Свастика: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: gl:Esvástica
с r2.7.1) (Бот Менува: szl:Hakynkrojc
Ред 68: Ред 68:
[[sk:Svastika]]
[[sk:Svastika]]
[[sl:Svastika]]
[[sl:Svastika]]
[[szl:Hakenkrojc]]
[[szl:Hakynkrojc]]
[[sr:Свастика (симбол)]]
[[sr:Свастика (симбол)]]
[[fi:Hakaristi]]
[[fi:Hakaristi]]

Преработка од 17:59, 26 декември 2011

Свастика свртена кон десно во украсна хиндуистичка форма
Препознатливиот симбол (свастика) на Третиот Рајх.
Свастика како дел од мозаиците во близина на црквата Св. Климент и Пантелејмон на Плаошник, Охрид.

Кукаст крст (германски: Hakenkreuz) или Свастика (санскрит: स्वास्तिक) е крст со еднакви страни со прекршени краци под прав агол и свртен во насока на движење на стрелките на часовникот (卐) или во насока спротивна од движењето на стрелките на часовникот (卍). Изразот потекнува од санскритскиот збор „свасти“, што значи добробит. Тајландскиот поздрав со споени дланки (како при молитва) има исти корени и исто значење.

Свастиката е ширококористен симбол во дармиските религии (хиндуизам, будизам и џаинизам). Хиндуистите често ја украсуваат свастиката со по една точка во секој квадрант. Во Индија е премногу чест и вообичаен симбол, така што е дел од неколку деванагари азбуки. Исто така е дел и од модерниот Уникод. Често се наоѓа во верски текстови, покани за свадби, украси итн. Се користи за обележување религиозни знамиња во џаинизмот и будистички храмови во Азија.

Постојат археолошки докази дека облици на свастика датираат од Неолитот. Во 1920 свастиката била позајмена како нацистички симбол и од тогаш е контроверзен симбол. Во западниот свет, свастиката е најпозната како симбол на нацизмот, што го извртува историското значење на симболот на истокот.

Се среќава и во други азиски, европски, африкански и староамерикански (индијански) култури, некогаш како геометриски мотив, некогаш како религиозен симбол.

Иако и во Европа овој симбол може да се најде на голем број обчекти и споменици, неговото користење во Западниот свет се избегнува поради поврзаноста на овој симбол со Нацистичка Германија.

Предлошка:Link FA