Камен од Розета: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Менува: eu:Rosetta harria
с r2.7.1) (Бот Додава: lv:Rozetas akmens
Ред 67: Ред 67:
[[ka:როზეტის ქვა]]
[[ka:როზეტის ქვა]]
[[la:Tabula Rosettana]]
[[la:Tabula Rosettana]]
[[lv:Rozetas akmens]]
[[lt:Rozetės akmuo]]
[[lt:Rozetės akmuo]]
[[hu:Rosette-i kő]]
[[hu:Rosette-i kő]]

Преработка од 22:23, 25 јануари 2012

На каменот од Розета е испишан текст на три јазика, што им помогнало на лингвистите да го започнат процесот на дешифрирање на хиероглифското писмо

Каменот од Розета е карпа од црн гранит, која поради хиероглифските текстови запишани на нејзе претставува еден од најпознатите текстуални артефакти од стариот Египет што е предмет на голем број проучувања и истражувања во научниот свет од подрачјето на античките јазици, култури и цивилизации.

Пронаоѓање и именување на каменот

Каменот своето име го добил според местото каде што е ископан (пронајден), местото Розета, односно Ел-Рашид на арапски јазик. Откриен е од страна на француски војник кој работел на ископување на фортификациски објекти за потребите за војската на Наполеон, за време на неговата воена кампања во Египет во 1799 година. По краткотрајниот воен судир со англиската војска, која ја добива војната, во 1802 година е склучен мировен договор во познатитот град Александрија, изграден од страна на Александар Македонски. Според одредбите од мировниот договор сите добра и артефакти што ги поседувала француската војска им припаднале на Британците. Врз основа на тоа, Каменот од Розета е однесен во Англија, каде што и ден-денес се наоѓа и претставува еден од најпознатите експонати на Британскиот музеј во Лондон.

Значењето на Каменот од Розета за светската наука

Значењето и интересот што Каменот од Розета го побудил кај научниот свет се заснова на тоа што на него е запишан посебен декрет, кој според современата наука се смета дека е издаден од свештениците за величање на фараонот Птоломеј V Епифан Евхаристос припадник на династијата Птолемаиди, кои имале античко-македонско потекло од семејната лоза на Птоломеј Сотер кој бил генерал на Александар Македонски по чија смрт се населил и завладеал со Египет. За декретот запишан на каменот се смета дека е запишан една година по крунисувањето на фараонот Птоломеј V Епифан Евхаристос, поточно според денешниот календар на 27 март 169 година пред нашата ера. Посебниот интерес произлегува од тоа што овој декрет е напишан на 3 писма, и тоа: со хиероглифи, со демотско писмо (според некои научници од МАНУ - древно-македонско писмо) и со античко-грчко писмо. Врз основа на текстот запишан со античко-грчко писмо, познатиот француски научник Шамполион, во 1822 година го дешифрирал хиероглифското писмо употребувајќи античко-египетски јазик за озвучување.

Поврзани страници

Надворешни врски