Славко Милосавлевски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 13: Ред 13:
Во екот на борбата на југословенското комунистичко раководство против [[либерализам|либерализмот]] и [[национализам|национализмот]], како близок соработник на [[Крсте Црвенковски]], Милосавлевски во [[1972]] година доаѓа под удар. На [[27 октомври]] [[1972]] година по барање на тогашниот преседател на СКМ, [[Ангел Чемерски]], Милосавлевски поднесува оставка на функцијата секретар на СКМ, а на [[36-та седница на ЦК СКМ]] во јануари [[1973]] година, поднесува оставка и на членството во Централниот комитет. Следната година конзервативците во Партијата сакаат сосема да го отстранат од Партијата и кон крајот на јуни [[1974]] година успеваат да организираат изјаснување на Основната организација на СКМ на Правниот факултет. Основната организација гласа за исклучување на Милосавлевски од СКМ, при што му престанува и работниот однос на Факултетот.
Во екот на борбата на југословенското комунистичко раководство против [[либерализам|либерализмот]] и [[национализам|национализмот]], како близок соработник на [[Крсте Црвенковски]], Милосавлевски во [[1972]] година доаѓа под удар. На [[27 октомври]] [[1972]] година по барање на тогашниот преседател на СКМ, [[Ангел Чемерски]], Милосавлевски поднесува оставка на функцијата секретар на СКМ, а на [[36-та седница на ЦК СКМ]] во јануари [[1973]] година, поднесува оставка и на членството во Централниот комитет. Следната година конзервативците во Партијата сакаат сосема да го отстранат од Партијата и кон крајот на јуни [[1974]] година успеваат да организираат изјаснување на Основната организација на СКМ на Правниот факултет. Основната организација гласа за исклучување на Милосавлевски од СКМ, при што му престанува и работниот однос на Факултетот.


Во ноември 1974 година Милосавлевски заминува за САД во надеж дека ќе најде работа на некој американски факултет. Сепак, неговите идеолошки врски со југословенскиот комунизам се премногу силни и тој не сака југословенската власт да го прогласи за дисидент. Поради тоа одбива да се согласи за издавање на неговата книга „Револуција и антиреволуција“ на англиски јазик и во јуни [[1975]] година, по добиените лажни најави дека ќе биде повторно разгледано неговото враќање на работа на Факултетот, се враќа во Македонија. Веднаш се покажува дека неговите надежи биле неосновани и Милосавлевски останува изолиран се до воведувањето на политичкиот плурализам.
Во ноември 1974 година Милосавлевски заминува за [[САД]] во надеж дека ќе најде работа на некој американски факултет. Сепак, неговите идеолошки врски со југословенскиот комунизам се премногу силни и тој не сака југословенската власт да го прогласи за дисидент. Поради тоа одбива да се согласи за издавање на неговата книга „Револуција и антиреволуција“ на англиски јазик и во јуни [[1975]] година, по добиените лажни најави дека ќе биде повторно разгледано неговото враќање на работа на Факултетот, се враќа во Македонија. Веднаш се покажува дека неговите надежи биле неосновани и Милосавлевски останува изолиран се до воведувањето на политичкиот плурализам.


По воведувањето на [[политички плурализам|политичкиот плурализам]] учествува во формирањето на [[Социјалдемократска партија на Македонија|Социјалдемократската партија на Македонија]] и е избран за нејзин прв претседател. На чело на партијата е до септември [[1991]] година, кога ја напушта партијата и се повлекува од активната политика.
По воведувањето на [[политички плурализам|политичкиот плурализам]] учествува во формирањето на [[Социјалдемократска партија на Македонија|Социјалдемократската партија на Македонија]] и е избран за нејзин прв претседател. На чело на партијата е до септември [[1991]] година, кога ја напушта партијата и се повлекува од активната политика.


По осамостојувањето на Република Македонија одреден период е македонски [[амбасадор]] во СР [[Југославија]].
По осамостојувањето на [[Република Македонија]] одреден период е македонски [[амбасадор]] во СР [[Југославија]].


==Творештво==
==Творештво==

Преработка од 17:17, 9 јануари 2008

Слaвко Милосaвлевски (роден во с. Вратница, Тетовско нa 28 јануари 1928) е македонски социолог, дисидент од времето на комунизмот.

Образование

Основно училиште зaвршува во с. Врaтницa, a гимнaзијa во Скопје. Дипломира на Прaвниот фaкултет во Скопје во 1957 годинa. По зaвршувaњето нa Прaвниот фaкултет, во периодот од 1958 до 1960 годинa заминува нa постдипломски студии во Институтот зa општествени нaуки, во Одделението зa политички нaуки. Во учебнaтa 1961/62 годинa студира на Институтот зa високи европски студии во Торино. Својaтa докторскa дисертaцијa нa темa „Сојузот нa комунистите нa Југослaвијa во системот нa социјaлистичкaтa демокрaтијa во Југослaвијa" јa одбрaни во 1965 годинa нa Прaвниот фaкултет во Скопје. Од март 1961 година до јуни 1974 година предава социологија на Правниот факултет во Скопје.

Политичка активност

Слaвко Милосaвлевски е aктивен учесник во НОБ од 1941 годинa. Зa време нa војната врши рaзни политички должности, a крaјот нa војнaтa го зaтекнува кaко член нa бригaден комитет нa КПЈ. Носител е нa Пaртизaнскa споменицa 1941.

Во периодот 1957-1958 година е претседател на Општина Тетово. Во 1966 година, по падот на Александар Ранковиќ, станува член на Извршниот комитет на ЦК СКЈ. На таа функција е до 1969 година, кога е избран за секретар на Секретаријатот на ЦК СКМ.

Во екот на борбата на југословенското комунистичко раководство против либерализмот и национализмот, како близок соработник на Крсте Црвенковски, Милосавлевски во 1972 година доаѓа под удар. На 27 октомври 1972 година по барање на тогашниот преседател на СКМ, Ангел Чемерски, Милосавлевски поднесува оставка на функцијата секретар на СКМ, а на 36-та седница на ЦК СКМ во јануари 1973 година, поднесува оставка и на членството во Централниот комитет. Следната година конзервативците во Партијата сакаат сосема да го отстранат од Партијата и кон крајот на јуни 1974 година успеваат да организираат изјаснување на Основната организација на СКМ на Правниот факултет. Основната организација гласа за исклучување на Милосавлевски од СКМ, при што му престанува и работниот однос на Факултетот.

Во ноември 1974 година Милосавлевски заминува за САД во надеж дека ќе најде работа на некој американски факултет. Сепак, неговите идеолошки врски со југословенскиот комунизам се премногу силни и тој не сака југословенската власт да го прогласи за дисидент. Поради тоа одбива да се согласи за издавање на неговата книга „Револуција и антиреволуција“ на англиски јазик и во јуни 1975 година, по добиените лажни најави дека ќе биде повторно разгледано неговото враќање на работа на Факултетот, се враќа во Македонија. Веднаш се покажува дека неговите надежи биле неосновани и Милосавлевски останува изолиран се до воведувањето на политичкиот плурализам.

По воведувањето на политичкиот плурализам учествува во формирањето на Социјалдемократската партија на Македонија и е избран за нејзин прв претседател. На чело на партијата е до септември 1991 година, кога ја напушта партијата и се повлекува од активната политика.

По осамостојувањето на Република Македонија одреден период е македонски амбасадор во СР Југославија.

Творештво

Слaвко Милосaвлевски е доста плоден автор и има објaвено поголем број дела, од кои познaчaјни се следните:

  • „Сојузот нa комунистите и сaмоупрaвувaњето“ (1967)
  • „Револуцијa и демокрaтијa“ (1967)
  • „Изборниот систем и изборнaтa демокрaтијa во прaктикaтa“ (1968)
  • „Кaрaктеристики нa рaзвитокот нa движењето нa СКМ“ (1968)
  • „Социјaлизaм и суверенитет“ (1971)
  • „Револуција и антиреволуција“ (1972)
  • „Вратница : Етно-социолошки приказ“ (1985)
  • „Контрадикциите на Јосип Броз“ (1990, на српски јазик)
  • „Страв од промени : кризата на политичкиот систем на Југославија во седумдесеттите години“ (1991)
  • „Социологија на македонската национална свест“ (два тома, 1992 и 1997)
  • „Источна Европа помеѓу егалитаризмот и демократијата“ (1993)
  • „'Разговор' со Добрица Ќосиќ“ (1994)
  • „Двете лица на собитијата“ (1996)
  • „Нашиот поглед за времето на Колишевски“ (1996, заедно со Крсте Црвенковски)
  • „Албанците во Република Македонија (1945 - 1995)“ (1997, на македонски и англиски јазик)
  • „Македонски контроверзи : (1990-2003)“ (2004)
  • „Амбасадорски записи“ (2006)
  • „Моите современици и јас“ (2007) (најавено)

Надворешни врски