Парацелзус: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: sa:पारासेल्सस्
FoxBot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Менува eu:Parazeltso
Ред 58: Ред 58:
[[es:Paracelso]]
[[es:Paracelso]]
[[eo:Paracelsus]]
[[eo:Paracelsus]]
[[eu:Paracelso]]
[[eu:Parazeltso]]
[[fa:پاراسلسوس]]
[[fa:پاراسلسوس]]
[[fr:Paracelse]]
[[fr:Paracelse]]

Преработка од 11:20, 4 февруари 2012

Парацелзус
Роден 1493
Ајнзиделн, Швајцарија
Починал 24 септември 1541
Салцбург, Австрија

Парацелзус, со право име Teofrastus Filipus Aureolus Bombastus fon Hoenajm (гер. Theophrastus Philippus Aureolus Bombastus von Hohenheim) бил алхеимичар физичар, астролог се занимавал и со окултното. Своето право име покасно во животот во голема мерка престанал да го употребува служееќи се со името Парацелзус, што во превод знаци „преку, над Целзус“. Тој е роден во Швајцарија но таму релативно кратко останал. По краток период од својата младост која ја минал работеејќи како аналитичар во блискиот рудник, Парацелзус почнува да студира медицина во Базел, набрзо се префрлува во Виена, а докторатот конечно го стекнува на универзитетот Ферари во Италија.набрзо по докторирањето Парацелзус ја напушта Европа и во Египет, Арабија и Константинопол бара алхемичари од кои би можел да учи. Парацелзусовато алхемиско учење ја означуваат епохата во која алхемијата полека почнува да одумира. Парацелзус ги отфрлил магиските традиции кои неговите предходници ги практикувале во алхемијата, за разлика од нив тој во потполност ги одбил гностистичките традиции и практикување на алхемијата цврсто врзани за окултното преферираеќи херметички учења. Сепак за Парацелзус како и за повеќето универзитетски образувани луѓе од тоа време, астрологијта ја имала важната улога и тој одел толку далеку што препишува и одговарачки астролошки амајлии за поедини болести. Своите сваќања за алхемијата ги резимирал со реченицата „Многумина зборуваа за алхемијата, дека служи за правење на сребро и злато. За мене тоа не е целта, туку само да разгледам какви предности и моќ можат да лежат во лековите“. Сепак Парацелзус во практицирањето на медицината вовел и некои револуционарни третмани. Праксата во тоа време била раните да се каутеризираат со врело масло и гангренизараните делови да се ампутираат. Парацелзус сепак открил дека доколку раните редовно се дренираат и се држат чисти шансите сами да се лечат се многу поголеми ного кај стандардните процедури. Ваквиот третмна му донел слава во круговите на западната медицина. Исто така тој прв ја вовел употребата на разни хемикалии и минерали во лечењето. Му го дал името на цинкот. Сепак верувал дека здравјето е можно само да се оствари само со низ хармонија на човекот на микрокосмосто и макрокосмосот. Едно време бил и професор на универзитетот во Базел но многу извори говорат дека имал големи несогласувања со колегите, дури има и гласини дека ги палел традиционалните уџбеници кои ги сметал за погрешни. Базел морал да го напушти поради некои тужби. Крајот од животот го минал во денешна Австрија каде што умрел и е закопан во Салцбург. После неговата смрт се јавува движењето Парацелзусијанизам благодарееќи на кој останал запаметен во историјата на медицината.

Доприноси во токсикологијата

Парацелзус често се спомнува како татко на токсикологијата. Во тој смисол посебно е значајна неговата реченица: Сите работи се отровни и ништо не е без отров; само дозата е она што прави некоја работа да не е отров. гер. Alle Ding' sind Gift und nichts ohn' Gift; allein die Dosis macht, das ein Ding kein Gift ist. Ова останува принцип на токсикологијата. Количона на супстанција е многу важна при нејзината примена. Малите количини имаат позитивен ефект, додека при големи количини можат да бидат и смртоносни. На слична тема напишал и студија за болести и ризици врзани за работа во рудници.

Надворешни врски