Норвешка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Менува: got:𐌽𐌰𐌿𐍂𐍅𐌹𐌲𐍃
FoxBot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Додава or:ନରଵେ
Ред 305: Ред 305:
[[oc:Norvègia]]
[[oc:Norvègia]]
[[mhr:Норвегий]]
[[mhr:Норвегий]]
[[or:ନରଵେ]]
[[om:Norway]]
[[om:Norway]]
[[uz:Norvegiya]]
[[uz:Norvegiya]]

Преработка од 20:25, 3 февруари 2012

Кралство Норвешка
Kongeriket Noreg (нинорск)
Kongeriket Norge (бокмал)
Знаме Грб
ГеслоКралско гесло: Alt for Norge
(„Сè за Норвешка“)
1814 заклетва: Enig og tro til Dovre faller
(„Обединето и верни сè додека планините на Довр се затресат“)
ХимнаJa, vi elsker dette landet
(„Да, ја сакаме оваа земја“)

Кралска химнаKongesangen
(„Кралска песна“)
Местоположбата на  Норвешка  (темнозелено) на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Норвешка  (темнозелено)

на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Норвешка  (темнозелено)

на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]

Главен градОсло
59°56′N 10°41′E / 59.933° СГШ; 10.683° ИГД / 59.933; 10.683
Најголем град гл. град
Службен јазик норвешки
(нинорск и бокмал)
Признаени регионални јазици Северен самиски, луле самиски, квенски и јужен самиски
Народности  81% Норвежани[1]
2% Лапонци[2]
17% други[1]
Демоним Норвежани
Уредување Унитарна парламентарна уставна монархија
 •  Крал Харалд V
 •  Премиер Јенс Штолтенберг
 •  Спикер Даг Терје Андерсен
Основана
 •  Обединување на Норвешка 872 
 •  Устав 17 мај 1814 
 •  Распад на унијата со Шведска 7 јуни 1905 
 •  Ослободување од германска окупација 8 мај 1945 
Површина
 •  Вкупна 385,252 км2 (61-ва)
 •  Вода (%) 7.03
Население
 •  проценка за 2011 г. 5.853.700 (116-та)
 •  Попис 2001 4,485,945 
 •  Густина 12.5 жит/км2 (213-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2010 г.
 •  Вкупен $255.285 милијарди[3] 
 •  По жител $52,012[3] 
БДП (номинален) проценка за 2010 г.
 •  Вкупно $414.462 милијарди[3] 
 •  По жител $84,443[3] 
Џиниев коеф. (2000)25.8
низок · 5-та
ИЧР (2011) 0.943[4]
Error: Invalid HDI value · 1st
Валута Норвешка круна (NOK)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Датумски формат dd.mm.yyyy
Се вози на десно
НДД .no
Повик. бр. 47

Норвешка е држава во Северна Европа. Се наоѓа на Скандинавскиот Полуостров, опфаќајки го неговиот западен брег. Главен град е Осло кој од оснивањето во 1624 година па се до 1925 година го носеше името Кристијанија. Осло е единствениот град во кој, покрај Стокхолм, се доделува една од Нобеловите награди - Нобеловата награда за мир.

Таа на исток граничи со Шведска; нејзиниот најсеверен регион граничи со Финска на југ и Русија на запад. Обединетото Кралство и Фаревските Острови лежат западно преку Северното море, а Данска лежи на југ. Долгото крајбрежје на Новешка, во Северно Атлантскиот океан и Баренцовото море, се дом на нејзините познати фјордови.

По завршувањето на втората светска војна, Норвешка забележува огромен економски раст, и денес е меѓу најбогатите земји во целиот свет. Норвешка е четврти најголем извозник на нафта во светот, и нејзината петролејска индустрија зафаќа повеќе од четвртина од нејзиниот бруто домашен производ. Норвешка е исто така богата со природен гас, хидроенергија, риба, шуми и минерали. Таа беше најголемиот извозник на морска храна после Кина во 2006 година. Други примарни индустрии се: преработување на храна, бродоградба, металната, хемиската, рударството, риболовот и производството на производи од хартија и пулпа. Норвешка има Скандинавски социјален модел.

Норвешка беше највисоко оценета од сите земји во полето на човечкиот развиток од 2001 до 2006, и го дели првото место со Исланд од 2007 до 2008. Таа исто така беше оценета како најмирна земја во светот во 2007 година, и е една од основачите земји на НАТО.

Етимологија

Историја

Според археолошките ископувања. се претпоставува дека Норвешка била населена уште пред околу 12 000 години. Тамошното население се населило на овие простори или од Северна Германија или од Северна Финска и Русија. Норвешките традиции биле променети во текот на 9 век.

Во текот на 9 век, Норвешка претставувала множество од мали кралства. Се смета дека Харолд бил оној којшто ги соединил сите мали кралства во 872 година по битката кај Хаферсерд. Тој имено станал и првиот крал на Норвешка. За време на викинската епоха од 8 век, норвежаните го населиле Исланд, Гренланд и дел од островите на Велика Британија. Тие ги основале и денешните ирски градови Лимерик, Даблин и Вотерфорд создавајќи трговска линија преку Корк и Даблин. Овие града покасно станале најважните и најразвиените града во Ирска. Распространувањето на христијанството во Норвешка станало пред се благодарение на Олав Тригвасон и Свети Олав, и покрај тоа што Хакон Добриот бил првиот христијански крал на Норвешка. Со примањето на христијанството, долгите традиции на норвешкото општество се измениле.

Во 1349 година, се појавила епидемија на тие простори која предизвикала смрт на околу 50% од населението на Норвешка. Ова довело и до огромно забавување на развојот на Норвешка во економски и политички план. Во времето на Кралица Маргарет I, Норвешка влегла во т.н. Калмарски сојуз со Данска и Шведска. И покрај тоа што Шведска во 1523 година ја напуштила унијата, Норвешка останала во сојузот цели 434 години, се до 1387 година. Во текот на националниот романтизам, целата кралска, интелектуална и административна власт била сместена во Копенхаген, Данска. Ова била една од причините за слабеењето на Норвешка. Во 1537 година се појавило протестанството. Архиепископот во Трохејм бил прогонет и приходите на црквата биле испраќани во Данска. Во тој период, Норвешка изгубила многу верници како и провинциите Бахуслен и Јемтленд по војната со Данска и Шведска. Тие територии биле вклучени во составот на Шведска.

По нападот на Велика Британија, државата во сојуз со Данска создала нов сојуз со силите на Наполеон Бонапарта. Кралот Овденбург бил принуден да абдицира и да го презеде тронот во Шведска. Провинциите Исланд и Гренланд останале под власта на Данска. Веднаш по ова, Норвешка ја објавила својата независност. Данскиот крал Кристијан Фредерик бил избран за крал на 17 мај 1814 година. Шведска од друга страна ја принудила на Норвешка династијата Бернадот да управува со Норвешка. Како замена на тоа, Норвешка ја зачувала својата демократска власт со независни институции.

Кристијан Микаелсен станал премиер на Норвешка во 1905 година. Тој има голема улога во историјата на Норвешка поради мирниот начин на отстранување на Норвешка од Шведска на 7 јуни 1905 година. Големото незадоволство од локалното население била главната причина поради кој бил напуштен сојузот со Шведска. Веднаш по напуштањето на сојузот, бил објавен Референдум според кој норвешкиот народ ја претпочитале монархијата пред републиката. Така, норвешката власт го предложил данскиот принц Карл за крал на Норвешка. Тој го зел името Хакон VII. Во негово време бил даден правото на глас на сите мажи, а по 1913 година и на сите жени.

Во текот на Првата светска војна, Норвешка останала неутрална. Државата се стремила да ја задржи својата независност и во Втората светска војна. Таа била нападната од страна на Нацистичка Германија на 9 април 1940 година. Норвешка не била подготвена за војна, но сепак пружила отпор на Германија во следните два месеци. Освен СССР, ниту една друга држава во Европа за време на втората светска војна не успеала да и пружи отпор на Нацистичка Германија. По војната, власта била земена од страна на социјалдемократите. Во 1949 година, Норвешка се приклучила кон НАТО.

Географија и клима

Норвешка се наоѓа во западниот дел на Скандинавија во Северна Европа. Дивото крајбрежје, полно со фјордови и илјадници острови, е долго 2,500 километри. Норвешка дели 2,542 километри граница со Шведска, Финска, и кратка гранична линија со Русија на исток. На запад и југ, се протегаат Норвешкото море, Северното море, и Скагеровиот проток. Исто така и Баренцовото море ги допира северните брегови на Норвешка.

Политички систем

Административна поделба

Економија

Норвежаните можат да се пофалат највисок БДП по глава на жител.

Норвешката економија е пример за мешана економија, составена од слободен пазар и големо државно поседништво. Владата има огромно поседништво во клучните индустриски сектори, како што е нафтениот сектор (StatoilHydro), хидроенергетското производство на струја (Starkraft), алуминиумското производство (NorskHydro), најголемата Норвешка банка (DnB NOR) и телекомуникацискиот провајдер (Telenor). Владата контролира 31.6% од јавно истакнатите компании.

Референдумот одржан во 1972 и 1994 година покажа дека Норвежаните сакаат да останат надвор од Европската Унија (EU). Но, Норвешка, заедно со Исланд и Лихтенштајн, учествува во единствениот пазар на Европската Унија преку договорот за Европската Економска Зона (EEA). Норвешка е исто така потписник на Шенген договорот и неколку други договори помеѓу неа и останатите ЕУ членки.

Земјата е многу богата со природни богатства како нафта, природен гас, риба, шуми и минерали. Огромни резерви на нафта и природен гас беа пронајдени во 60тите, што доведе до уште поголем развиток на економијата. Норвешка има еден од највисоките стандарди на живеење во светот, како резултат на огромните природни богатства во однос на нејзината популација. Таа исто така има многу ниско ниво на невработеност, помалку од 2% (Јуни 2007). Продуктивноста на час, исто како и платата во Норвешка се едни од највисоките во светот. Егалитаристичките вредности на Норвешкото општество гарантираат дека разликата во платите помеѓу најниско платените работници и менаџерите на големите компании е многу помала за разлика од другите западни економии.

Трошоците за живеење се околу 30% поголеми во Норвешка, него во САД и 25% повисоки него во Обединетото Кралство. Стандардот на живеење е многу висок, и големото количество на нафта покажува дека Норвешка ќе остане богата во иднината.

Демографија

Религија

Религија во Норвешка е претежно протестантска (Евангелско-Лутеранска), со 82,7% од вкупниот број на населението на Норвешка. [5]Раните Норвежани, како и сите народи на Скандинавија, биле многубожници верувајќи во Нордиската митологија. Благодарение на напорите на христијанските мисионери, Норвешка била постепено христијанизирана. Тој процес започнал некаде во 1000 година, а завршил во околу 1150 година. Пред реформацијата, Норвежаните биле дел од Римокатоличката црква, но по 1536 година тие го примиле протестантството.

Исламот е втората најголема религија. Главната причина се гледа поради миграцијата во последните неколку години. Сепак, според пописите, во земјата живеат и голем број на нерелигиозни верници.

Култура

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Statistics Norway – Population 1 January 2010 and 2011 and changes in 2010, by immigration category and country background. Absolute numbers“ (Предлошка:No icon). Ssb.no. 2010-01-01. Посетено на 2011-07-23.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „CIA – The World Factbook“. Cia.gov. Посетено на 2011-07-23.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Norway“. International Monetary Fund. Посетено на 2011-05-06.
  4. „Human Development Report 2011“ (PDF). United Nations. 2011. Посетено на 25 November 2011.
  5. Statistics Norway, numbers from 2006

Поврзано

Надворешни врски


Предлошка:Никулец од областа на географијата

Предлошка:Link FA