Географија: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.6.4) (Бот Додава: nso:Thutafase |
с r2.7.1) (Бот Додава: ckb:جوگرافیا |
||
Ред 27: | Ред 27: | ||
{{Link FA|lmo}} |
{{Link FA|lmo}} |
||
{{Link FA|sl}} |
{{Link FA|sl}} |
||
⚫ | |||
[[kbd:Хэкумэтх]] |
[[kbd:Хэкумэтх]] |
||
Ред 175: | Ред 177: | ||
[[sc:Geografia]] |
[[sc:Geografia]] |
||
[[sco:Geography]] |
[[sco:Geography]] |
||
⚫ | |||
[[sq:Gjeografia]] |
[[sq:Gjeografia]] |
||
[[scn:Giugrafìa]] |
[[scn:Giugrafìa]] |
||
Ред 184: | Ред 185: | ||
[[sl:Geografija]] |
[[sl:Geografija]] |
||
[[so:Juquraafi]] |
[[so:Juquraafi]] |
||
[[ckb:جوگرافیا]] |
|||
[[sr:Географија]] |
[[sr:Географија]] |
||
[[sh:Zemljopis]] |
[[sh:Zemljopis]] |
Преработка од 18:36, 28 декември 2011
Географијата (земјопис, од старогрчки: γεω „земја“ и γραφία „опишува“) е дескриптивна наука која своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја. Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и опишува сите форми на земјината површина и сите природни појави што настануваат на неа и во атмосферата од една, и населението (како дел од Земјата) и неговата стопанска дејност, од друга страна. Исто така, географијата ја опишува и проучува разместеноста на природните богатства, растителниот и животинскиот свет на Земјата.
Човекот отсекогаш се интересирал за светот околу себе. Токму тоа е и причината што зачетоците на географијата како наука се појавиле уште во античко време. Обично таа се развивала со развојот на трговијата и морепловството, а уште поинтензивно се развива подоцна, во времето на големите географски откритија. Во антиката, многу народи ја развивале географијата, како античките Грци, Арапите, античките Римјани и други. Од последниве, најистакнати географи биле Птоломеј и Страбон. Птоломеј е и еден од првите географи кои ја опишале територијата на Македонија.
Во најопшта смисла, географијата се дели на општа и регионална (посебна). Навлегувајќи во различните сфери од нејзиното проучување, условило нејзина поделба на повеќе географски дисциплини, како што се:
- Физичка географија, чијшто предмет на проучување се физичките особини на Земјата (релјеф, светско море и слично)
- Палеогеографија, која го проучува геолошкото минато на планетата Земја
- Биогеографија, интердисциплинарна наука меѓу географијата и биологијата, а ја проучува разместеноста на живиот свет на Земјата
- Педогеографија, чијшто предмет на проучување е разместеноста на почвите на Земјата
- Геоекологија, која е интердисциплинарна наука на географијата и екологијата
- Картографија, или цртање на географски карти (мапи), наука која ја претставува земјината површина на географска карта или глобус
- Хумана географија, која го проучува стилот и начинот на живот на човекот во одреден регион или држава, како и неговата стопанска дејност
- Политичка географија, ја опишува политичката поделба на светот
- Економска географија, ја проучува и опишува разместеноста на природните богатства на Земјата
и други дисциплини.