Џон Филд: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Zorrobot (разговор | придонеси)
с r2.5.2) (Бот Додава: nn:John Field
Ред 86: Ред 86:
[[ja:ジョン・フィールド]]
[[ja:ジョン・フィールド]]
[[no:John Field]]
[[no:John Field]]
[[nn:John Field]]
[[pl:John Field]]
[[pl:John Field]]
[[pt:John Field]]
[[pt:John Field]]

Преработка од 11:49, 19 ноември 2011

Џон Филд
John Field
Животописни податоци
Родено имеЏон Филд
Роден(а)26 јули 1782
Грб на Кралството Ирска
Грб на Кралството Ирска
Даблин, Ирска
Починал(а)23 јануари 1837
Знаме на Русија
Знаме на Русија
Москва, Русија
ЖанровиКласицизам, Романтизам
ЗанимањаКомпозитор
Пијанист
Партитура за Копнежен валцер, Оп. 51

Џон Филд (англ. John Field) (26 јули, 178223 јануари, 1837) е ирски композитор и пијанист. Најпознат е по тоа што бил првиот кој компонирал ноктурна.

Биографија

Џон Филд е роден во Даблин во 1782, како настар син на семејство ирски протестанти. Татко му, Роберт Филд, живеел од свирење по даблинските театри. Филд најпрвин учел пијано кај дедо му (исто по име Џон Филд), кој бил професионален органист, а подоцна кај Томасо Џордани. На деветгодишна возраст, на 24 март 1792 во Даблин, дебитирал со изведба која била добро воспримена[1]. Неговото семејство се преселило во Бат во 1793, а подоцна истата година отишол во Лондон. Татко му веќе му обезбедил чирачко место кај композиторот и изработувач на пијана Муцио Клементи. За изведбите на Филд пофално се изразил и Јозеф Хајдн. Веќе на седумнаесет годишна возраст Филд дава премиера на неговиот прв Пијано концерт (компонирал вкупно седум); ова бил еден од последните чинови на неговорто чиракување. По неколку години слава како изведувач, Филд почнува да компонира, започнувајчи ја неговата прва збирка пијано сонати посветена на Клементи (издадена 1801).

Во 1801 Филд го придружува Клементи на турнеја во Париз и Виена (каде накратко учел кај Јохан Георг Албрехтсбергер). Кога Клементи се преселил во Русија, Филд се преселил заедно со него, продолжувајќи ја својата работа како демонстратор на Клементиевите пијана. Во Русија Филд започнува своја концертна кариера, и од 1806 живеел наизменично во Москва и Санкт Петербург, каде се преселил по неговата женидба во 1810. Часовите кои ги давал му носеле добри финансиски средства, па тој се дал на екстравагантен животен стил, како бон виван, и татко на вонбрачно дете.

До 1831 неговото здравје се влошува, страдајќи од болен рак на ректумот. Со цел да се излечи, Филд се враќа во Лондон. По третманот Филд се враќа во Русија преку Франција (каде, откога за прв пат го чул Франц Лист со своите напади на клавијатурата, го запрашал соседот „Гризе ли овој?“) и Италија, поминувајќи девет месеци во болница во Неапол. Со помош на едно руско аристократско семејство, тој се враќа во Москва во 1835, и по пат дава три концерти во Виена, како гостин на Карл Черни. Во Москва ги компонира неговите последни ноктурна во преостанатите шеснаесет месеци живот. Умира во Москва по две години.

Музика

Филд е најпознат по неговите осумнаесет ноктурна, кои се импромпта за пијано со по еден став. Секоја композиција држи една иста расположение низ неа. Првите три датираат од 1812. Овие дела се особено важни како инспирација на Фредерик Шопен, кој по тој пример самиот искомпонирал 21 ноктурно.

Избрани композиции

Филд искомпонирал седум пијано концерти.

  • Пијано концерт Бр. 1 во Ес-дур, H. 27 (1799)
  • Пијано концерт Бр. 2 во Ас-дур, H. 31 (1811)
  • Пијано концерт Бр. 3 во Ес-дур, H. 32 (1811)
  • Пијано концерт Бр. 4 во Ес-дур, H. 28 (1814, преработен 1819)
  • Пијано концерт Бр. 5 во Ц, H. 39 (1817), Пожарот крај бурата
  • Пијано концерт Бр. 6 во Ц, H. 49 (1819, преработен 1820)
  • Пијано концерт Бр. 7 во Ц-мол, H. 58 (1822, преработен 1822-32)

Меѓу композициите за соло пијано, Филд искомпонирал 18 ноктурна, четири пијано сонати (првите три издадени заедно како Оп. 1), како и фантазии, етиди, ронда и збирки варијации.

Медија

Наводи

  • Keith Anderson, белешки за снимката Field: Piano Music, Vol. 1, Бенџамин Фрит (пијано), Naxos 8.550761
  • Попис на нумери за ЦД-то Field: Piano Music, Volume 2, Бенџамин Фирт (пијано), Naxos 8.550762

Фусноти

  1. Between perfect technique and soulful playing: John Field's piano concertos, од Регула Рап, во книшка, едиција на Јенс Шинемејер, во продукција на Teldec и DeutschlandRadio, Келн, 1998

Надворешни врски