Ламаркизам: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Додава: gl:Transformismo (bioloxía)
с r2.7.1) (Бот Додава: tr:Lamarkizm
Ред 41: Ред 41:
[[fi:Lamarckismi]]
[[fi:Lamarckismi]]
[[sv:Lamarckism]]
[[sv:Lamarckism]]
[[tr:Lamarkizm]]
[[uk:Ламаркізм]]
[[uk:Ламаркізм]]
[[zh:拉馬克主義]]
[[zh:拉馬克主義]]

Преработка од 10:30, 14 ноември 2011

Ламаркизамеволуциска концепција основана на теоријата од почетокот на XIX век на Жан Батист Ламарк во трактатот ,,Философија на зоологијата‘‘.

Погледите на Ламарк се многу тешки за разбирање бидејќи се основаат на неколку концепции од XVIII век кои се совршено неинтерпретативни во рамките на современата наука (како прва концепција - создавање на материјата од страна на Бог, што претставувало пасивен почеток, и природата како поредок и енергијата потребна за нејзиното постоење; концепцијата на пет елементи од кои најзначајна улога игра етерот во форма на ,,тенки флуиди‘‘ кои циркулираат во органските тела; одрекувањето на постоење на нервниот систем и полово размножување кај ,,нижите животни‘‘ итн.). Во врска со ова, современиот ,,ламаркизам‘‘ ги спомнува овие концепции само во општи црти. Во поширока смисла, како ламарксистички се однесуваат различни еволуциони теории (главно создадени во XIX и првата третина од XX век), во кои како главна движечка сила на еволуцијата (менувањето на видовите) го сметаат внатрешниот стремеж на организмите кон совршенство. По правило, најголемо значење во ваквите теории му се придава и на влијанието на ,,увежбаноста (разработеноста)‘‘ и ,,неувежбаноста (млитавоста)‘‘ на органите на нивната еволуциска судбина, бидејќи се смета дека увежбаноста или неувежбаноста можат да се предадат на потомството.

Тезата на ламаркизмот за наследувањето на стекнатите измени (варијации) предизвикала најмногу спорови кои продолжуваат и денес. Во втората половина на XX век, ламаркизмот бил компромитиран во руското професионално општество благодарение на тоа што Трофим Денисович Лисенко, чии методи биле во спротивност со претставите на повеќето биолози, го поддржувал гледиштето блиско на ламаркизмот (т. н. ,,советски творечки дарвинизам‘‘). Како и да е, и во денешно време некои научници продолжуваат да настапуваат со ламарксистички концепции. Како најзначајни обиди вредни да се спомнат се оние на австралискиот имунолог Д. Стил, кој верува дека трансплантацијата на ткива подобро се објаснува со ламарксистичките позиции.

Поврзани содржини

Надворешни врски