Википедија:Решавање на спорови: Разлика помеѓу преработките
с Робот: Додава as:ৱিকিপিডিয়া:মতবিৰোধ সমাধান, sr:Википедија:Решавање сукоба |
с Робот: Додава lt:Vikipedija:Konfliktų sprendimas |
||
Ред 54: | Ред 54: | ||
[[ka:ვიკიპედია:კონფლიქტების გადაჭრა]] |
[[ka:ვიკიპედია:კონფლიქტების გადაჭრა]] |
||
[[kk:Уикипедия:Пікірталас шешімі]] |
[[kk:Уикипедия:Пікірталас шешімі]] |
||
[[lt:Vikipedija:Konfliktų sprendimas]] |
|||
[[hu:Wikipédia:Vitarendezés]] |
[[hu:Wikipédia:Vitarendezés]] |
||
[[ml:വിക്കിപീഡിയ:തര്ക്കപരിഹാരം]] |
[[ml:വിക്കിപീഡിയ:തര്ക്കപരിഹാരം]] |
Преработка од 15:16, 23 април 2012
Ова правило за разрешување спорови опишува што треба да се направи кога се има спор со друг уредувач.
Фокусирање на содржината
Најважниот прв чекор е да се фокусираш на самата содрѓина на статијата, не на уредувачот што ја креирал. Википедија е направена врз принципот на соработка и земајќи ги во предвид и напорите од останатите корисници е важно за целата заедница.
Кога ќе пронајдеш текст за кој мислиш дека е несоодветен, поправи го ако можеш. Ако тоа не е лесно, и не се согласуваш со гледната точка изразена во текстот, не ја бриши веднаш. Подобро е да се избалансира за да се добие неутрален поглед во самата статија.
Секогаш објаснувај ги промените што ги правиш за да видат и согласат останатите корисници со тоа. Ако уредувањето е вратено од останатите корисници, започнете разговор на страната за разговор од таа статија.
Биди разумен
Повеќето од ситуациите не се итни. Дозволете си да помине некое време. Често тоа помага да се оладат страстите и да се размислува со разумна глава. Секогаш може да се разреши ситуацијата. Не престанувајте со работа туку продолжете да уредувате и други статии. Во меѓу време, можеби и други корисници ќе се заинтересираат за спорната статија и може да предложат или изнајдат различни аспекти за разрешување на ситуацијата. Ова најчесто е корисно со новите Википедијанци и им остава простор да се запознаат со правилата на Википедија и напатствијата за уредување статии.
Ако ситуацијата е итна
- пријави насилство и злоупотреба на правилата на Википедија за цивилност и лични напади.
- пријави несоодветно корисничко име на Википедија:Огласна табла за администратори.
- пријави уредувачко војување на огласната табла за администратори.
- барај бришење на лични информации.
- пријави сомнеж за марионетство.
Ако корисникот има потреба од администраторска интервенција, пријавете на Википедија:Огласна табла за администратори. Таблата не е место каде се покренуваат спорови со одредени теми или за нечие однесување. Администраторите не се судии, туку помагаат за разрешување спорови.
|