Клод Моне: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: so:Claude Monet
с r2.7.1) (Робот: Додава als:Claude Monet
Ред 19: Ред 19:
[[Категорија:Сликари]]
[[Категорија:Сликари]]


[[als:Claude Monet]]
[[ar:كلود مونيه]]
[[ar:كلود مونيه]]
[[ast:Claude Monet]]
[[ast:Claude Monet]]

Преработка од 15:29, 25 март 2012


Клод Моне (француски: Claude Monet), исто така познат како Оскар-Клод Моне или Клод Оскар Моне (14 ноември, 1840 - 5 декември, 1926) бил познат француски импресионистички сликар. Терминот Импресионизам доаѓа од насловот на неговата слика Импресија, изгрејсонце, односно Клод Моне е еден од основачите на овој правец во уметноста.

Моне на почетокот сликал фигурални слики (пејзажи со 2-3 фигури), а потоа и вистински пејсажи. Некои мотиви ги пресликувал повеќепати, као на пример фасадите на Руенската катедрала.

Импресија, изгрејсонце (француски: Impression, soleil levant) е слика од уметникот Клод Моне, по која е наречено и самото движење „импресионизам“.

Сликата е потпишана со година 1872, но веројатно е насликана во 1873. На неа е прикажано пристаништето во Хавр, Франција, по пат на мошне лабави потези кои го наведуваат наместо да го отцртуваат делото. Моне подоцна го објаснил насловот: „Ми беше побарано да ставам наслов за во каталогот; Неможев баш да го наречам ова погед на Хавр. Затоа реков: 'Стави Импресија.'“ Шаблон:Facts

Се изложувала до 1874 за време на првата независна изложба на импресионистите (кои тогаш не се нарекувале така). Критичарот Луј Лерој, под впечаток на името на сликата, напишал статија во весникот Ле Шаривари со наслов „Изложбата на импресионистите“, и така ненамерно мѕ дал име на ова уметничко движење. Лерој таму напишал: Импресија — Сигурен бев. Баш си велев дека, штом бев импресиониран, делото мора да содржи некаква импресија … и каква слобода, каква леснотија на изработка! Тапет во ембрионска фаза е попотполн отколку овој морски пејзаж.

Сликата била украдена од музејот Мармотен-Моне во 1985 и повратена назад во 1990. Од 1991, па наваму таа е пак изложена. Дигитално одзаситена верзија на сликата--Сонцето и неговиот одблесок во водата тука се практично невидливи

Моне го насликал соннцето со речиси идентична доза на блесок како и небото, околност која укажува на висока влажност како и атмосферско бледнеење на светлината. Овој детал се заснова на употребата на комплементарни бои и разна температура на боја, а не на промената на интензитетот на боите или контраст на вредности, за истакнување и разликување на сонцето од неговото окружување.