Меѓународно биро за тегови и мерки: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox organization |name = Меѓународно биро за тегови и мерки<br /><small>''Bureau international des poids et ...
(нема разлика)

Преработка од 01:06, 11 ноември 2011

Меѓународно биро за тегови и мерки
Bureau international des poids et mesures
Мреж. местоbipm.org
Зградата на бирото

Меѓународното биро за тегови и мерки или МБТМ (фр. Bureau international des poids et mesures, BIPM) е мешународна организација за стандардизација, еден од трите органи што раководат со Меѓународниот систем на мерни единици (SI) согласно условите на Метарската конвенција (Convention du Mètre).

Историја

МБТМ е основано на 20 мај 1875 по потпишувањето на Метарската конвенција, која е договор со 51 земји-потписнички[1].[2] Сместено е во Бретејскиот павилјон во париското предградие Севр, каде ужива екстратериторијален статус.[3][4][5]

Функција

Според договореното во Метарската конвенција, МБТМ има задача да ја запази еднообразноста и доследнсота на SI-единиците ширум светот. Ова го прави со помош на разни советодавни комисии, чии членки се националните метролошки бироа и лаборатории на земјите-постписнички, како и со сопствената лабораториска работа

МБТМ врши мерни испитувања и истражувања. Организира и учествува во меѓународни споредби на националните мерни стандарди и врши баждарење на еталоните на нејзините членки.

Организацијата игра важна улога во одржувањето на точното време во светот. Ги комбинира, анализира и вопросечува официјалните атомски часовни стандарди на членките ширум светот, со цел да се утврди единствено координирано универзално време (UTC).


Поврзано

Наводи

Надворешни врски