Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: филозоф... -> философ...
Нема опис на уредувањето
Ред 42: Ред 42:
* Катедра за [[англиски јазик]] и [[англиска книжевност|книжевност]]
* Катедра за [[англиски јазик]] и [[англиска книжевност|книжевност]]
* Катедра за [[книжевност|општа]] и [[компаративна книжевност]]
* Катедра за [[книжевност|општа]] и [[компаративна книжевност]]
* Kатедра за преведување и толкување
* Kатедра за [[Преведување|преведување]] и [[Толкување|толкување]]


Постојат исто така уште два оддела:
Постојат исто така уште два оддела:

Преработка од 18:53, 5 јануари 2012

Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје
Фоајето на Филолошкиот факултет
Фоајето на Филолошкиот факултет
Виддржавен
Основан1974
Деканд-р Максим Каранфиловски
МестоСкопје, Република Македонија
www.flf.ukim.edu.mk


Официјалното лого на философскиот факултет
Официјалното лого на философскиот факултет

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е највисока образовна и научна и јавна установа од областа на филолошките науки во Република Македонија.

Основање

Филолошкиот факултет бил основан со закон што го донела Владата на НР Македонија за организирање универзитет во Скопје во 1945 година и со посебно решение во 1946 година. Првиот декан бил Михаил Петрушевски, а првите предавања започнале на 16 декември 1946 како дел од тогашниот прв македонски факултет - филозофскиот факултет, кој е темелник на тогаш идниот македонски универзитет, денешниот „Св. Кирил и Методиј”. Денес факултетот постои веќе 63 години, а како самостојна институција од 1974. Во 1995 година Филолошкиот факултет бил преименуван во Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Први професори

Првите петмина професори на Филолошкиот факултет на универзитетот во Скопје биле:

Катедри

Додипломските студии на факултетот траат четири години, а од 2005 година наставата се изведува според критериумите на европскиот кредит трансфер систем и Болоњската декларација. Наставно-научната работа на факултет е организирана и се изведува преку десет катедри. Се организираат последипломски студии од научните области јазик и книжевност, и тоа[1]:

Постојат исто така уште два оддела:

  • Оддел за настава по странски јазик на нематичните факултети
  • Центар за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик

Други изучувани јазици

Покрај јазиците на катедрите, на факултетот се изучуваат и следниве јазици[2]:

Библиотека

Филолошкиот факултет располага со девет библиотеки при соодветните катедри. Библиотеките располагаат со богат фонд на книги и списанија што го користат голем број студенти, наставници и научни работници од факултетот и надвор од него. Фондот на книги и списанија се обновува постојано со средства на факултетот, но и со донации на странски амбасади, културни центри и други институции на земји чии јазици се изучуваат на филолошкиот факултет.

Издавачка дејност

Факултетот има и издавачка дејност. Покрај издавањето учебници за потребите на наставата, разни информативни и прирачни книги за студентите, се издаваат и низа монографски трудови од разни области на филолошките науки, речници и други лексикографски трудови.

Извори

  1. www.flf.edu.mk Катедри при факултетот (македонски)
  2. Активни студиски програми, Филолошки факултет „Блаже Конески“

Надворешни врски