Шпанско-американска војна: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Менува: es:Guerra hispano-estadounidense
Ред 30: Ред 30:
[[de:Spanisch-Amerikanischer Krieg]]
[[de:Spanisch-Amerikanischer Krieg]]
[[en:Spanish–American War]]
[[en:Spanish–American War]]
[[es:Guerra Hispano-Estadounidense]]
[[es:Guerra hispano-estadounidense]]
[[eo:Hispana-usona milito]]
[[eo:Hispana-usona milito]]
[[eu:Espainiar-amerikar gerra]]
[[eu:Espainiar-amerikar gerra]]

Преработка од 04:21, 1 јануари 2012

Бродот Мејн, три недели пред експлозијата во заливот Хавана, фотографирано на 25 јануари 1898 година

Шпанско-американска војна во 1898 година произлегла од настаните во Куба, која заедно со Порторико претставувала практично сè што останало од некогаш огромната шпанска американска империја. Кубанците се спротивставиле на шпанското владеење уште во 1868 година, но иако многу Американци ги симпатизирале Кубанците, Соединетите Држави не интервенирале. Но, во 1895 година, „жолтиот печат“ на Вилијам Рандолф Херст и Џозеф Пулицер, кои биле обземени од бескрупулозната меѓусебна борба за тираж во Њујорк, почнале накитено да известуваат, и создале впечаток дека Шпанците ги извеле сите свирепости во Куба.[1] Емигрантите на Куба во САД ѝ давале поддршка на Кубанската револуционерна партија (чиј штаб бил во Њујорк) и помогнале да се прослави нивниот лидер, Хозе Мартин, кој бил убиен во Куба во 1895 година. Подоцна, Американците формирале клубови за поддршка на каузата на Cuba Libre (Слободна Куба).

Започнување на војната

Кога во 1897 година претседател станал Мек Кинли, официјално протестирал против „нецивилизираното и нехумано“ однесување на шпанската влада во Куба. Но мирното решение и немешањето на Америка исчезнале после два драматични инцидента во февруари 1898 година. Првиот инцидент бил кога еден кубански агент во Хавана украл приватно писмо напишано од шпанскиот претставник во Вашингтон, Дупуј де Лом, и го предал на американскиот печат. Во писмото Мек Кинли бил опишан како „слабак и лицитант за обожавање на масата“. Ова не било полошо од она што го зборувале самите Американци за својот претседател. На пример, Теодор Рузвелт го опишал Мек Кинли како „човек кој нема повеќе ’рбет од чоколаден еклер“, но бидејќи доаѓало од странец, предизвикало јавен бес.[2]

Вториот инцидент била експлозија на американскиот воен брод „Мејн“ во пристаништето на Хавана, при што загинале повеќе од 260 луѓе. На бродот во јануари му било наредено да вплови во Куба за да ги заштити американските животи и имотот од можни напади од страна на шпанските лојалисти. Многумина Американци претпоставиле дека Шпанците го потопиле бродот, особено кога морнаричката истрага соопштила дека катастрофата била предизвикана од надворешна експлозија на подводна мина (подоцнежните докази покажале дека експлозијата била случајна и се случила во една од машинските простории). Тоа било доволно земјата да ја зафати воена хистерија, и Конгресот едногласно одобрил 50 милиони долари за воени подготовки. „Паметете го Мејн“ - бил националниот повик за освета. На 25 април, Мек Кинли побарал и добил од Конгресот објавување на војна.

Војната објавена во април, била готова во август, па државниот секретар Џон Хеј ја нарекол „блескава мала војничка“, мислење кое го имале повеќето Американци, освен самите војници што се бореле во неа. Во борбите загинале само 460 Американци, но од зарази умреле 5200 војници.

Филипинската војна

Конфликтот на Филипините е најмалку запаметена од сите американски војни, иако била една од најдолгите (траела од 1898 до 1902 година) и една од најсуровите. Биле ангажирани 200.000 американски војници, а загинале 4300 во борба. Бројот на Филипинци убиени во војната сè уште е спорен, но веројатно е дека загинале најмалку 50.000 домородци.

Филипинците се бунеле против шпанското владеење и пред 1898 година, а кога сфатиле дека Американците дошле за да останат, се побуниле и против нив.

Наводи

  1. Ален Бринкли, Историја на САД, стр. 458, Штрк, 1999.
  2. Ален Бринкли, Историја на САД, стр. 459, Штрк, 1999.