Младотурска револуција: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Codeks (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 62.162.217.198 (разговор), вратено на последната верзија на Mathonius
Ред 47: Ред 47:
== Младотурците и ВМОРО ==
== Младотурците и ВМОРО ==


[[Податотека:Sandanski, Dimo Hadzhi Dimov, Todor Panitsa with Young Turks.jpg|мини|десно|250п|Санданисти и младотурски офицери]]
ИГОР И ЖАРКО ДА НЕ УЧАТ
[[Податотека:Jane_Sandanski_Manifest_1908.jpg|мини|десно|250п|Манифест од 18 јули 1908 година]]

Во Младотурската револуција било инволвирано и македонското население. Во неа учество зеле и [[Македонци]] на чело со [[Јане Сандански]] кои се бореле за целите на Младотурците како и за добивање на автономија.

Откако уставот бил вратен на сила, четите на [[ВМОРО]] по наредба на Јане Сандански слегле од планините во градовите и учествувале во свеченостите по повод победата на Младотурците.

На [[31 јули]] [[1908]] година Сандански упатува Манифест до сите народности во Османската империја, во кој, а меѓу другото истакнал:

{{Цитатник|''Сонародници,
''Вие, кои дадовте толку скапи жртви пред олтарот на слободата, можете радосно да здивнете. Сега вие не сте сами - ете зошто вашата борба станува уште полесна и понадежна. Со заедничките усилби на сите народности ние ќе ја извојуваме нашата слобода. Не подавајте им се на престапната агитација која можеби ќе ја поведат официјалните власти во Бугарија против вашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се стреми кон слобода.''}}
{{Цитатник|''Драги сотатковници,''
''Ждрепката е веќе фрлена. Враќање назад нема, а и кој од вас би посакал да се врати повторно кон смрдливата атмосфера на неправдата и развратот на бившата тиранија? Да си дадеме сите збор дека ја претпочитаме смртта на светата слобода пред гнасниот јарем на ропскиот живот''.
''Бодроста, самопожртвуваноста и постојаната подготвеност за борба - ете што треба да не воодушевува во овој голем момент.''
''Смрт на тиранијата - за да живее народот! Да живее слободата! да живее солидарноста меѓу народите! Да живее големата народна борба! Да живее народот!'' <ref>[[:b:Манифест до сите народности во Османската империја 31 јули 1908 г.|Манифест до сите народности во Османската империја]]</ref> }}

По доаѓањето на Младотурците на власт уследиле мерки за давање политички слободи. Овој период на слободен живот кој траел кратко време е познат под името ''Хуриет'' (Слобода).

Сепак, набрзо се покажало дека Младотурците не ги спровеле реформите онака како што ветувале. Ги задржале постојните феудални институции, дури го оставиле султанот и натаму да владее.


== Контрареволуција и нејзино задушување ==
== Контрареволуција и нејзино задушување ==

Преработка од 13:31, 14 март 2012

Младотурска револуција

Влегување на Младотурците во Цариград
Датум 1908
Место Отоманска империја
Исход Победа на револуционерите
Завојувани страни
Комитетот Единство и прогрес, Македонската револуционерна организација и др. Султан Абдул Хамид II

Младотурската револуција е крената во 1908 година во Отоманската империја против апсолутизмот на султанот Абдул Хамид II. Револуцијата е крената од Младотурците кои имале формирано својата партија уште во 1889 година.

Причини

Во почетокот на XX век големите европски сили вршеле притисок врз Турција со цел да ја потчинат. Младата турска интелигенција билa свеснa дека султанската власт е сериозно поткопaна.

Прогонувани од султанската власт Младотурците создале центар за дејствување прво во Западна Европа, а нивното движење особено се засилило кога Солун станал негов политички центар и кога ја зеле под своја контрола турската војска.

Почеток на револуцијата

Револуцијата започнала на 3 јули 1908 година кога во Ресен младиот офицер Ахмед Нијази-бег организирал прва востаничка чета составена од турски војници и граѓани.

Наскоро востанието се проширило низ цела Македонија. Битола била заземена на 22 јули и при тоа биле ослободени сите политички затвореници: Македонци и Албанци.

Настанало општо збратимување меѓу до вчера закрвените народи. На 22 јули до султанот е упатен дводневен ултиматум да го врати Уставот, а на 23 јули во Солун избувнуваат масовни демонстрации организирани од Младотурците, на кои учествуваат околу 30.000 луѓе. И во Солун биле ослободени политичките затвореници.

Под притисок на ова масовно движење, султанот на 24 јули 1908 година го обновил Уставот од 1876 година и распишал избори за Претставничкиот дом (меџлисот).

На изборите кои се одржале есента 1908 година од Македонија се избрани и Тодор Павлов, Панчо Дорев, Христо Далчев и Димитар Влахов.[1]

Цел на Младотурците

Младотурски револуционери

Целта на Младотурците се темелела врз фактот дека Османлиското царство пропаѓа и ги губи сите свои освоени области. Но, по нивното стапување на власт се покажало дека ни тие не се во состојба да го спречат губењето на турските територии.

Покрај тоа, од нив се очекувало модернизација, уставотворност, а можеби и демократизација на земјата, но кога дошле на власт и овие очекувања не биле исполнети.

Младотурците и ВМОРО

Санданисти и младотурски офицери
Манифест од 18 јули 1908 година

Во Младотурската револуција било инволвирано и македонското население. Во неа учество зеле и Македонци на чело со Јане Сандански кои се бореле за целите на Младотурците како и за добивање на автономија.

Откако уставот бил вратен на сила, четите на ВМОРО по наредба на Јане Сандански слегле од планините во градовите и учествувале во свеченостите по повод победата на Младотурците.

На 31 јули 1908 година Сандански упатува Манифест до сите народности во Османската империја, во кој, а меѓу другото истакнал:

Сонародници,

Вие, кои дадовте толку скапи жртви пред олтарот на слободата, можете радосно да здивнете. Сега вие не сте сами - ете зошто вашата борба станува уште полесна и понадежна. Со заедничките усилби на сите народности ние ќе ја извојуваме нашата слобода. Не подавајте им се на престапната агитација која можеби ќе ја поведат официјалните власти во Бугарија против вашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се стреми кон слобода.

Драги сотатковници,

Ждрепката е веќе фрлена. Враќање назад нема, а и кој од вас би посакал да се врати повторно кон смрдливата атмосфера на неправдата и развратот на бившата тиранија? Да си дадеме сите збор дека ја претпочитаме смртта на светата слобода пред гнасниот јарем на ропскиот живот. Бодроста, самопожртвуваноста и постојаната подготвеност за борба - ете што треба да не воодушевува во овој голем момент. Смрт на тиранијата - за да живее народот! Да живее слободата! да живее солидарноста меѓу народите! Да живее големата народна борба! Да живее народот! [2]

По доаѓањето на Младотурците на власт уследиле мерки за давање политички слободи. Овој период на слободен живот кој траел кратко време е познат под името Хуриет (Слобода).

Сепак, набрзо се покажало дека Младотурците не ги спровеле реформите онака како што ветувале. Ги задржале постојните феудални институции, дури го оставиле султанот и натаму да владее.

Контрареволуција и нејзино задушување

На 13 април 1909 година султанот извршил противудар и младотурците биле истерани од парламентот и од владата. Следувала противофанзива во која на страната на младотурците учествувале и Јане Сандански, Тодор Паница и Христо Чернопеев заедно со уште 1.200 македонски револуционери.

По тридневни борби, на 24 април, контрареволуцијата е совладана. На 27 април султанот Абдул Хамид II е сменет, а за нов султан е поставен Мехмед Решад V.

Мерки на Младотурците

Набрзо Младотурците воведуваат рестриктивни мерки. Биле донесени закони против вооружените чети, против политичките партии и организации формирани на етнички и верски основи (од октомври 1909 година) и против работничките штрајкови.

Со тоа била отфрлена можноста за добивање на автономија на Македонија во рамките на Турција за што се залагала Народната федеративна партија.

Видете исто така

Наводи

  1. Јусуф Хамза „Младотурската револуција во Османската империја“, „Логос-А“, Скопје, 1995, 236 стр.
  2. Манифест до сите народности во Османската империја

Надворешни врски