Вртеж во минута: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Менува: simple:Revolutions per minute |
с r2.7.2) (Бот Додава: fa:دور بر دقیقه |
||
Ред 46: | Ред 46: | ||
[[es:Revoluciones por minuto]] |
[[es:Revoluciones por minuto]] |
||
[[eo:Rivolua nombro]] |
[[eo:Rivolua nombro]] |
||
[[fa:دور بر دقیقه]] |
|||
[[fr:Tour par minute]] |
[[fr:Tour par minute]] |
||
[[ko:분당 회전수]] |
[[ko:분당 회전수]] |
Преработка од 14:07, 7 ноември 2011
Вртежи во минута (врт/мин) е единица мерка за фреквенција, често пати користена за мерење на ротациона брзина, а особено во случаи на вртење околу оска. Ова го преставува бројот на целосни вртежи направени од нешто за време од една минута. СИ единицата врт/мин за ротациона брзина е радијан во секунда (rad·s−1).
За добивање на бројот на вртежи во секунда (врт/сек) бројот на вртежи во минута едноставно се дели со 60.
Примери
- Секундната сказалка на часовник - 1 врт/мин
- Грамофонските плочи - 16, 33⅓, 45 или 78 врт/мин.
- Аудио компактен диск - 500 врт/мин кога од него се читаат податоци највнатре, до 180 врт./мин кога читаат податоци крај работ.
- Барабанот кај машина за перење се врти со брзина од 500 до 2000 врт/мин. (кај Горење машината за перење ВА 65205)
- Автомобилски мотор обично се врти со брзина од 700 до 7000 врт/мин (некои можат и до 11,000 врт/мин). Мерниот инструмент во возилото кој ја покажува се нарекува обртомер.
- Клипен авионски мотор - 2000 и 3000 врт/мин.
- Компјутерски тврд диск - 3600, 4200, 5400, или 7200 врт/мин, а некои типови - 10 000 или 15 000 врт/мин.
- Тркачки автомобил - ограничен на близу 20 000 врт/мин во Формула Еден.[1]
- 52× ЦД-РОМ - врти ЦД со 10 350 врт/мин.
- Зипова центрифуга за збогатување ураниум - 90 000 врт/мин и побрзо.[2]
- Гасна турбина - десетици илјади врт/мин. Авионски турбини од типот JetCat достигнуваат 100 000 врт/мин со рекорд од 165 000 врт/мин.[3]
Во физиката:
- 1 врт/мин = 2π rad·min−1 = 2π/60 rad·s−1 = 0.10471976 rad·s−1 претворач
Видете исто така
- Радијан во секунда
- Големински редови (аголна брзина)
- Постојана линеарна брзина, користена за брзина на аудио компакт дискови
- Постојана аголна брзина, користена за брзина на грамфонски плочи
- Вртеж (геометрија)
Надворешни врски
- Претворач (англиски)
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)