Западна Европа: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
ситна поправка
Ред 43: Ред 43:
== Државно уредување на земјите од Западна Европа ==
== Државно уредување на земјите од Западна Европа ==
'''Кралстовото Белгија''' е парламентарна монархија каде што на чело на државата е крал, а законодавната влас им припаѓа на кралот и на парламентот.
'''Кралстовото Белгија''' е парламентарна монархија каде што на чело на државата е крал, а законодавната влас им припаѓа на кралот и на парламентот.

'''Република Франција''' е република на чело со претседател, кој има широки овластувања
'''Република Франција''' е република на чело со претседател, кој има широки овластувања

'''Република Ирска''' е парламентарна република со претседател, а законодавен орган е парламентот
'''Република Ирска''' е парламентарна република со претседател, а законодавен орган е парламентот

'''Големото Војводство Луксембург''' е уставна наследна монархија на чело со големиот војвода на Луксембург и со законодавна власт - Домот на пратениците
'''Големото Војводство Луксембург''' е уставна наследна монархија на чело со големиот војвода на Луксембург и со законодавна власт - Домот на пратениците

'''Кралството Холандија''' е уставна монархија на чело со кралица. Законодавната влас е во надлежност на кралицата и на парламентот.
'''Кралството Холандија''' е уставна монархија на чело со кралица. Законодавната влас е во надлежност на кралицата и на парламентот.

'''Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска''' е парламентарна монархија на чело со кралица и со законодавен парламент. Во рамките на Кралството се наоѓаат Англија, Велс со национално собрание, Шкотска со посебен парламент и Северна Ирска со свое регионално собрание.

'''Монако''' е уставна монархија, кнежевство. На чело на државата има кнез, законодавната влас е во надлежност на кнезот и националниот совет.
'''Монако''' е уставна монархија, кнежевство. На чело на државата има кнез, законодавната влас е во надлежност на кнезот и националниот совет.

Преработка од 19:50, 26 јануари 2012

Државите на Западна Европа.
Државите на Западна Европа според ООН.

Западна Европа е еден од регионите на Европа. Овој регион граничи со Јужна Европа на југ, Средна Европа на исток, Северна Европа на север и со Атлантскиот Океан на запад. Западна Европа, главно, ги опфаќа териториите што излегуваат на Атланскиот Океан. Поради тоа таа се нарекува и Атлантска Европа.Дел од неа е на европското копно, а дел се островски територии. Непосредниот излез на море на државите од Западна Европа им овозможува широка и слободна комуникација со светот. Каналот Ла Манш(меѓу Франција и Велика Британија) е мошне важен за морскиот сообраќај на западноевропските држави со другите држави од светот. Големите реки со својата пловност овозможуваат комуникација длабоко во внатрешноста на државите. Движењето на Голфската морска струја покрај бреговите на Западна Европа придонесува за формирање на мошне пријатно климатско поднебје. Природните погодности во Западна Европа овозможиле висока стопанска развиеност, така што сите држави се одкликуваат како високоразвиени индустриски земји кои влијаат и врз развојот на другите делови од светот. Една од причините за тоа е фактот што, покрај Шпанија и Португалија, скоро сите држави од Западна Европа формирале големи колонијални поседи по светот. Таму се користеле и се користат големи природни богатства и суровини. Погодните природни и создадените услови во Западна Европа се главна одредница за нивната географска положба. Спред тоа, се констатира дека Западна Европа се одликува со мошне поволна географска положба.

Политичка поделба

Политички, Западна Европа ги вклучува:

Држави во Западна Европа

Територијата на Западна Европа е поделена на седум држави, од кои: Велика Британија и Ирска се островски држави, Холандија, Белгија, Франција и Монако излегуваат на море, а само Луксембург е континетална држава. Поради блиската меѓусебна соработка, земјите Белгија, Холандија и Луксембург со заедничко име се нарекуваат Бенелуке.

Држава Главен град Површина кm² Население (ООН, 2009)
 Белгија Брисел 30 528 10 741 000
 Ирска Даблин 70 286 4 517 800
 Луксембург Луксембург 2 586 491 700
 Монако Монако-Вил 2 33 000
 Обединето Кралство Лондон 244 110 61 612 300
 Холандија Амстердам 41 526 16 517 532
 Франција Париз 543 965 65 073 482

Државно уредување на земјите од Западна Европа

Кралстовото Белгија е парламентарна монархија каде што на чело на државата е крал, а законодавната влас им припаѓа на кралот и на парламентот.

Република Франција е република на чело со претседател, кој има широки овластувања

Република Ирска е парламентарна република со претседател, а законодавен орган е парламентот

Големото Војводство Луксембург е уставна наследна монархија на чело со големиот војвода на Луксембург и со законодавна власт - Домот на пратениците

Кралството Холандија е уставна монархија на чело со кралица. Законодавната влас е во надлежност на кралицата и на парламентот.

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска е парламентарна монархија на чело со кралица и со законодавен парламент. Во рамките на Кралството се наоѓаат Англија, Велс со национално собрание, Шкотска со посебен парламент и Северна Ирска со свое регионално собрание.

Монако е уставна монархија, кнежевство. На чело на државата има кнез, законодавната влас е во надлежност на кнезот и националниот совет.

Релјеф

Поголемиот дел на територијата на Западна Европа се одликува со едноличен низински релјеф. Во него се издвојуваат територии под типични низни и поголеми котлини во широките речни долини. Најкарактеристична низинска земја е Холандија. Нејзината територија, поради погодните услови, е најнаселена и со најразвиено стопанство. Старите ниски зарамнети планини се претежно со мали релативни височини до околу 500м. Поретки се планините што се издигаат на 1000м. Такви се планините во Велика Британија, Ардените во Белгија и Централниот Масив во Франција. Сите овие планини со своите рудни богатства се основата за појавата и развојот на првата индустрија во светот, така што во нивна непосредна влизина се развиени поголем број рударски и индустриски населби. Младите набрани планини во Западна Европа се незначително застапени. Опфаќаат делови од Пиринеите и од Француските Алпи. Тие се одликуваат со типичен високопланински релјеф чии врвови се под постојан снег и мраз, со присуство на глечери. Меѓу Франција и Италија се наоѓа Мон Блан (4810м), највисокиот врв во Европа. Остатоци од глацијалните периоди има и на некои од планините во Шкотска.

Карти за Западна Европа

Наводи

Видете исто така