Источна полутопка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
с r2.7.1) (Бот Додава: fa:نیم‌کره شرقی
с Источна Полутопка преместена како Источна полутопка преку пренасочување
(нема разлика)

Преработка од 12:04, 3 февруари 2012

Источната Полутопка на карта на светот, обележана со жолто
Источната Полутопка на глобус

Источната Полутопка (или Источна хемисфера[1]) е географски поим за една половина од Земјата која лежи источно од нултиот меридијан (што минува низ Гринич, Англија) и западно од 180° геог. должина.[2] Поимот се употребува и како одредница за Европа, Азија, Африка и Австралазија, наспроти Западната Полутопка, во која спаѓаат Северна, Средна и Јужна Америка. Покрај ова, некаде се користи и во културен и геополитчки контекст, како синоним за „Стариот Свет“.

Линијата што ги дели источната и западната полутопка е произволна, за разлика од екваторот (замислена линија што ја обиколува Земјата, подеднакво оддалечена од половите), што ја сече Земјата на северна и јужна полутопка. Нултиот меридијан со 0° географска должина и меѓународна датумска граница на 180° геог. долж. се општоприфатени граници, бидејќи тие ги одделуваат источните од западните меридијани. Со овој начин на разграничување, делови од западна Европа, Африка и источна Русија влегуваат во Западната Полутопка, и со тоа значително се намалува нејзината употребна вредност во картографијата и геополитичките целини, бидејќи во Источната Полутопка најчесто се вклучува сета Евроазија и Африка. Затоа, за оваа цел честопати се користат меридијаните 20° ЗГД и дијаметрално спротивниот 160° ИГД,[3][4] и така тука влегува сето европско и африканско копнено пространство, но во него влегува и мал дел од североисточен Гренланд (што инаку се смета за Северна Америка) и исклучува поголем дел од источна Русија и Океанија (на пр. Нов Зеланд).

Копното на Источната Полутопка е поголемо од копното на Западната (Америка) и содржи многу разновидни екосистеми.

Наводи

  1. Предлошка:Цитирана веб страница (македонски)
  2. Географска ширина и должина на britannica.com. проверено: 24 мај 2008 (англиски)
  3. Olson, Judy M. "Projecting the hemisphere", гл. 4, од Matching the map projection to the need; Robinson, Arthur H. & Snyder, John P., уредн. 1997. Bethesda, MD: Cartography and Geographic Information Society, American Congress on Surveying and Mapping.
  4. "Eastern Hemisphere". Merriam-Webster's Geographical Dictionary, III изд. 2001. Springfield, MA: Merriam-Webster, Inc., стр. 340.