2011: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: ext:2011 |
с r2.7.1) (Бот Брише: rmy:2011 |
||
Ред 73: | Ред 73: | ||
[[Категорија:2011| ]] |
[[Категорија:2011| ]] |
||
[[Категорија:21 век]] |
[[Категорија:21 век]] |
||
⚫ | |||
[[af:2011]] |
[[af:2011]] |
||
Ред 200: | Ред 198: | ||
[[ksh:Joohr 2011]] |
[[ksh:Joohr 2011]] |
||
[[ro:2011]] |
[[ro:2011]] |
||
[[rmy:2011]] |
|||
[[qu:2011]] |
[[qu:2011]] |
||
[[rue:2011]] |
[[rue:2011]] |
||
Ред 208: | Ред 205: | ||
[[sa:२०११]] |
[[sa:२०११]] |
||
[[stq:2011]] |
[[stq:2011]] |
||
⚫ | |||
[[sq:2011]] |
[[sq:2011]] |
||
[[scn:2011]] |
[[scn:2011]] |
Преработка од 23:44, 17 февруари 2012
< XX век | XXI век | XXII век > | |||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
2011 беше единаесеттата година од третиот милениум и 21 век и втора од 2010-тите.
Обединетите нации, оваа година ја прогласија за Меѓународна година на шумите, како и за Меѓународна година на хемијата.
Настани
јануари
- 1 јануари - Унгарија го презеде од Белгија претседателството со Европската унија.
- 1 јануари - Естонијa го воведе еврото.
- 9 јануари - во Јужен Судан се одржа референдум по прашањето за независност на регионот.
- 11 јануари - сè уште - во поплавите и лизгањето на земјиште во Бразил, животот го загубија повеќе од 800 лица.
- 14 јануари - како последица на протестите во земјата кои траеја неколку седмици, претседателот на Тунис, Зине ал Абидин Бен Али, си поднесе оставка.
- 24 јануари - во терористички бомбашки напад во московскиот аеродром Домодедово, 36 лица беа убиени.
февруари
- 11 февруари - по повеќедневните протести во Египет, претседателот на земјата, Хосни Мубарак, поднесе оставка и ја препушти власта над државата на египетската армија.
- 19 февруари до 2 април - ќе се одржи светско првенство по крикет во Индија, Шри Ланка и Бангладеш.
- 22 февруари - Земјотрес во Крајстчерч, Нов Зеланд.
март
- 11 март - силен земјотрес со интензитет од 8,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија. Епицентарот се наоѓал околу 400 км североисточно од Токио. Земјотресот предизвика цунами, односно голем бран висок 10 метри кој уништи цели населби на североисточниот брег на Јапонија, а властите ја проценија штетата на повеќе од 310 милијарди долари. Загинаа 25.000 луѓе, повеќе од 158.000 лица останаа без електрична енергија, а околу 210.000 немаа вода за пиење.
- 12 март - Цунамито предизвика тешка хаварија во нуклеарната централа “Фукушима 1“ во Јапонија. Системите за ладење беа исфрлени од функција, а во реакторите доаѓаше до пожари, експлозии и ослободување на радиоактивни материи.
- 23 март - Бомбашки напад во Ерусалим.
- 29 март - Јапонските власти соопштија дека од оштетената нуклеарна централа “Фукушима 1“ истекува плутониум.
април
- 11 април - во терористички напад загинаа 12 лица, а преку 140 беа повредени во експлозија на импровизирана експлозивна направа на станицата на подземната железница „Октјабрскаја“ во белорускиот главен град Минск.
- 12 април - Русија ја одбележа 50-годишнината од првиот лет на човек (Јуриј Гагарин) во вселената.
- 24 април - Великден
мај
- 1 мај - претседателот на САД, Барак Обама ја известил јавноста дека Осама Бин Ладен е убиен по наредба на САД, во соработка со владата на Пакистан.
- 26 мај - поранешниот командант на Босанските Срби, Ратко Младиќ е уапсен во Србија.
јуни
- 5 јуни - Парламентарни избори во Македонија на кои победил Никола Груевски.
- 12 јуни - Парламентарни избори во Турција на кои победил Реџеп Таип Ердоган.
јули
- 1 јули - Полско претседателство со Европската Унија.
- 1 јули - Копа Америка.
- 6 јули - Меѓународнипт олимписки комитет ќе реши кој град ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2018 година.
- 9 јули - Јужен Судан се отцепи од Судан, како резултат од референдумот за независност одржан во јануари.
- 20 јули - уапсен е Горан Хаџиќ во Србија.
- 22 јули - Терористички напади во Норвешка во кои загинале 93 луѓе.
август
септември
- 9 септември - 23 октомври — во Нов Зеланд се одржа Светското првенство по рагби.
октомври
- 23 октомври - Претседателски избори во Бугарија.
ноември
декември
Личности
Починале
- 27 февруари - Неџметин Ербакан, претседател на Турција.
- 1 мај - Осама бин Ладен, водач на Ал Каеда.
- 23 јули - Ејми Вајнхаус, англиска пејачка.
Откритија
- ...
„2011“ на Ризницата ? |