Бугарија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 104: Ред 104:
Економијата почнува да се гради во режим на планирано стопанство. До крајот на 1950-тите години стандардод на живот значително се подобрува, но во исто време се бара строга цензура и контактите со земји надвор од социјалистичкиот камп се ограничуваат значително. При [[Тодор Живков]] НР Бугарија ги изградила наjголемите индустриски капацитети на Балканите - металургички комплекс "[[Кремиковци]]", индустриски комплекс "[[Црвена могила]]", нуклеарна централа "Козлодуj" и компјутерната фабрика во [[Правец]]. Во 1979 година во вселената слета првиот Бугарин - [[Георги Иванов]], а под раководството на Људмила Живкова во 1981 година Бугарија слави 1300 години од своето основање. До овој момент планската економија веќе е во застој, а реформите на Живков од 1980-тие не постигнуваат саканиот резултат. Набргу по падот на Берлинскиот ѕид доаѓа и крајот на комунистичкото владеење. Бугарија презема на патот на парламентарната демократија и пазарната економија, но дури по 2000 година просечните показатели на развој остануваат пониски од социјалистичката ера. По 2004 година започнува брзо подобрување на ситуацијата, а членството во Европската унија се одвива во 2007 година. Истата година Бугарија потпишува и ратификува [[Лисабонскиот договор]]. И покрај силниот економски подем во последниве години, земјата продолжува да има сериозни проблеми со правниот систем, [[корупција]]та, квалитетот на јавните услуги и демографскиот пад.
Економијата почнува да се гради во режим на планирано стопанство. До крајот на 1950-тите години стандардод на живот значително се подобрува, но во исто време се бара строга цензура и контактите со земји надвор од социјалистичкиот камп се ограничуваат значително. При [[Тодор Живков]] НР Бугарија ги изградила наjголемите индустриски капацитети на Балканите - металургички комплекс "[[Кремиковци]]", индустриски комплекс "[[Црвена могила]]", нуклеарна централа "Козлодуj" и компјутерната фабрика во [[Правец]]. Во 1979 година во вселената слета првиот Бугарин - [[Георги Иванов]], а под раководството на Људмила Живкова во 1981 година Бугарија слави 1300 години од своето основање. До овој момент планската економија веќе е во застој, а реформите на Живков од 1980-тие не постигнуваат саканиот резултат. Набргу по падот на Берлинскиот ѕид доаѓа и крајот на комунистичкото владеење. Бугарија презема на патот на парламентарната демократија и пазарната економија, но дури по 2000 година просечните показатели на развој остануваат пониски од социјалистичката ера. По 2004 година започнува брзо подобрување на ситуацијата, а членството во Европската унија се одвива во 2007 година. Истата година Бугарија потпишува и ратификува [[Лисабонскиот договор]]. И покрај силниот економски подем во последниве години, земјата продолжува да има сериозни проблеми со правниот систем, [[корупција]]та, квалитетот на јавните услуги и демографскиот пад.


== Географија ==
== Природа ==
[[Податотека:Selo Kostenets rain.jpg|thumb|200px|Поглед на планината [[Рила]]]]
[[Податотека:Selo Kostenets rain.jpg|thumb|200px|Поглед на планината [[Рила]]]]


Вкупната површина на земјата изнесува 111 001 km², и според тоа се наоѓа на [[Листа на држави и територии по површина|102 место по големина во светот]]. Таа граничи со [[Црно Море]] на исток, со [[Република Грција]] 494 km и [[Република Турција]] граничи на југ 240, со [[Република Србија]] 318км2 , [[Република Македонија]] на запад 148 km, и со [[Романија]] на север 608 km. Климата во Бугарија е умерена континентална со топли лета и ладни зими. Подрачјата кои се наоѓаат на голема надморска височина имаат кратки ладни лета и долги жешки зими.
Вкупната површина на земјата изнесува 110 994 km², и според тоа се наоѓа на [[Листа на држави и територии по површина|105 место по големина во светот]]. Таа граничи со [[Црно Море]] на исток, [[Република Грција]] и [[Република Турција]] на југ 240, [[Република Србија]] и [[Република Македонија]] на запад, и со [[Романија]] на север. Климата во Бугарија е умерена континентална со топли лета и ладни зими. Подрачјата кои се наоѓаат на голема надморска височина имаат кратки ладни лета и долги жешки зими. Врнежите се движат од 500 милиметри во североисточна Бугарија до 2600 милиметри во планините на југозапад.


Бугарија има неколку посебни топографски карактеристики: Стара Планина, Дунавската рамнина, Тракиската низина и Родопа планина. Стара Планина дели земјата на два приближно еднакви региони: северниот е зафатен од Дунавската рамнина, каде што се наоѓаат најмногу плодните земји; јужниот е претежно планински, со исклучок на тракиската низини и басейнът на реката [[Марица]]. Висинските екстреми на Бугарија се врв [[Мусала]] (2925 m) и Црно Море (0 m).
Висинските екстреми на Бугарија се врв [[Мусала]] (2925 м) и Црно Море (0 м).

Околу 35 проценти од територијата на Бугарија е покриена со шума, а околу 30 проценти се погодни за земјоделство. Биодиверзитетот е заштитено во три национални паркови, 11 природни паркови и 17 резервати. Во нив растат некои од најстарите дрвја во светот, како Байкушевата Мура. Флората опфаќа над 3800 видови, од кои 150 се загрозени и 170 се [[ендемит]]и. Фауната е претставена од [[кафеава мечка]], [[чекал]], [[евроазиски рис]], [[царски орел]], [[египетски лешинар]], [[црноморски делфин]] и други.

Бугарија е потписник и ратификувала Протоколот од Кјото, и постигна неговата цел, намалувајќи своите емисии на јаглерод диоксид со 30 проценти од 1990 година. Тешката индустријализација и постоењето на многу термоцентрали се причина за силно загадување на воздухот и почвата. Во последните години неколку програми ја подобруваат состојбата на животната средина.


== Население ==
== Население ==

Преработка од 13:55, 26 декември 2011

Оваа статија се однесува на Република Бугарија, за други значења погледнете Бугарија (појаснување).


Република Бугарија
Република България
Знаме на Бугарија Грб на Бугарија
Знаме Грб
Мото: Съединението прави силата!
мк. Обединувањето ја прави силата!
Химна: Мила Родино
Положба на Бугарија
Положба на Бугарија
Главен град  Софија
42°41′N, 23°19′E

Најголем град Софија
Службен јазик бугарски
Влада Парламентарна демократија
 - Претседател Георги Прванов
 - Премиер Бојко Борисов
Независност 1878 од Османлиската империја 
 - Оcновање 681 Кан Аспарух 
 - Христијани-
зација
865 Кнез Борис I 
 - Автономија од Османлиската империја 3 март, 1878 
 - Соединета со Источна Румелија (Тракија) 6 септември, 1885
(22 септември — стар стил) 
Пристап во ЕУ Членка од 1 јануари, 2007
Површина  
 - Вкупно 111 001 км² (102.)
 - Вода (%) 0,3%
Население  
 - 2011 7 351 234 (88.)
 - Густина 69,5/km² (124.)
БДП (ПКС) 2005 приб.
 - Вкупно $93,78 милијарди (65.)
 - По глава на жител $12 900 (65.)
ИЧР (2009) 0,840 (61.) – висок
Валута Лев (BGN)
Часовен појас UTC {{{часовен појас}}}
НДД .bg
Повикувачки број +359

Бугарија (бугарски: България) или официјално Република Бугарија (Република България) е држава во југоисточна Европа, која излегува на Црно Море на исток, со Република Грција и Република Турција граничи на југ, со Република Србија, Република Македонија на запад, и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел на границата ја завзема Добруџа. Бугарија зазема површина од 110.911,5 квадратни километри.

Бугарски земји биле населени од неолитот. Првата цивилизација да ги напушти трајни траги во бугарската историја беше таа на Тракијците. Тие биле асимилирани од Римјаните, а подоцна од страна на Словените во 6 век. Околу 670, прабугарски орди пристигнаа на Балканскиот Полуостров и го основали Првото бугарско царство, признато од Византија во 681 година. Бугарската држава стана културниот центар за сите Словени во текот на средниот век се до падот на Второто бугарско царство под османлиска власт во 1396.[1][2] Во 1878 година на Руско-турската војна резултираше со основање на Трето бугарско царство. Таа стана комунистичка народна република и сојузник на Советскиот Сојуз во 1946 година. Колапсот на Источниот блок во 1989 година донесе демократски промени во Бугарија и резултираше со нејзиното членство во Европската унија во 2007 година.

Главен град на Бугарија е Софија, кој има околу 1.290.000 жители. Други поголеми градови се Пловдив (331.796), Варна (330.486) и Бургас (197.301).[3]. Бугарија е членка на повеќе меѓународни организации, меѓу кои и во НАТО, Светската трговска организација, Европската Унија, како и три пати непостојана членка на Советот за безбедност на ОН и еден од основачите на ОБСЕ. Бугарија е се смета за слободна и демократска земја, и е космичка нација и популарна туристичка дестинација.

Административна поделба

Од 1999 г. Република Бугарија административно е поделена на 28 области, кои што се именувани по обласниот центар. Кон Северна Бугарија припаѓаат: Видинска, Монтанска, Врачанска, Плевенска, Ловечка, Габровска, Великотрновска, Русенска, Силистренска, Разградска, Трговишка, Шуменска, Добричка и Варнска, додека области во Јужна Бугарија се: Бургаска, Сливенска, Јамболска, Старозагорска, Хасковска, Крџалиска, Пловдивска, Смолјанска, Пазарџичка, Благоевградска (или позната и како Пиринска Македонија), Ќустендилска, Перничка, Софиска и, како посебна област, се вбројува и градот Софија.

Во Бугаријa има 264 општини и 354 града.

Историја

Древна и Средновековна Бугарија

Првите информации за човечко присуство на територијата на денешна Бугарија датираат од 44 000 година пред Христа. Околу 6000 година п.н.е. се развиваат првите автохтонни култури. Од овој период датираат и Старозагорските неолитски куќи, кои се најстарите задржани куќи во светот. До 1500 година п.н.е. се развиваат неколку култури, меѓу кои Варна и Езеро.

Првата цивилизација оставила трајни траги во бугарската историја, е тракиската. Потеклото на Тракијците е неразјаснето, поради недостатокот им на писменост, но се познати нивните вештини во металугријата, военото дело и земјоделството. Тие живеат поделени на племиња до 500 година п.н.е., Кога царот Терес ги обединува во Одриското царство. Во 4 век тоа е потчинето од Александар Македонски, но се ослободува по неговата смрт. Во 279 п.н.е. по келтската инвазија на Тракија се создава келтско-тракиското царство Тиле. Во 46 година понатаму нашата ера целиот регион потпаѓа под власта на Римската Империја. По нејзиниот распад во 5 век во регионот постојано се сместуваат различни народи со слаба општествена организација, меѓу кои и Словените. Последните асимилираат остатоците од тракиските племиња и спаѓаат под влијанието на Византија. Околу 670 на Балканот пристигнуваат и прабугарите, водени од хан Аспарух. Тие бараат контрола врз локалните словенско-тракиски народи и создаваат бугарското царство, кое е признаено од Византија во 681 година.

Плиска - главен град на Првата бугарска држава од 681 до 893.

Бугарско царство е термин кој се користи за опишување на два периода од средновековната историја на Бугарија, во текот на кои таа била клучна регионална сила општо во Европа а посебно во Југоисточна Европа, којашто често се борела прoтив Византија. Двете Бугарски царства не се сметаат како различни ентитети, туку како една држава која се обновила после периодот на Византиското владеење на нејзината територија [4].

Првото Бугарско царство било формирано како резултат на проширувањето на Стара Велика Бугарија на териториите јужно од реката Дунав, и вообичаено се смета дека постоело помеѓу 681 година (кога постоењето на ова царство за прв пат било спомнато од страна на Византија во мировен договор) и 1018 година, кога подпаѓа под Византиска управа. Својот зенит го достигнало во текот на деветиот и почетокот на десетиот век, кога со царството владеел Борис I и Симеон Велики, кој ја развил Бугарија во културен и литературен центар на Словенска Европа,[5].

Средновековна Бугарија претставува обновување на Второто Бугарско царство после успешното Бугарско востание на двајца велмошти од Трново, Асен и Петар, во 1185 година. Во првата половина на тринаесетиот век поголемиот дел од територијата бил повратен. По втората златна ера под Иван Асен II, Бугарија ослабена од војни со Маѓарите, Монголите и Византијците. Средновековна Бугарија опстојувала се до инвазијата на Турците на Балканот при крајот на четиринаесетиот век. Последната Бугарска територија која подпаднала под Отоманска доминација бил Созопол, се до 1453 година.

Бугарија след 1878

Бој при Иваново-чифлик (1877), ум. Павел Ковалевски

Почетоците на современата бугарска држава се тесно поврзани со Бугарската Егзархија, Априлското востание од 1876, Цариградската дипломатска конференција од истата година и Руско-Турската војна од 1877 - 1878 година. Војната ја започнала Русија со оправдување за „ослободување на христијаните на Балканот од турското ропство“ по Априлското востание, кое било крваво задушено со масакрот на 30.000 Бугари.[6] Големите сили веќе не верувале дека е можно без реформи да се зачуват мирот и добрите односи меѓу Турци и Бугари, али обидот тие да се помират со посебна конференција претрпел неуспех, бидејки планот да се креират два автономни реона со границите на Бугарската Егзархија бил отфрлен од Османската Империја. По многуте жестоки битки и бројни жртви во луѓе и материјални средства, руската армија успева да ја истисне турската војска од поголемиот дел од нејзините територии на Балканскиот Полуостров, а во опасност била и престолнината Истанбул. Немајќи друг излез, Османска Турција ги прифатила најтешките можни услови за постигнување на мировен договор. Русијa не јa завладеaла целата територијa на Турцијa, зашто британската флота била пратена во Босфорот. Турцијa се согласила да ги отстапи Мизија, северна Тракија и поголемиот дел од Македонија. Овие територии требало да се вклучат во идната Бугарска држава, која требело да биде под силно политичко влијание на Русијa. На 3 март 1878 во местото Сан Стефано, во близината на Истанбул, бил потпишан познатиот Санстефански Договор, кој ги поставил темелите на идната бугарска држава скоро следејќи ја територијата на Бугарската Егзархија.

"На нож" од Јарослав Вешин, прикажува поразот на османлиските војници од бугарската армија во 1912

Овој договор не бил прифатен од Големите Сили поради стравот дека ваква голема словенска држава на Балканот би била слуга на руските интереси. Само неколку месеци подоцна, во јуни 1878 година, во Берлин бил свикан Берлинскиот конгрес на кој било признато правото на Бугарија да постои како "автономно трибутарно кнежество" само во граници меѓу Дунав и Стара Планина и Софискиот санџак. Во Трновскиот Устав не било запишано дека земјата е под вазалната зависност од Отоманската Империја, но тоа е факт според актите на меѓународното право. Северна Тракија добила автономија под името Источна Румелија, со бугарска влада. Македонија била вратена под османлиска власт. Во 1885 година Источна Румелија била приклучена кон Бугарија, а истата судбина ја дочекала и Пиринска Македонија во 1913 година. Исклучувањето на големи количества на етнички Бугари од новата држава станува причина за подоцнежната милитаризация на бугарското општество и одбележувањето на Бугарија како "балканска Прусија".

На 22 септември 1908 година по анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро-Унгарија и со подршката на Русија, Бугарија ја добила својата независност - Фердинанд прочитал тржествен манифест во старата престолнина Велико Трново. Променет бил и Трновскиот Устав, со којшто титулата на Фердинанд била променета од "кнез" на "цар" и соодветно официјалното именување на државата - од "Кнежество Бугарија" на "Царство Бугарија". Балканските војни резултираa со тешки економски загуби за земjата. Бугарија стана сојузник на Германија во текот на Првата светска војна и мобилизира една четвртина од населението во 1.200.000-те припадници на армијата.[7][8] Загубата на војната резултира со "национална катастрофа" - тешки жртви, економски колапс и политичка нестабилност.

Екстремно десничарскиот политичар Александар Цанков ја презеде власта во 1923 година и започна "белиот терор" против левичарите и аграрците. Во 1926 година тој беше заменет од страна на поумерениот Андреј Љапчев, но претстојната Голема депресија уште еднаш ја дестабилизира бугарската политика. Во 1935 година цар Борис III воспостави лична диктатура да се избегне дополнителна дестабилизација, како на воениот преврат од 1934 година. Бугарија започна гравитира кон нацистичка Германија. Во 1941 година се приклучи на Втората светска војна како членка на Оската, но не и објави војна на СССР и спаси своето еврејско население од депортацијата кон германски концентрациони логори. На 9 септември 1944 бугарските комунистички партизани со помош од Црвената армија jа свалили монархијата и Бугарија се приклучи на сојузничката страна до крајот на војната. После доаѓањето на власт на Отчествениот Фронтсе организирал референдум за промена на формата на државното управување, на којшто бугарскиот народ гласал со 92,7% за републиканска форма на управување. На 15 септември 1946, Бугарија била прогласена за Народна република на чело со Георги Димитров. Во 1947 Големото народно собрание го примило новиот Устав на Народна Република Бугарија.

Бугарија станува дел од ЕУ во 2007

Економијата почнува да се гради во режим на планирано стопанство. До крајот на 1950-тите години стандардод на живот значително се подобрува, но во исто време се бара строга цензура и контактите со земји надвор од социјалистичкиот камп се ограничуваат значително. При Тодор Живков НР Бугарија ги изградила наjголемите индустриски капацитети на Балканите - металургички комплекс "Кремиковци", индустриски комплекс "Црвена могила", нуклеарна централа "Козлодуj" и компјутерната фабрика во Правец. Во 1979 година во вселената слета првиот Бугарин - Георги Иванов, а под раководството на Људмила Живкова во 1981 година Бугарија слави 1300 години од своето основање. До овој момент планската економија веќе е во застој, а реформите на Живков од 1980-тие не постигнуваат саканиот резултат. Набргу по падот на Берлинскиот ѕид доаѓа и крајот на комунистичкото владеење. Бугарија презема на патот на парламентарната демократија и пазарната економија, но дури по 2000 година просечните показатели на развој остануваат пониски од социјалистичката ера. По 2004 година започнува брзо подобрување на ситуацијата, а членството во Европската унија се одвива во 2007 година. Истата година Бугарија потпишува и ратификува Лисабонскиот договор. И покрај силниот економски подем во последниве години, земјата продолжува да има сериозни проблеми со правниот систем, корупцијата, квалитетот на јавните услуги и демографскиот пад.

Природа

Поглед на планината Рила

Вкупната површина на земјата изнесува 110 994 km², и според тоа се наоѓа на 105 место по големина во светот. Таа граничи со Црно Море на исток, Република Грција и Република Турција на југ 240, Република Србија и Република Македонија на запад, и со Романија на север. Климата во Бугарија е умерена континентална со топли лета и ладни зими. Подрачјата кои се наоѓаат на голема надморска височина имаат кратки ладни лета и долги жешки зими. Врнежите се движат од 500 милиметри во североисточна Бугарија до 2600 милиметри во планините на југозапад.

Бугарија има неколку посебни топографски карактеристики: Стара Планина, Дунавската рамнина, Тракиската низина и Родопа планина. Стара Планина дели земјата на два приближно еднакви региони: северниот е зафатен од Дунавската рамнина, каде што се наоѓаат најмногу плодните земји; јужниот е претежно планински, со исклучок на тракиската низини и басейнът на реката Марица. Висинските екстреми на Бугарија се врв Мусала (2925 m) и Црно Море (0 m).

Околу 35 проценти од територијата на Бугарија е покриена со шума, а околу 30 проценти се погодни за земјоделство. Биодиверзитетот е заштитено во три национални паркови, 11 природни паркови и 17 резервати. Во нив растат некои од најстарите дрвја во светот, како Байкушевата Мура. Флората опфаќа над 3800 видови, од кои 150 се загрозени и 170 се ендемити. Фауната е претставена од кафеава мечка, чекал, евроазиски рис, царски орел, египетски лешинар, црноморски делфин и други.

Бугарија е потписник и ратификувала Протоколот од Кјото, и постигна неговата цел, намалувајќи своите емисии на јаглерод диоксид со 30 проценти од 1990 година. Тешката индустријализација и постоењето на многу термоцентрали се причина за силно загадување на воздухот и почвата. Во последните години неколку програми ја подобруваат состојбата на животната средина.

Население

Според најновиот попис од 2011, вкупното население во Бугарија е 7 351 234 , а во 2001 имала 7 928 901 жители. Густината на населеноста е 71,9 жители на квадратен километар. Природниот прираст има индекс 4,3. Средниот животен век на луѓето во Република Бугарија е следниот: за мажи - 69 години; за жени - 76 години.

Според официјалните државни извори најбројни се Бугарите со 83.9% од вкупното население. По нив по бројност следуваат Турците со 9.4%, па Ромите со 4.7% и друго население, претставено со 2% (вклучувајќи Руси, Ерменци и други народи). Иако во најголем дел асимиларини во бугарската нација, во Бугарија се зачувани остатоци и од Грци, Каракачани, Гагаузи, Власи и други етнички заедници.

Најбројна религија е православното христијанство, што може да се види од следнава листа: христијани - 87 % (од нив православни - 98,8 %, католици - 0,6%, унијати - 0,1%, протестанти - 0,3%, ерменогрегоријанци 0,2%; муслимани - 12,7% (од нив сунити - 92,9%, алевити - 7,1%, други - 0,3%).

Македонците во Бугарија

Според официјалната државна статистика на Република Бугарија, околу 1.654 лица се изјасниле за Македонци.[9]

Стопанство

Податотека:BulgariaBLVDBelissimo.JPG
Офис-зграда во Софијa
Ветарна централа "Калиакра"

Економска историја

Со пропаѓањето на комунистичкиот режим, заедно со него се растури и целиот економски систем на земјата.[10] Дел од обработливите површини се запуштени и сега земјоделството во стопанскиот живот на земјата учествува со околу 10%.

Во почетокот на 90-те години, услужните дејности имаа удел од 25% , исто колку и земјоделството, а индустрија учествува во вкупното стопанство учествуваше со 60%. Сега услужните дејности зафаќаат околу 60% од вкупната економија, 10% е земјоделство, и околу 30% е индустријата. [11] Индустрискиот раст е 7% (2005).[12] При приватизацијата и преструктуирањето на претпријатија од страна на новите сопственици имаше големи отпуштања на работници. Како резултат на тоа се зголеми невработеноста, која во одредени периоди достигнува и до 19%.

Метростаница Мусагеница на Софискиот метрополитен.

Актуелна економија

Економскиот пораст за 2007 година е 6,2%.[13] Бруто-домашниот производ (номинал) за 2007 има раст од 6% и изнесува 28,9 билиони евро[14], кое дава по глава на жител 3753,5 евро.[15] Во последните години има реално намалување на невработеноста во Бугарија, што се должи на отворањето на нови работни места и во почетокот на 2008 изнесува 5,8%.[16] Странските инвестиции за 2007 се 5,5 билиони евра, со кое Бугарија е на седмо место во светот во однос на инвестиции кон бруто внатрешен производ.[17] Растот на реалните доходи за истиот период е околу 4% годишно. Според Евростат, минимална плата во Бугарија е 123 евра што е најслаба во ЕУ.[18]

Трговска размена

До 1989 година Бугарија најмногу тргувала со поранешниот Советски сојуз (80%) и другите членки на Источниот блок, а многу малку со Европската унија (2%). Сега 50% од трговијата се одвива со Европската унија, 2.5% со САД, а останатиот дел со другите земји, меѓу кои е и Македонија.

Сообраќај

Поради својата географска положба, Бугарија е крстопат од речни (по Дунав), морски (Црно Море) и копнени патишта, со што има големи можности во развојот на меѓународниот товарен и патнички сообраќај, како и во другите услужни дејности. Низ Бугарија поминуваат некои од најзначајните сувоземни коридори на Балканскиот Полуостров.

Туризам

Најголемите позитивни движења Бугарија ги бележи во развојот на туристичкото стопанство кое станува една од најзначајните стопански гранки и двигател на целокупниот стопански развој на земјата. Бугарија има можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени се морскиот (летен) и зимскиот туризам. Во последниве години силен подем бележат и културниот, селскиот и други алтерантивни форми на туризам.

Општа информација

-Земјоделство 4.6%
-Индустрија 28.7%
-Услуги 66.7%
Автопатот „Тракиjа“
  • Буџет (2008) фискална година = календарска година
Приходи - 20.43 милијарди $
Расходи - 18.93 милијарди $

Инфраструктура

Армија

Бугарски МиГ-29

Бугарската армија е името, со кое се означуваат вооружените сили на Кнежество Бугарија (1879-1908), Царство Бугарија (1908-1947), Народна република Бугарија (1946-1990) и денешната Република Бугарија (1990-). Воената индустриja произведува модерно оружје като автоматски пушки (АК-74, АР-М1), анти-тенкови ракетски комплекси ("Фагот", "Конкурс"), пешадиски оклопни возила (БМП-23), оклопни транспортери и артилерија.

  • Активна војска : 39,000 (2009)
  • Воени трошоци : $1,339 милиарди (2008)
  • Тенкови : 160 Т-72М1[19] (1474 вкупно[20])
  • Воени авиони : 73
  • Артилерија : 439
  • Фригати : 4
  • Други воени бродови : 8
  • ЗРС : 208 (SA-2, SA-3, SA-5, SA-6, SA-9, SA-10, SA-13)
  • Балистички ракети : 36

Култура

Музика

Сликарство

Флорентинец, Константин Величков

Литература

Користена литература

Извори

  1. Giatzidis, Emil (2002). An Introduction to post-Communist Bulgaria: Political, economic and social transformation. Manchester University Press. стр. 11. ISBN 071906094X. Посетено на 20 December 2011. Thus, with its early emphasis on Christian Orthodox scholarship, Bulgaria became the first major centre of Slavic culture
  2. Riha, Thomas (1964). Readings in Russian Civilization. University of Chicago press. стр. 214. ISBN 0226718530. Посетено на 20 December 2011. And it was mainly from Bulgaria that a rich supply of literary monuments was transfered to Kiev and other centres.
  3. Гражданска Регистрация и Административно Обслужване - 03.08.2007
  4. R. J. Crampton - „A short history of modern Bulgaria“, Cambridge University Press, 1987, ISBN 978-0-521-27323-7, стр. 6
  5. [1] ...Bulgaria, the cultural center of the medieval Slavs...
  6. „The Final Move to Independence“. Посетено на 24 December 2011.
  7. Tucker, Spencer C; Roberts, Priscilla Mary (2005). Encyclopedia of World War I. ABC-Clio. стр. 273. ISBN 1851094202. OCLC 61247250.
  8. Broadberry, Stephen; Klein, Alexander (8 February 2008). „AGGREGATE AND PER CAPITA GDP IN EUROPE, 1870-2000: CONTINENTAL, REGIONAL AND NATIONAL DATA WITH CHANGING BOUNDARIES“ (PDF). Department of Economics at the University of Warwick, Coventry. Посетено на 20 December 2011.
  9. Преброяване 2011 – окончателни резултати, гл. ІІІ. Основни резултати, стр. 23.
  10. НСИ
  11. НСИ
  12. Facts about Bulgaria
  13. "Ръстът на БВП опроверга страховете", News.dir.bg, 17 март 2008 (бугарски).
  14. "Ръстът на БВП през 2007 година е 6.2 на сто спрямо 2006 година", BgNewsroom - 17 март 2008 (бугарски)
  15. "Ръстът на БВП през 2007 година е 6.2 на сто спрямо 2006 година", BgNewsroom - 17 март 2008 (бугарски)
  16. А1, "Најмногу невработени во Словачка, најмалку во Холандија", 20. 02. 2008
  17. Весник "Дневник", "България заема лидерско място по инвестиции", 16 октомври 2007 (бугарски).
  18. Минималните плати во ЕУ различни за секоја земја
  19. http://www.soldiering.ru/country/guide2003/army-02.php
  20. http://www.soldiering.ru/country/guide2003/army-02.php

Поврзано

Надворешни врски

Галерија

Предлошка:Link FA