Скопски земјотрес (1963): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 62.162.216.139 (разговор), вратено на последната верзија на Mathonius
Ред 70: Ред 70:
[[fi:Skopjen maanjäristys 1963]]
[[fi:Skopjen maanjäristys 1963]]
[[sv:Jordbävningen i Skopje 1963]]
[[sv:Jordbävningen i Skopje 1963]]
Hiii: we re backk Anonymus *?*

Преработка од 13:07, 1 март 2012

Скопски земјотрес 1963
Датум 26 јули 1963
Магнитуда 6,1 Mw
Длабочина 6 км[1]
Епицентар 42°10′N 22°40′E / 42.16° СГШ; 22.66° ИГД / 42.16; 22.66[1][2]
Зафатени земји/подрачја НР Македонија СР Македонија
Жртви 1.000–1.100 загинати[1][3]
Друго:
  • 3.000–4.000 повредени[4][5]
  • 200.000 останале без дом[3]
  • срушен 75–80% од градот[6][7]

Скопскиот земјотрес од 1963 година е природна катастрофа која го зафатила тогашниот главен град на СР Македонија, а денес главен град на независна Македонија. Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1000 до 1100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

Минати земјотреси

Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 - 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место.


Земјотрес

На 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) а помали потреси имало до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, биле повредени над 4000 граѓани.

По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

Непосредно по земјотресот, претседателот на СФРЈ, Јосип Броз - Тито, изјавил:

Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност.

Галерија

Наводи

Поврзано