (тоа понатаму водело до откривање на фоторецепторите групирани на едниот крај на ларвата, опколени со трепките кои ја раздвижуваат ларвата). Кај останатите без‘рбетници, очите по правило се развиени. Исклучок прават паразитски облици или организми во најголемите морски длабочини, но повеќето животни за кои би се рекло дека немаат очи, тие ги имаат. Така, очи постојат кај инсектите, раковите, пајакот, но и кај медузите, планаријата и школките.

Постојат разлики меѓу очите на поедини групи животни. Во прв ред, очите можат да бидат прости, односно изградени од една фоторецепторна клетка опкружена со потпорни клетки или сложени, кога има систем од повеќе рецепторни клетки кои се интегрираат во процесот на примање на дразби. Повеќето прости очи служат само за детектирање на светлина, но кај некои организми (пајаци и некои гасеници) овие очи создаваат и слики. Сложените очи се едни од важните карактеристики, изградени од многу фацети (мало просто око), по кои се одликуваат инсектите. Иако често се смета дека секоја фацета создава сопствена слика и дека инсектите гледаат умножео, оваа ситуација е ретка - најчесто е во прашање добра координација на фацетата која овозможува создавање на слика од голем агол на гледање и голема резолуција во мозокот. Фоторецепцијата има голема и важна улога во секојдневието кај животните. Кај животните кои зависат од сетилото за вид во потрагата по храна, очите се добро развиени. Најразвиени се очите кои ги поседуваат главоногите и ‘рбетниците. Во овие две групи на животни, очите низ различни еволутивни патеки доаѓаат на исто решение на градба и функционирање на органите за вид.

Око е името на органот за вид на повеќеклеточните животни. Еволутивно, првите „очи” претставуваат во суштина молекулска агрегација на фоторецепторите во едноклеточните организми. Со усложнување на градбата на организмите, фоторецепторите се преместуваат на одредено и константно место во организмот, градејќи ги првите сетилни органи за вид. Кај примитивните животни, очите се клучни за брзи реакции во движењата, предаторството или бегањето. Кај посложените животни, сетилото за вид е само едно од примачите на информации од надворешноста и овие информации се интегрираат во мозокот.

Очи на ‘рбетниците

1: posterior chamber2: ora serrata3: ciliary muscle4: ciliary zonules5: canal of Schlemm6: pupil7: anterior chamber8: cornea9: iris10: lens cortex11: lens nucleus12: ciliary process13: conjuntiva14: inferior oblique muscule15: inferior rectus muscule16: medial rectus muscle17: retinal arteries and veins18: optic disc19: dura mater20: central retinal artery21: central retinal vein22: optical nerve23: vorticose vein24: bulbar sheat25: macula26: fovea27: sclera28: choroid29: superior rectus muscule30: retina
1:задна комора 2:ora serrata 3:цилијарен мускул 4:цилијарни зонули 5:Шлемов канал 6:пупила 7:предна комора 8:cornea 9:iris 10:lens cortex 11:lens nucleus 12:цилијарен процес 13:conjuntiva 14:инфериорен обличен мускул 15:инфериорен ректусен мускул 16:медијален ректусен мускул 17:ретинални артерии и вени 18:оптички диск 19:dura mater 20:централна ретинална артерија 21:централна ретинална вена 22:оптички нерв 23:вортикозна вена 24:топчест слој 25:macula 26:fovea 27:sclera 28:choroid 29:горен ректусен мускул 30:retina

Очите на ‘рбетниците можат да бидат:

  • Непарни, кои ги имаат мал број ‘рбетници во вид на темено (круглоусти, некои риби и гуштери) и пинеално око (кај круглоусти, а кај останатите ‘рбетници тоа еволуирало во епифиза)
  • Парни, кај најголемиот број ‘рбетници, вклучувајќи го и човекот.

Парните очи се изградени од типот на затворен очен меур (очно јаболко). Очното јаболко е обвиткано со три слоја:

  • Белка — надворешна обвивка која на предниот дел образува проѕирна рожница
  • Садовница — богата со крвни садови; на предниот дел образува должница, која на средината има отвор наречен зеница; зад должницата лежи очното сочиво
  • Мрежница — внатрешна обвивка; таа е најсложен дел на окото и во неа се наоѓаат сетилните клетки односно фоторецепторите:
    • Стапчиња — одговорни за разликување на светлина и темнина; кај цицачите тие се побројни од чунчињата
    • Чунчиња — одговорни се за воочување на бои и детални предмети; најмногу ги има во средината на мрежницата (на линијата која поминува низ центарот на окото), на местото кое се нарекува жолта дамка - место на најостриот вид.

Предлошка:Link FA