Куков Проток: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: fa:تنگه کوک
Chobot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Менува ang:Cōcnearuness
Ред 25: Ред 25:
[[Категорија:Велингтон (регион)]]
[[Категорија:Велингтон (регион)]]


[[ang:Cōcnearu]]
[[ang:Cōcnearuness]]
[[ar:كوك (مضيق)]]
[[ar:كوك (مضيق)]]
[[bg:Кук (проток)]]
[[bg:Кук (проток)]]
Ред 46: Ред 46:
[[he:מצר קוק]]
[[he:מצר קוק]]
[[lt:Kuko sąsiauris]]
[[lt:Kuko sąsiauris]]
[[ro:Strâmtoarea Cook]]
[[nl:Straat Cook]]
[[nl:Straat Cook]]
[[ja:クック海峡]]
[[ja:クック海峡]]
Ред 52: Ред 51:
[[pl:Cieśnina Cooka]]
[[pl:Cieśnina Cooka]]
[[pt:Estreito de Cook]]
[[pt:Estreito de Cook]]
[[ro:Strâmtoarea Cook]]
[[ru:Пролив Кука]]
[[ru:Пролив Кука]]
[[simple:Cook Strait]]
[[simple:Cook Strait]]

Преработка од 03:17, 19 март 2012

Поглед на протокот
Траектот Арахура кој оперира во Куковиот Проток (на сликата во Марлборските заливи)
Местоположба на Куковиот проток

Куков Проток или Куков Теснец (англиски: Cook Strait) е теснец (проток) помеѓу Северниот и Јужниот остров на Нов Зеланд. Со векови бил нарекувал „Раукава Моана“ од маорите, но моменталното име му се должи на Капетан Џејмс Кук, првиот европски командант кој го препловил (јануари - февруари 1770). На северната страна на протокот се наоѓа градот Велингтон, а пак на јужната, Марлборските Заливи и т.н. Облачен Залив.

Веднаш западно, на Јужниот остров се наоѓаат два големи залива, Златен Залив и Тасманов Залив, и западно, брегот на Северниот остров е вовлечен во облик на џиновска крива кон брегот Капити and Јужнотараначкиот Залив. Источно Јужниот остров е вовлечен, со тоа што крајбрежјето оди југозападно по главата на Камбеловиот ‘Рт. Кусото јужно крајбрежје на Северниот остров оди долж Палисеровиот Залив, а завршува на Палисеровиот ‘Рт. Велингтонските населби Офирски Залив, Островски Залив, Хутонов Залив, Лијалов Залив, Ронготаи, врвот Моа и Брејкеровиот Залив гледаат кон брегот на Куковиот Проток.

Во добри временски прилики може да се види целиот Куков Теснец. Најтесниот дел има растојание од 23 км (помеѓу Терафитскиот ‘Рт на Северниот Остров и Перановската Глава на островот Арапава во Марлборските Заливи). Обратноинтуитивно, на ова место крајбрежјето на Јужниот Остров се наоѓа посеверно од крајбрежјето на Северниот Остров.

Превозот преку протокот се врши со траект кој оди помеѓу Пиктон во заливите и Велингтон. Заливот често е бурен заради силни јужни (и други) ветришта, од кои најсилни се оние во појасот наречен „Разрикани четириесетки“ (Roaring Forties).

Просечната длабочина на протокот е 128 метри.

Европска историја

Кога холандскиот морепловец Абел Тасман го открил Нов Зеланд во 1642, тој мислел дека ова е источно затворен залив. Затоа тој го крстил Зехенов Залив, по еден од двата брода на експедицијата. Во 1769 Џејмс Кук увидел дека протокот е пловен.

Препливување на протокот

Барем еден Маор го има препливано протокот („Раукава“) во 1831. По успешното препливување од страна на Бари Девонпорт на 20 ноември 1962, протокот е препливан многу пати потоа.

Надворешни врски