Оман: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Робот: Менува diq:Uman
JhsBot (разговор | придонеси)
с r2.7.2+) (Робот: Додава lez:Оман
Ред 201: Ред 201:
[[ht:Omàn]]
[[ht:Omàn]]
[[ku:Oman]]
[[ku:Oman]]
[[lez:Оман]]
[[la:Omania]]
[[la:Omania]]
[[lv:Omāna]]
[[lv:Omāna]]

Преработка од 22:13, 29 март 2012

Султанат Оман
سلطنة عُمان Salṭanat ‘Umān
Знаме National Emblem
Геслонема
ХимнаNashid as-Salaam as-Sultani
Местоположба на Оман
Главен градМускат
23°36′N 58°33′E / 23.600° СГШ; 58.550° ИГД / 23.600; 58.550
Најголем град главниот град
Службен јазик арапски
Демоним Оманец
Уредување Исламска апсолутна монархија
 •  Султан Кабус Саид ал Саид
 •  Канцелар Фахад бин Махмуд
Основање
 •  Основан имамат[1] 751 
 •  Независност од Португалија 1651 
Површина
 •  Вкупна 309,550 км2 (70th)
 •  Вода (%) н/п
Население
 •  проценка за mid 2006 г. 2,577,000[2] (139-та)
 •  Попис 2003 2,341,000 
 •  Густина 8.3 жит/км2 (219th)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $66.889 милијарди[3] 
 •  По жител $24,153[3] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $52.584 милијарди[3] 
 •  По жител $18,987[3] 
ИЧР (2007) 0.814
Error: Invalid HDI value · 58th
Валута ријал (OMR)
Часовен појас (UTC+4)
 •  (ЛСВ)  (UTC+4)
Се вози на десно
НДД .om
Повик. бр. 968

Оман (арапски: عمان ‘Umān) или официјално Султанат Оман (арапски: سلطنة عُمان Salṭanat ‘Umān) е арапска држава во Југозападна Азија. Оваа држава се наоѓа во југоисточниот дел од Арапскиот Полуостров и граничи со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на северозапад, Саудиска Арабија на запад и со Јемен на југозапад.

Оман излегува на два големи водени басени. На југ и на исток се наоѓа Арапското Море додека на североисток се наоѓа Оманскиот Залив. Како дел од територијата на Оман се и ексклавите Мусандам и Мада, одвоени од територијата на Оман со ОАЕ.

Главен град на Оман е Мускат и мнозинското население на државата е со арапско, односно семитско потекло. Официјален јазик е арапскиот, официјална религија е исламот и државата е апсолутна монархија.

Историја

Оман со векови бил важен трговски центар. Во 1508 година Португалците го заземаат главното пеистаниште, Мускат, и го држат до доаѓањето на Османлиите во 1659 година. Тие се протерани во 1741 година, кога Ахмед ибн Саид ја основа сегашната владејачка династија. На почетокот од 19-от век Оман станува важна регионална сила со поседи во Балуџистан и Занзибар. Од 1891 до 1971 година Оман е британски протекторат.

Географија и клима

Сурски брег.

Oгромна пустина покрива поголем дел од централен Оман, со планински масиви, вклучувајќи ги и северниот и југоисточниот делови од брегот, каде што поголемите градови на земјата се наоѓаат, меѓу кои и Мускат- главниот град.

Климата на Оман е топла и сува во внатрешноста и влажна по должината на брегот. Во текот на изминатите епохи Оман била покриена со океан. Фосилизирани школки постојат во голем број во делови на пустината, подалеку од денешното крајбрежје.

Полуостровот Мусандам, кој има стратешка местоположба во теснецот Хормуз, го дели Оман на два дела, односно ексклавата Мусандам е поделена со територијата на ОАЕ.

Оман има уште една друга ексклава, во внатрешноста на територијата на ОАЕ, позната како Мада. Се наоѓа на половина пат помеѓу полуостров Мусандам и остатокот од Оман. Оваа ексклава покрива околу 75 км ². Границата е решена во 1969 година.

Политички систем

Палатата на султанот во Мускат.

Шефот на државата и владата е султанот, Кабос бин Саид ал Саид, кој поставува кабинет наречен „диванс“ кој помага во работата на султанот. Во почетокот на 1990-тите години, султанот воспоставил изборен советодавен совет, за кој малкумина Оманци имале право да гласаат. Правото на глас е за оние над 21 година и било усвоено на 4 октомври 2003 година. Над 190.000 луѓе (74% од оние кои биле регистрирани) гласале за изборот на 84 места во советот.

Две жени биле избрани за пратеничките места. Земјата денес има три жени министри Равија бинт Сауд ал Бусаидија - министер за високо образование, Шарифа бинт Халфан ал Јахјаеја - министер за социјален развој и Раџиха бинт Абдуламир бин Али ал Лавати- министер за туризам. Во Оман нема легални политички партии, ниту пак опозициско движење. Младите Оманци кои се враќаат назад во својата држава од студирањето во странство, реагираат на ваквиот систем во државата и сакаат промени во политичкиот систем базиран на племенските заедници.

Административна поделба

Економија

Население, јазик и религија

Околу 75% од населението се ибади (облик на ислам различен од сунитизмот и шиитизмот), 17% се шиити, а 8% се зикри.

Култура

Наводи

  1. http://encarta.msn.com/encyclopedia_761561099_7/Oman.html#s28 Fourth line down from the top of the history section: "In 751 Ibadi Muslims, a moderate branch of the Kharijites, established an imamate in Oman. Despite interruptions, the Ibadi imamate survived until the mid-20th century."
  2. Предлошка:Цитирана веб страница
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Предлошка:Цитирана веб страница

Видете исто така

Надворешни врски