Стапка (мерка): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Менува: tr:Fit
с r2.7.2+) (Робот: Менува fy:Foet (lingtemjitte)
Ред 57: Ред 57:
[[fa:پا (یکا)]]
[[fa:پا (یکا)]]
[[fr:Pied (unité)]]
[[fr:Pied (unité)]]
[[fy:Foet (lingtemaat)]]
[[fy:Foet (lingtemjitte)]]
[[gd:Troigh]]
[[gd:Troigh]]
[[gl:Pé (medida)]]
[[gl:Pé (medida)]]

Преработка од 03:04, 17 февруари 2012

1 стапка =
SI-единици
0,3048 м (m) 304,8 мм (mm)
американски / империјални
0.333 yd (јд) 12 in (ин)

Стапка (англиски: foot, множ. feet); симбол или кратенка: ft или понекогаш, ′ - прим е единица мерка за должина во разни системи како англиските, британските и американските мерни единици. Должината и варира од систем до систем, но секоја е околу четвртина до третина метар. Денес најчсто се користи меѓународната стапка. Во 1 јарда има 3 стапки, а во една стапка има 12 инча.

Стапката е честа мерна единица во САД, Обединетото Кралство и Канада. Во САД и ОК личната висина се изразува во стапки и инчи. Во Канада пак, сè повеќе се употребуваат метри за висина, а стапки за растојание.

Меѓународна стапка

Во 1958 во САД и земјите од Комонвелтот меѓународната јарда е дефинирана како 0.9144 метри. Така, мешународната стапка се дефинира како еднаква на 0.3048 метри (еквивалент на 30.48 сантиметри).

Стандардниот меѓународен симбол за стапка е „ft“ (видете ISO 31-1, Прилог A). Во некои случаи се користи прим, кој е многу сличен на апостроф, а инчот со прим. на пример, 6 стапки 2 инча се пишува како 6′2″. Ова е збунително зошто примот и двојниот прим се исто така симболи за лачни минути и лачни секунди.

Американска геометарска стапка

Во САД геометарската стапка се дефинира како 1200/3937 метри. Се користи исклучиво за мерења на Американската крајбрежна и геодетска инспекциј. Оваа стапка е поголема за 610 нанометри од меѓународната стапка. [1]

Историјат

Стапката како мерка се користела речиси во сите култури и се делела на 12 или понекогаш 10 инча/палца или на 16 прсти. Првата позната стандардна стапка постоела во Сумерија, каде е дефинирана на статуата на Гудеја од Лагаш околу 2575 п.н.е. Некои метролози сметаат дека стапката била прифатена и како египетска мерка во Стара Грција и дека токму од таму римјаните ја презеле својата стапка (која е поголема).

Видете исто така

Надвцорешни врски