Википедија:Критериуми за избрана статија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
MerlIwBot (разговор | придонеси)
Ред 41: Ред 41:
[[Категорија:Википедија:ВикиПроект Рецензија]]
[[Категорија:Википедија:ВикиПроект Рецензија]]
[[ar:ويكيبيديا:معايير المقالة المختارة]]
[[ar:ويكيبيديا:معايير المقالة المختارة]]
[[bn:উইকিপেডিয়া:নির্বাচিত নিবন্ধের গুণাবলী]]
[[bg:Уикипедия:Избрани статии/Критерии]]
[[bg:Уикипедия:Избрани статии/Критерии]]
[[ca:Viquipèdia:Què és un article de qualitat]]
[[ca:Viquipèdia:Què és un article de qualitat]]

Преработка од 03:47, 9 ноември 2011

Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:КЗИС

Избрана статија претставува пример за нашата најдобра работа. Избраните статии содржат професионални стандарди на пишување и презентација. Покрај тоа што статијата треба да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, таа треба да ги има следниве атрибути:

  1. Да е—
    • (а) одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна, и е од професионален стандард;
    • (б) детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
    • (в) веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придрижени со специфични докази и надворешни цитати; ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во која се наведени изворите, придружено со фусноти на соодветните места. Видете: Википедија:Цитирање извори;
    • (г) неутрална: презентира објективност и неполаризираност; и
    • (д) стаблина: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден.
  2. Има правилен стил на пишување, кој ја вклучува употребата на:
    • (а) вовед - концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
    • (б) соодветна структура— систем на хиерархиски поднаслови и добра, но не преголема листа на содржина; и
    • (в) постојани цитати— онаму каде што има потреба во согласност со Критериум 1в, континуирано форматирани референци во форма на фусноти.[1] (дадената фуснота е пример)
  3. Слики. Има слики и други медиуми таму каде што е соодветно, со добар коменар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права. Неслободните слики мора да бидат правилно лиценцирани и со соодветен извор, а нивната фер употреба јасно означена.
  4. Должина. Останува фокусирана на главната тема без да оди во непотребни детали.


Понатамошно читање

Види исто така

Напатствија од англиски википедијанци

Наводи

  1. Трпковска 2007, стр. 1.

Извори

  • Трпковска, Трпана (2007). Книга на примери. Скопје: Најдобри издавачи