Географија на Хрватска: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: fi:Kroatian maantiede
RedBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Бот Додава: tr:Hırvatistan coğrafyası
Ред 17: Ред 17:
[[bn:ক্রোয়েশিয়ার ভূগোল]]
[[bn:ক্রোয়েশিয়ার ভূগোল]]
[[be:Геаграфія Харватыі]]
[[be:Геаграфія Харватыі]]
[[bs:Geografija Hrvatske]]
[[bg:География на Хърватия]]
[[bg:География на Хърватия]]
[[bs:Geografija Hrvatske]]
[[en:Geography of Croatia]]
[[en:Geography of Croatia]]
[[es:Geografía de Croacia]]
[[es:Geografía de Croacia]]
Ред 37: Ред 37:
[[fi:Kroatian maantiede]]
[[fi:Kroatian maantiede]]
[[sv:Kroatiens geografi]]
[[sv:Kroatiens geografi]]
[[tr:Hırvatistan coğrafyası]]
[[zh:克羅埃西亞地理]]
[[zh:克羅埃西亞地理]]

Преработка од 00:31, 26 јануари 2012

Географски координати : 45°10′N 15°30′E / 45.167° СГШ; 15.500° ИГД / 45.167; 15.500

Хрватска се наоѓа во Југоисточна Европа меѓу Средна Европа и Медитеранот. Се дели на три региони: низинска, планинска и приморска Хрватска. Повеќе од половина од територијата се рамнини и ритчиња на Панонскиот базен на север (низинска Хрватска). На истол се низинските покраини Срем и Барања, кои кон запад продолжуваат во Славонија и во широките рамнини покрај Сава и покрај Драва. Во западниот дел на Славонија среде рамнината се издигаат шумовити планини (Папук 953 м, Псуњ 984м), а меѓу нив е ридестата Пожешка Котлина. Кон запад планините се спуштаат во широка, малку повлажна рамнина покрај Илова, Чешма и Лоњ, над кои на север се издига околу 60 км долгата Билогора (309м) и на југ Мославачка Гора (489м). На крајниот северо-запад се наоѓа рамничарското Меѓумурје меѓу Драва и Мура, како и ридестото Хрватско Загорје, кои достигнуваат до најисточните шумовити падини на Предалпските Планини (Жумберачка Гора 1181 м, Иванчица 1059 м, Медведница 1035м). Рамнината продолжува по текот на Купа кон југо-запад во Карловачкиот базен, кој кон југ постепено преминува во нискиот карст на Кордун со Петрова Гора (512м), а на југо-исток во ниските планини на Банија (Зринска Гора 616м). Планинска Хрватска опфаќа дел од Динарските Планини и преставува голема географска преграда меѓу континентална и средоземна Хрватска. Поголем дел се наоѓа на надморска височина меѓу 500 и 1000 м; карактеристична е насоченоста од северо-запад кон југо-исток. Преовладуваат мезозојски варовници така што поголемиот дел од релјефот добил особеност на карст, шумовит е и многу ретко населен. На северо-запад е планинскиот Горски Котар со пространи шуми (Белоласица 1533 м, Велики Рисњак 1528м), кон југо-исток пространата висорамнина Лика (500—700м), со Личко 465км², Гатцко 80км² и Крбавско Кршко Поле 67км², како и 145 км долгиот планински венец Велебит којшто ја одвојува од Јадранското Море (Вагански врв 1758м). Во продолжение на сообраќајниот многу важен премин од Лика и долинта на Уна кон Книн по должината на границата од Босна и Херцеговина се издигнува 80 км долгиот и карпест планински венец Динара со највисокиот врв во Хрватска Динара 1831 м. Во приморска Хрватска преовладуваат многу варовници меѓу кои е тесниот појас на еоценски флиш (сред. Истра, Винодол, Равни Котари, Конавле) и карстните полиња во внатрешноста на Далмација, на пример Имотско 95км², Сињско 64км², Петрово 57км², Вргорачко 37км² и Дицмо 35км². Бидејќи повеќето варовничките планини се издигаат веднаш над брегот (Велебит, Мосор, Биоково), приморјето е многу тесно, пошироко е само на полуостровот Истра (3130км²), во заднината на Задар и Шибеник (Равни Котари), како и по делтата на Неретва. Во Јадранското Море на Хрватска и припаѓаат 718 поголеми и помали острови (67 населени) коишто, исто така, се ридести, изградени од креден варовник и карстни. Поголеми острови се: Крк (406км²), Црес (406км²), Брач (395км²), Хвар (300км²), Паг (285км²), Корчула (276км²), Дуги Оток (114км²), Млет (100км²), Раб (91км²) и многу други. На Хрватска и припаѓа поразгранетиот и многу живописен дел од источниот брег на Јадранското Море (1777км²).

Приморскиот дел на Хрватска има карактеристична средоземна клима со жешки и суви лета, со топли зими така што најмногу врнежи има во октомври и ноември. Особено зиме чести се бурите, студен и силен ветер што дува во налети преку планинските превалци кон морето. Планинска Хрватска има умерено континентална клима со студени зими и свежи лета, а во највисоките области планинска клима, со многу врнежи на планинските предели. Во Горски Котар има над 3000 мм врнежи во година. Најмногу врнежи има во октомври и во ноември, а снежната покривка се задржува 50-60 дена. Низинска Хрватска има умерено континентална клима со студени зими и топли лета, со најмногу врнежи во мај и јуни и во октомври и во ноември. Количеството врнежи се намалува од 3 кон исток, а снежната покривка се задржува 25-40 денови.