Разговор со корисник:Raso mk: Разлика помеѓу преработките

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
с Покана за Вики средба
Ред 54: Ред 54:
::::::Токму во стандардниот јазик има два изговора на pf. Така сум учел, и има примери за ова. Ама, ај нема врска :)--<big><font face="Monotype Corsiva">[[Корисник:MacedonianBoy|Никола]] <sup>[[Разговор со корисник:MacedonianBoy|Стоіаноски]]</sup></font></big> 10:38, 28 февруари 2012 (CET)
::::::Токму во стандардниот јазик има два изговора на pf. Така сум учел, и има примери за ова. Ама, ај нема врска :)--<big><font face="Monotype Corsiva">[[Корисник:MacedonianBoy|Никола]] <sup>[[Разговор со корисник:MacedonianBoy|Стоіаноски]]</sup></font></big> 10:38, 28 февруари 2012 (CET)
:::Па има врска. Во тој случај треба поединечно да го пронаоѓаме изговорот на зборовите со pf. --[[Корисник:Bjankuloski06|Б. Јанкулоски]] <small>([[Разговор со корисник:Bjankuloski06|разговор]])</small> 12:40, 28 февруари 2012 (CET)
:::Па има врска. Во тој случај треба поединечно да го пронаоѓаме изговорот на зборовите со pf. --[[Корисник:Bjankuloski06|Б. Јанкулоски]] <small>([[Разговор со корисник:Bjankuloski06|разговор]])</small> 12:40, 28 февруари 2012 (CET)

== Покана за Вики средба ==
На 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете [[Википедија:Вики средба|тука]], односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. [[User:Brest-bot|Brest-bot]] <small>([[User talk:Brest-bot|разговор]])</small> 18:01, 1 март 2012 (CET)

Преработка од 19:01, 1 март 2012

Архиви
1 2 3 4 5 6 7 8


Домичка
(mk · en · es)
Муабет

Следни проекти

Мои статии

Песок

Придонеси


Пиши ми на мејлче тука



Џамија во ССЧ

Ти благодарам Рашо. Се трудев да ја обработам темата колку што е можно подетално, а свесен бев дека фотографиите ќе бидат најголем проблем. Има навистина многу добри, но за жал не се слободни и би било одлично доколку добиеме право да ги користиме. Знам дека Arwena одржува тури низ чаршијата, па ќе ја замолам доколку може да нѝ помогне. Инаку, ќе те замолам да ми посочиш уште еднаш за која џамија се однесува, бидејќи не можам да забележам на мојата страница за разговор. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:18, 10 февруари 2012 (CET)[одговори]

Да, дефинитивно. Оваа џамија некогаш била дел од самата чаршија и ќе ја додадам. Друга работа која ме интересира и би сакал да ја вметнам, иако се наоѓа во близина на чаршијата е црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. Се споменува и во историјата на чаршијата дека некогаш и на нејзиниот простор бил проширен трговскиот дел од градот, па проади тоа сметам дека треба да се додаде. Ти што мислиш? Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:42, 11 февруари 2012 (CET)[одговори]
Султан-муратовата џамија, Саат-кулата и Иса-беговата џамија ги додадов, бидејќи на псросторот на којшто се наоѓаат се наоѓал манастир кој организирал панаѓур на просторот на Бит-пазар, па всушност на тој начин и настанала чаршијата. Освен тоа, во нејзините денешни граници, чаршијата е некако отсечена со булеварите Гоце Делчев и Крсте Мисирков. Чаршијата така како што е позната денес образувала целина со ридот на кој се наоѓа Султан-муратовата џамија, а од нејзината јужна страна започнувала од Камениот мост и на почетокот на 20. век дури делумно се наоѓала и на десниот брег на Вардар. За калето, неговиот источен дел се наоѓал во чаршијата, па затоа е и вклучено. Значи, во некоја поширока целина, од постоечките градби би можеле да ги вклучиме црквата „Св. Богородица“ и џамиите Јаја-паша и Хатанџук (иако мислам дека немаат некое значење во врска со џамијата), додека од разрушените треба да се направи цел список и да се размисли кои треба да се вклучат, а кои не. Ќе ја прашам и Василка ако може да ни помогне. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:17, 11 февруари 2012 (CET)[одговори]
Од она што сѐ уште постои како факти, а било во рамките на стариот град на Скопје во статијата треба да се додадат: Еврејското маало, Шенѓул амамот и Скопското кулие. Кога веќе се вклучени 2 музеја во статијата, тогаш можеби треба да се размисли да се вклучат и новите музеи покрај Вардар, а ако сте одлучиле да ја додадете црквата Св. Богородица, тогаш тука се и зградата на новата Филхармонија, како и на МОБ. Тоа повлекува дека треба да се напише нешто и за Пајко Маало во кое сите тие егзистирале. Од некои стари религиозни и профани објекти, особено од отоманската архитектура, останати се одредени архитектонски остатоци во овој дел од градот, а постојат историски засписи за уште стотици такви. Она што го знаеме денеска како Стара Скопска чаршија има една територијална граница, но со додавањето на објекти надвор од неа повеќе реферирате на локацијата на она што некогаш било старо Скопје во одредена временска делница. Треба да одлучите во кој правец би се одвивало понатамошното разгранување на статијата, дали треба да се подели можеби во две или повеќе статии кои би биле насловени како Скопје во 15 век, Скопје во 16 век итн.-- (Arwena (разговор) 18:04, 11 февруари 2012 (CET))[одговори]
Благодарам за помошта. Статијата се однесува на Старата скопска чаршија, земјаќи ја предвид нејзината големина низ различни историски периоди и она што се наоѓало во неа. Доколку на пример црквата „Св. Богородица“ никогаш не се сметала за дел од чаршијата по било која дефиниција, тогаш нема да биде додадена. Истото се однесува и за другите знаменитости. Оние коишто сега се во статијата се додавани врз основа на оваа страница, која мислам дека дава барем најмалку точен преглед на сето она што било дел од чаршијата. Исто така, ме интерсира дали во оваа статија може да се наведе дека тоа е горе-долу исто што и стариот дел од градот или за старо Скопје да се направи посебна статија? Овие две работи често се поистоветуваат, иако мислам дека треба да се прави разлика.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:33, 11 февруари 2012 (CET)[одговори]
Јас не би се сложил со тоа дека старо Скопје и чаршијата горе-долу се исто. Бидејќи старо Скопје опфаќало многу повеќе од тоа што е чаршијата. Тоа биле неколку маала од другата страна на Вардар, па и други маала како Чаир, Топаана, кои не се дел од чаршијата.--Р ашо 22:38, 11 февруари 2012 (CET)[одговори]
Се сложувам дека старо Скопје и Старата скопска чаршија се две различни работи, иако градот во голем дел од историјата го инкорпорира во себе ова архитектонско јадро. Моето мислење е сепак дека треба да се задржиме на она што е денеска Старата скопска чаршија со територијалните граници и спомениците кои реално постојат. А потоа може да пресликуваме и подигнуваме други комплементарни статии, кои ќе опфаќаат временски и територијални граници. (Arwena (разговор) 10:33, 12 февруари 2012 (CET))[одговори]
ОК. Василка, дали се сложуваш со дефиницијата за границите на чаршијата кои се напишани во статијата? Јас мислам дека треба само точно да се потенцира од и до каде е чаршијата и да се задржиме само во тие рамки.--Р ашо 10:36, 12 февруари 2012 (CET)[одговори]
Знаменитостите кои моментно ги содржи статијата ги додадав, водејќи се по следниве страници: [1], [2] и [3]. Мислам дека е добро тие и да си останат, додека други постоечки објекти и не мора да додаваме. Единствено треба да ја додадеме џамијата Дуќанџик, бидејќи изворите наведуваат дека се наоѓала на периферијата на чаршијата. Следни работи кои треба да се потрудиме да ги средиме се:
  1. додавање на податоци во врска со објектите кои повеќе не постојат, за што веќе прочитав неколку предлози;
  2. проширување на делот за граници и административна поделба со употребна бројка за површината (во Законот за чаршијата на пример површината е запишана во хектари, ари и m2, што е несоодветно), вкупниот број на улици во чаршијата и по некој збор за најпознатите и имињата на маалата;
  3. обезбедување на повеќе и поквалитетни слики.
Што се однесува до создавање на поврзани статии, уште на почетокот размислував и за создавање на одделна статија за историјата на чаршијата, но сепак се одлучив да ја оставам во самата статија. Потоа, создадов шаблон за чаршијата, во кој се подредени знаменитостите и понатаму би можел да се збогатува со повеќе врски кон други статии. Можеби е добро да се направи и список на знаменитости. Дискусијава веќе би можеле да ја префрлиме и на страницата за разговор на статијата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:39, 12 февруари 2012 (CET)[одговори]
Во закон за прогласувње на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење од Службен весник, јасно се наведени границите. Значи да одиме по нив, и нема да има никакви дилеми.--Р ашо 15:10, 12 февруари 2012 (CET)[одговори]

„Пф“ во германскиот јазик

Здраво, мојот повод за пишување тука, е преместувањето на статијата Пфафрода, сега преименувана во Фафрода. Подолго време пишувам за Германија, а имам и солидно познавање на германскиот јазик, па така отсекогаш сум пишувал „Пф“, а не Ф во овие случаи. Воедно, ваков е случајот и со останатите кирилични википедии, во овој случај српската и руската, кои истата статија ја имаат именувана како Пфафрода, а не Фафрода. Па дури и во изговарањето, тоа „П“ се изговара, не се пропушта како во други случаи. Се транскрибира со Ф, единствено кога имаме „Ph“, а не и „Pf“. Знам дека ова прашање не е решено со нашиот правопис, па така би сакал да добијам објаснување, по која основа и од каде е ова правило да се транскрибира само со „Ф“, истовремено занемарувајќи ги останатите википедии, со кои во скоро сите ситуации се согласуваме. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 22:10, 15 февруари 2012 (CET)[одговори]

Здраво. Како прво погледнав во соодветната статија, па видов дека нема ништо. Послеми падна на ум како е разговорно. Бидејќи живеам во Германија, знам која е Мишел Фајфер, што е Pfeffer, Pfarrer. Ок, сеа можеби и грешам. Но доколку си сигурен во тоа транскрибирање, извини, и јас ќе си ги вратам уредувањата.--Р ашо 22:34, 15 февруари 2012 (CET)[одговори]
Здраво, јас дури сега видов дека си пишал одговор на твојата страница, обично проверувам на мојата. Како и да е, не знам точно ни јас што е најдобро, а тоа како е разговорно потполно те сфаќам. Јас го учев германскиот јазик, навистина многу во Македонија, но сепак имам дилема за ова. Но, мојата поента беше дека и останатите кирилични изданија на Википедија, го користат изразот „Пф“, па затоа сметав дека треба и така да се именува и нашата статија. Не знам што е најдобро во овој случај. --Ehrlich91 (разговор) 13:56, 25 февруари 2012 (CET)[одговори]
Колку што сум учел, pf се чита ф. --Никола Стоіаноски 14:35, 25 февруари 2012 (CET)[одговори]
Ќе го замолам Бојан за мислење.--Р ашо 11:00, 26 февруари 2012 (CET)[одговори]

За Саха

Можеби си во право, но мислам дека на нашиот народ им е попознат како Луис Саха. Пиши ми кога ќе се одлучиш како да стои името и јас ќе ја средам цела статија.(Carshalton (разговор) 08:57, 25 февруари 2012 (CET))[одговори]

Ќе замолам и некој друг да се вклучи во дискусијата, па на крајот ќе одлучиме.--Р ашо 11:00, 26 февруари 2012 (CET)[одговори]
  • Бидејќи ова е енциклопедија, ние не се водиме по неправилностите што се произлезени од немарност на новинари и коментатори (освен оние што се многу одамна вкоренети како Сиднеј-Сидни, Глазгов-Глазго и сл). Затоа фудбалерот мора да се вика Луј Саа, според единствениот исправен начин на транскрипција на француските имиња и поими (така е и на другите кирилични јазици). Германскиот поим Pfaffroda се предава како Пфафрода (комбинацијата -pf- секогаш е -пф-, а удвоените букви се пишуваат единечно). Ваков пример имаме кај сојузната покраина Рајнска област-Пфалц (герм. 'Rheinland-Pfalz). Сите вакви прашања најубаво е да се поставуваат на соодветниот дел од Селската чешма, а уште поубаво, да ми се упатуваат директно на мене. Поздрав--Б. Јанкулоски (разговор) 09:12, 27 февруари 2012 (CET)[одговори]
Како што може да се види тука, буквите се изговараат и како /f/ и како /pf/. Особено на почетокот на зборот pf се изговара како /f/, но не е стандардно правило. Најсигурно е да се прашаат Германците на де вики. --Никола Стоіаноски 09:51, 27 февруари 2012 (CET)[одговори]
Јас зборувам за правилото за транскрипција. Тоа не мора да има врска со фактичката реализација на гласовите од страна на мештаните, која секако се разликува од наречје до наречје. Доколку само некои подрачја во земјата го изговараат како „ф“ (или пак некои општествени класи), тогаш е јасно дека мораме да се водиме по литературниот изговор. Б. Јанкулоски (разговор) 09:56, 28 февруари 2012 (CET)[одговори]
Токму во стандардниот јазик има два изговора на pf. Така сум учел, и има примери за ова. Ама, ај нема врска :)--Никола Стоіаноски 10:38, 28 февруари 2012 (CET)[одговори]
Па има врска. Во тој случај треба поединечно да го пронаоѓаме изговорот на зборовите со pf. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:40, 28 февруари 2012 (CET)[одговори]

Покана за Вики средба

На 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 18:01, 1 март 2012 (CET)[одговори]