Биологија: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с r2.7.2) (Бот Додава: nso:Thutaphedi |
с r2.7.2) (Бот Менува: bo:སྐྱེ་དངོས་རིག་པ། |
||
Ред 89: | Ред 89: | ||
[[bg:Биология]] |
[[bg:Биология]] |
||
[[bar:Biologie]] |
[[bar:Biologie]] |
||
[[bo:སྐྱེ་དངོས་རིག་པ།]] |
|||
[[bo:སྐྱེས་དངོས་རིག་པ།]] |
|||
[[bs:Biologija]] |
[[bs:Biologija]] |
||
[[br:Bevoniezh]] |
[[br:Bevoniezh]] |
Преработка од 17:08, 3 ноември 2011
Биологијата (од грчките зборови bios = живот и logos = наука) e наука за живите суштества и животот воопшто. Во потесна смисла, таа ги изучува карактеристиките и однесувањето на организмите, нивното потекло и меѓусебни односи, како и односи со животната средина (биотопот), нивната морфолошко - анатомска организација како и нивниот биохемиско - физиолошки строеж.
Историски развој на биологијата
Сознанијата за живата [[]] постепено се стекнувале уште многу порано пред настанокот на биологијата како посебна научна област. Во далечното минато, уште првобитните луѓе при собирањето на сопствената храна (разни растителни плодови и животни) почнале да распознаваат разни живи суштества. Подоцна, користејќи ги своипри родате пообемни познавања за живиот свет во природата, човекот почнува да култивира некои растенија и да припитомува животни. Во врска со тоа, познавањето на човекот за живите суштества се проширува, а се стекнуваат сознанија и за условите во кои живеат живите суштества. Пред се, било потребно не само тие корисни растенија и животни да се распознаваат, туку и да се знае начинот на нивното размножување, како и поволните услови во кои тие најбрзо се размножуваат, растат и воопшто живеат. Сето ова укажува на фактот дека биологијата е многу стара наука. Меѓутоа, за воведување на терминот биологија, кое се случило на почетокот од 19 век од францускиот природонаучник Ламарк и германскиот [][],научник како и до развитокот Тревиранусна една единствена биолошка наука, можело да се дојде откако се дознало дека сите живи суштества претставуваат единствена појава и поседуваат низа заеднички белези со што суштински се разликуваат од неживата природа. Денес биологијата е толку многу развиена, што претставува комплекс од субнаучни дисциплини. Биологијата е природна наука која ги изучува живите организми-растенијата,животните,човекот и микроорганизмите.Во состав на биологијата се развиле посебни делови:ботаника,што ги проучува растенијата,зоологија што ги проучува животните и микробиологија,што ги проучува микроорганизмите i бактериите.Ако ја разгледаме градбата на коските ќе дојдеме до сознаие дека секоја коска е изградена од два типа на коскено ткиво.Едниот тип ткиво влегува во градбата на телото на долгите коски и претставува надворешен слој на другите коски.Вториот тип е наречен СУНЃЕРЛИВА КОСКА,во која има повеќе празни простори во споредба со компактната,вистинска коска во кои има косената срцевина.сунѓерливата коска која е сместена на краевите на долгите коски во средината на другите dva vida na srcevini crvena koskena srcevina sto se naogja vo sungjerlivata koska koja e smestena на краевите на долгата.Жолтата коскена срцевина главно составена од масти,сместена во средината на долгата коска која е сместена на краевите на долгите коски и во средината на коската има Јадро.Јадрото е најголемата органела во градбата на клетката.
Поделба на биологијата
Биологијата ја делиме според неколку основни принципи:
- според предметот на проучување и нивото на биолошка организација на организмиите
- според различните животни појави и проблеми што ги проучува кај растенијата и животните
Предмет на биолошките истражувања се растенијата и животните. И покрај општите белези на сите живи суштества, во најголем број случаи растенијата и животните значително се разликуваат меѓусебно. Поради тоа, според предметот на проучувањето биологијата е поделена на микробиологија, ботаника и зоологија, односно микробиологијата ги проучува најмалите организми - микроорганизмите, ботаниката ги проучува растенијата, додека зоологијата - животните. Но, овие субдисциплини на биологијата можат и понатаму да се делат, конкретизирајќи го предметот на проучување. Така, во ботаниката има:
- Алгологија, ги проучува алгите
- Микологија, микро организмите[1]
- Бриологија, мововите
- Дендрологијата, дрвенестите растенија итн.
А во зоологијата се среќаваат:
- Ентомологија, инсекти
- Ихтиологија, риби
- Орнитологија, птици и слично.
Според многубројните животни појави и проблеми, пак, биологијата е поделена на:
- Морфологија, ја проучува формата и градбата на организмите
- Цитологија, наука за клетката
- Хистологија, наука за ткивата
- Анатомија, внатрешната градба на организмите и нивните органи
- Ембриологија, онтогенезата на организмите
- Физиологија, ги проучува животните процеси во организмите
- Систематика, ги опишува живите суштества врз база на сличностите и разликите, а со тоа ги класифицира во природен систем
- Екологија, ги проучува заемните односи меѓу организмите и надворешната средина
- Биохемија, интердисциплинарна наука меѓу биологијата и хемијата, ги проучува биохемиските реакции
- Биофизика, ги изучува физичките манифестации кај организмите, мост меѓу биологијата и физиката
- Биогеографија, ги изучува законите и условите за распространување на живите суштества и биотопите на Земјата
- Генетика, ги проучува општите закономерности во наследувањето и менливоста кај организмите
- Етологија, го проучува групното однесување на организмите итн.
Биолошки методи на проучување
Најважни методи во биолошките научно-истражувачки работи се:
- Набљудување, општ метод за сите природни науки, кое се врши со голо око или со микроскоп
- Мерење е метод со кој се одредуваат квантитативните белези што се испитуваат
- Експериментирањето е осмислена постапка што овозможува да се проучуваат појави под контролирани услови преку обработени техники
- Документацијата е претставена од скици, фотографии, графикони и други материјали што се добиваат преку претходните три методи.